Фан клуб: Рафаел Надал

Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Загарантиран тајбрејк има, сега би било најдобро да ризикува малце:toe:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ништо повторно пораз,овој пат среќата одлучи.Сепак играта уште му е слаба т.е не е како што може он да игра.
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
После подолго време гледам тенис, добро финале само штета што Рафа изгуби а малку фалеше да се врати во тајбрејкот.
Сега почува сезоната на земјена подлога,онаа каде Рафа е најдобар, или има уште некој турнир на тврда подлога?
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Ништо повторно пораз,овој пат среќата одлучи.Сепак играта уште му е слаба т.е не е како што може он да игра.
Не е до среќа , ич не ризикува во поените, поштено го тепаше по втор пат годинава.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Не е до среќа , ич не ризикува во поените, поштено го тепаше по втор пат годинава.
Точно така. Кога требаше да запне него го немаше, зошто??? Нема самодоверба. Да играше на 2-1 како што ги направи двата минибрејка може ќе беше подобро, ама пошто он реши на 2-1 да игра лагано да го замори Ноле или па на негови грешки да земе поени, ептен згреши.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Пак ќе кажам дека ова е дел од спортот нијанса среќа решава.Но како и да е,иако гледавме супер тенис ова не е ни 70% он она што го знаат и умеат поготово од страна на Рафа.
Формата му оди во нагорна линија и се надевам баш на она правото на она вистинското на Гранд Слемите,неговата форма ќе кулминира.
Се гледаме нареден турнир.
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Точно така. Кога требаше да запне него го немаше, зошто??? Нема самодоверба. Да играше на 2-1 како што ги направи двата минибрејка може ќе беше подобро, ама пошто он реши на 2-1 да игра лагано да го замори Ноле или па на негови грешки да земе поени, ептен згреши.
Го крева топчено што е можно повисоко, незнам со која логика тој стил на игра го практикува ,тоа на земја успева , вака само си го развлекува поенот , а Ноле па едвај чека така ќе му ја врати па кој згреши згреши, како жени играат , имаше јаки поени али нисшто посебно , многу пимплачки играат и двајцата .
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.989
Поени од реакции
16.426
После подолго време гледам тенис, добро финале само штета што Рафа изгуби а малку фалеше да се врати во тајбрејкот.
Сега почува сезоната на земјена подлога,онаа каде Рафа е најдобар, или има уште некој турнир на тврда подлога?
Maстерсот во Монте Карло почнува на 10ти Април-земјена подлога.
И да, беше најдобар лани, а за оваа година ќе видиме :))
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Чуден е Надал , не е тој живиот, борбениот, некако без душа.
Тоа и јас го зборам. Го нема тој вулкан од емоции додека игра, не знам дали поминува низ некаква психолошка криза, ама јас овој Надал не го препознавам. Факт е дека Ѓоковиќ е можда во најдобрата форма до сега, ама Надал не е тој Надал во последниов период, да не речам од Дубаи навака... Се надевам дека е само моментална криза....
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Тешко е да се вратиш од повреда и да мислиш дека си појак од тенисер кој игра во животна форма и никогаш повеќе нема да може да игра така.Но ова те увреувам дека ќе трае до земјената подлога и таму ќе сфати дека кој е цар во светот на тенисот.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
^ Тешко е да се вратиш од повреда и да мислиш дека си појак од тенисер кој игра во животна форма и никогаш повеќе нема да може да игра така.Но ова те увреувам дека ќе трае до земјената подлога и таму ќе сфати дека кој е цар во светот на тенисот.
Искрено се надевам, кризава е повеќе психолошка отколку физичка и затоа е потешка. Физички е на солидно ниво, ама има психолошка криза, според мене.
 
С

сашенко

Гостин
Значи надал игра феноменално против сите освен против Џокович.Исто и Џокович игра против сите без грешки скоро а против надал греши многу.Значи денес на почетокот имав чуство дека со страв играат и двајцата и тоа како да ги згрчи и не можеа на стартот да играат добар тенис.Касно се опуштија и двајцата.Има некој страв, и големи очекувања од противникот и незнаат како ке изигра другиот, психички стегнати цело време беа, на надал му се познаваше дека игра под притисок цело време исто и ноле.Се гледа дека кога играат помеѓу себе не личат на самите себе си и не ја играат својата игра.Се надевам тоа ке се смени бргу.Нема криза надал туку едноставно грешката од минатиот турнир што дозволи така да изгуби беше страв денеска за него и под притисок и тоа на памет играше а ноле пак обратно, да не запне надал сега зашто го знае каков и е така многу несигурно играа и грешки правеа.Надал на земја се чуствува по комфорно и нема да прави вакви работи.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
^ Тешко е да се вратиш од повреда и да мислиш дека си појак од тенисер кој игра во животна форма и никогаш повеќе нема да може да игра така.Но ова те увреувам дека ќе трае до земјената подлога и таму ќе сфати дека кој е цар во светот на тенисот.
После АО не уверуваше дека на следниот турнир ќе видиме кој е цар во светот на тенисот, после Дубаи исто, после Индиан Велс такоџе... за време на овој турнир викаше дека се чувствува подобрување во играта и дека ќе освои Надал, и после поразот пак убедуваш... Ај може сега ќе погодиш кога ќе се врати во форма Надал од десети пат, ипак на земја игра најдобро, но и таму ништо не се знае... Ноле е полн самодоверба, Дел Потро се враќа од повредата, Содерлинг е и те како опасен на земја, Федерер се уште не го дал последниот збор, да не ги заборавиме и Мареј, Вердаско, Родик, Ферер и остали тенисери од втор план...

Иначе, поздрав до Христов, нешто изјавуваше дека сега немало Ноле каде да бега? Или и ти како другарот погоре ќе погодуваш од десетти пат кога Надал ќе победи на некој турнир? :) Ако на фб бришеш коментари, тука неможеш :icon_lol:
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.547
Поени од реакции
5.772
Значи надал игра феноменално против сите освен против Џокович.Исто и Џокович игра против сите без грешки скоро а против надал греши многу.Значи денес на почетокот имав чуство дека со страв играат и двајцата и тоа како да ги згрчи и не можеа на стартот да играат добар тенис.Касно се опуштија и двајцата.Има некој страв, и големи очекувања од противникот и незнаат како ке изигра другиот, психички стегнати цело време беа, на надал му се познаваше дека игра под притисок цело време исто и ноле.Се гледа дека кога играат помеѓу себе не личат на самите себе си и не ја играат својата игра.Се надевам тоа ке се смени бргу.Нема криза надал туку едноставно грешката од минатиот турнир што дозволи така да изгуби беше страв денеска за него и под притисок и тоа на памет играше а ноле пак обратно, да не запне надал сега зашто го знае каков и е така многу несигурно играа и грешки правеа.Надал на земја се чуствува по комфорно и нема да прави вакви работи.
Абе аман шо збораш ? Два пати дека го победи во две финалиња, кои се далеку од титулите кои ги има освоено Надал, и сега то е то !? Кога Ноле ќе го победи Надал, во финале на Роланд или Вимболдон, е тогаш ќе зборваме за него..

Нема смисла... Ве молам

Честитки и од мене до Ноле, но многу почнавте да го фаворизирате... Зарем не го виде Надал дека беше капнат уморен ? Кога си го видел ти да се одмара после поение !? Сеуште не е 100% спремен, и затоа ги игра овие турнири.. А и поените од лани, веќе ги одбрани тука, така да, ништо страшно... Разликата е 4000 АТП поени, и тешко дека некој во догледно време ќе го стигни...

Иначе, веќе на 14ти заминвам на апсолвентска, па се годи на 17-18 да сум во Монте Карло... Иначе влезница за еден меч таму е од 15-300 евра... Кој знае ? Можеби Рафа во живо... !

Само прашање, дали го има пријавено Рафа тој турнир годинава ? Не можам да проверам, оти не ми ја отвара неговата официјална страна..


Поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom