Фан клуб: Рафаел Надал

С

сашенко

Гостин
После АО не уверуваше дека на следниот турнир ќе видиме кој е цар во светот на тенисот, после Дубаи исто, после Индиан Велс такоџе... за време на овој турнир викаше дека се чувствува подобрување во играта и дека ќе освои Надал, и после поразот пак убедуваш... Ај може сега ќе погодиш кога ќе се врати во форма Надал од десети пат, ипак на земја игра најдобро, но и таму ништо не се знае... Ноле е полн самодоверба, Дел Потро се враќа од повредата, Содерлинг е и те како опасен на земја, Федерер се уште не го дал последниот збор, да не ги заборавиме и Мареј, Вердаско, Родик, Ферер и остали тенисери од втор план...

Иначе, поздрав до Христов, нешто изјавуваше дека сега немало Ноле каде да бега? Или и ти како другарот погоре ќе погодуваш од десетти пат кога Надал ќе победи на некој турнир? :) Ако на фб бришеш коментари, тука неможеш :icon_lol:
Значи колку може во облаци да ги дигне луѓето една ваква ебана серија не е можно човече.Комплекси од надал собирани којзнае колку време и сега начекаа па удрииии сега можеш друг пат којзнае.Имате право, така и треба.Ноле игра најдобар тенис до сега.Ама и покрај тоа што не игра рафа којзнае како поени го делеа од меч топка така да и најдоброто од ноле е сепак не многу повеќе од просекот на надал со лош сервис.Не сакам да коментирам повеќе, имате право што и да кажете зашто стварно е така.Предвидувавме и утнаме, се надевавме и не излезе така.Ама сезоната е долга и не се дигајте во облаци ова не е ништо посебно и далееку е ноле од број 1 во светот кај што многу го ставија моментално.ИМа фурни леб да јаде.А за формата секоја чест, ама земја е нешто друго.САмо на тврда подлога успеал да го тепа рафа, на друго место нема шанси.Секогаш Надал го потценуваме пред почеток на турнирите не земја и после ќутите или пак ке речете само овде може...епа надал секаде го има тепано џокович а он може да сања за тоа против надал.Или допрва ке го направи тоа...КЕ видиме..позз

--- надополнето ---

Абе аман шо збораш ? Два пати дека го победи во две финалиња, кои се далеку од титулите кои ги има освоено Надал, и сега то е то !? Кога Ноле ќе го победи Надал, во финале на Роланд или Вимболдон, е тогаш ќе зборваме за него..

Нема смисла... Ве молам

Честитки и од мене до Ноле, но многу почнавте да го фаворизирате... Зарем не го виде Надал дека беше капнат уморен ? Кога си го видел ти да се одмара после поение !? Сеуште не е 100% спремен, и затоа ги игра овие турнири.. А и поените од лани, веќе ги одбрани тука, така да, ништо страшно... Разликата е 4000 АТП поени, и тешко дека некој во догледно време ќе го стигни...

Иначе, веќе на 14ти заминвам на апсолвентска, па се годи на 17-18 да сум во Монте Карло... Иначе влезница за еден меч таму е од 15-300 евра... Кој знае ? Можеби Рафа во живо... !

Само прашање, дали го има пријавено Рафа тој турнир годинава ? Не можам да проверам, оти не ми ја отвара неговата официјална страна..

Поздрав
За 2та турнира зборев уствари јас, не си ме разбрал.За формата на овие 2 мастерса.Игра и сервира против сите добро само против ноле сервисот слабо му иде и прави многу грешки самиот тој...иначе за overall нема врска муабетов..бољи сме таму
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Прв фактор за играта, на Надал и за тоа како ја темпира формата, знаеме што е... Повредите... Не сака никако да се префорсира, а она што се брои се Грен Слем титулите.. За таму да не збораме ич повеќе.. Но, денес Надал, дури и во третиот сет не беше на ниво... Ноле да беше малку похрабар можеше да го реши одма мечот... Едноставно, топчињата одеа на 10 см над мрежата, што е лошо за Надал, особено ако ја игра неговата игра од основна линија.. Немаше многу винери, немаше многу негови класични дијагонали, немаше многу пасиншутеви... Можеби, добра координација на мрежа, и малце добар сервис на моменти, но тоа беше тоа.. Знам, барем јас дека овој не е тој Надал, а дека тој Надал, ќе го видиме бргу...

И нека не се загрижуваат „фановиве“ на Ноле... Тие се само фанови на Роџер, кои заради формата на Роџ мораше да станат жртвени јагниња, и да се префрлат кај некој кој ќе победува... Нормално, чест на исклучоци..
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Значи колку може во облаци да ги дигне луѓето една ваква ебана серија не е можно човече.Комплекси од надал собирани којзнае колку време и сега начекаа па удрииии сега можеш друг пат којзнае.Имате право, така и треба.Ноле игра најдобар тенис до сега.Ама и покрај тоа што не игра рафа којзнае како поени го делеа од меч топка така да и најдоброто од ноле е сепак не многу повеќе од просекот на надал со лош сервис.Не сакам да коментирам повеќе, имате право што и да кажете зашто стварно е така.Предвидувавме и утнаме, се надевавме и не излезе така.Ама сезоната е долга и не се дигајте во облаци ова не е ништо посебно и далееку е ноле од број 1 во светот кај што многу го ставија моментално.ИМа фурни леб да јаде.А за формата секоја чест, ама земја е нешто друго.САмо на тврда подлога успеал да го тепа рафа, на друго место нема шанси.Секогаш Надал го потценуваме пред почеток на турнирите не земја и после ќутите или пак ке речете само овде може...епа надал секаде го има тепано џокович а он може да сања за тоа против надал.Или допрва ке го направи тоа...КЕ видиме..позз

Знаев дека некој ќе се избаци со коментар ама не очекував од тебе... али океј, кога веќе си ме цитирал, да надополнам и јас нешто...
Искрено Надал ми е најомразен тенисер (секој навивач си има свој најомразен спортист во случајот тенисер), но дека имам некакви си комплекси од него, далеку било... знам што има направено и освоено Надал во тенисот, бидејќи тенис пратам многу одамна... го цитирав Златко, бидејќи со vamos real беа најактивни во пишувањето и прогнозите, ама се гледа дека немаат еден пост напишано како што и доликува на оваа тема... јавен апел до таквите, дека ако напишеш вамос рафа со 50 фонт и болдирано не значи дека си најголем фан... треба и тоа некогаш, ама треба некогаш и да напишете пост кој има убава содржина со подолг текст...

И, немора одма да мешате титули, ме потсетувате на навивачите на Реал Мадрид... значи кога збориме, дајте тоа да биде сегашноста, сите знаеме дека Роже е најдобриот на сите времиња, но во меѓусебни дуели е послаб од Надал, и ги загуби последните три меча со Ноле... дали Ноле е во животна форма или ќе продолжи вака уште многу време, и дали ова е моментална криза на Надал ако може така да се нарече и дали ќе се врати појак од било кога ќе видиме, времето ќе покаже... поздрав
 
Јас се согласувам со се што ке кажете во врска со ноле брат.Дефинитивно сте во право и за се што ке речете во врска со нашите коментари пред турниров за рафа..Тоа е точно ама некои го преувеличија ова.Некои направија дека Надал бил публика денес на мечов и дека бил прегазен од Џокович како полжав од шлепер.Може не денес ама вкупно на овие 2 меча што ги доби Ноле некои го направија супермен и се изгуби таа реална слика од мечевите..кој гледал знае.И не беше за тебе тој текст горе, само цитирав колку некој да ме прочита од вас зашто долги постови никој не чута..Подолги од три реда, барем така ми се причини мене до сега...
 
Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Јас се читам, и ми е мило кога видам квалитетен пост, макар и да го читам пет минути... и секогаш сум реален за тие што се реални, а тие што сакаат да омаловажуваат или што не изгледале три цели мечеви тенис, а се први во пишување, е тогаш и јас враќам, макар тоа изгледало и идиотски... така да било што било, Ноле освои, подобар е моментално, но тоа немора да значи дека и во иднина ќе тече мед и млеко... тенисот е индивидуален спорт и никој од играчите не зависат од други, затоа е и интересен за гледање :)
 
Член од
5 јуни 2010
Мислења
114
Поени од реакции
13
Лесна победа за Надал со 6-2;6-2 во следното коло игра со Ричард Гаске кој во меѓусебните дуели Рафа води со 7-0
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Има време до крај на турниров ама како и да е негов е.:pipi:
 
Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Каков одличен старт , добро тргна првиот меч на земја , следен е Гаске , кој нема што да бара со Рафа !
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.353
Поени од реакции
2.248
Овој турнир не смее да го пропушти, мора да се освои не смее Новак пак да застане пред патот на Надал (ако игре де).
Се надевам на денешна победа лесна со 2-0.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom