Фан клуб: Работнички

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.134
Поени од реакции
46.145
Најтрофејниот македонски кошаркари колектив зад кого стојат 14 шампионски титули и осум пехари во Купот на Македонија од следната сезона ќе се натпреварува под ново име – Работнички Градски парк, дознава МКД.МК.

Пред неколку дена актуелното раководство на Работнички потпишало договор за четиригодишно спонзорство со фирмата „Работнички Градски парк“, која во иднина ќе раководи со кошаркарскиот тим почнувајќи од најмладите категории па се до сениорскиот тим зад кого е една од најлошите сезони во клупската историја. Црвено-белите не се пласираа во плејофот, а во Купот на Македонија испаднаа уште во четврт-финалето и тоа во дуелот со Торус.

Се очекува во текот на следната недела новите луѓе што ќе го предводат новиот Работнички на патот кон стартата слава да излезат во јавност и да ги објават сите детали околу идната управа на 14-кратниот шампион. Во македонската кошарка вакво преименување не е непознато. Целосното име на најголемиот ривал на црвено-белите е МЗТ Скопје Аеродром додека пред неколку години „металците“ настапуваа под името МЗТ Скопје јуниор.
Во моментов сите информации се во вид на шпекулации и тоа дека прв човек на клубот ќе биде Александар Николиќ, зет на актуелниот градоначалник на општина Центар,

Владимир Тодоровиќ, кој ќе има двојно учество во обновата на клубот и тоа преклу спонзорства од локалната самоуправа и од неговата фирма „Тинекс“. Улогата на важен спонзор би ја имала и државната агенција за електронска комуникација (АЕК) како и уште десетина солидни помагатели. Најавениот буџет, според кошаркарската чаршија, за следната година би се движел околу 300.000 евра.

Во однос на спортскиот дел, пак, најавите се дека улогата на спортски директор односно главен во делот што ќе се одвива на теренот ќе ја има поранешната ѕвезда и поранешен репрезентативец Дејан Јовановски. Еден од луѓето што сигурно ќе бидат инволвирани во новиот Работнички е и Марин Докузовски, во улога што дополнително ќе се одреди во зависност дали тој ќе остане тренер на Лукоил Академик и следната сезона.

Деновиве во кошаркарските кругови може да се слушне муабет и дека меѓу главните спонзори на Работнички Градски парк може да биде човек, кој во моментов е главен покровител на еден од прволигашките екипи. Тоа не би значело фузија на двата тима туку едноставно влез на еден од поголемите мецени во македонската кошарка во моментов во најдобриот клуб, но и задржување на клубот со кој сега раководи како своевидна филијала за помладите таленти пред кои допрва претстои докажување.
Како и да е, пред армијата навивачи на Работнички е период во кој многу работи ќе бидат искристализирани односно во многу кусо време ќе бидат познати сите работи околу тоа како најтрофејниот кошаркарски колектив ќе функционира во следниот период.

Има и најави за Јовица Арсиќ за нов тренер место Лазовски, нешто за кое ја лично сум против, нема смисла да му се сврти грб на Лазовски после она што го направи оваа сезона кога ги врати од мртвите и беа једини клуб што асално им се спротиставија на МЗТ кој беше совладан во Градски Парк убедливо.

Како и да е пркнуваат работите и постојат големи шанси во иднина да гледаме повторно силен Работнички
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767

За тој што се шпекулира дека можеби ќе биде дел од спонзорскиот тим, а претпоставувам кој би можел да биде можам да замислам што ќе се случи ако Марче ви се врати за трењер. Трета среќа ќе биде работава.
Буџетот изгледа солиден за наши услови, ќе биде доста помал од оној на МЗТ, ама барем ќе имаме повторно јако ел класико. Колку и да има ривалитет, понекогаш и инциденти дуелите на вечните ривали дефинитивно и даваат шмек на македонската кошарка.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.134
Поени од реакции
46.145
За тој што се шпекулира дека можеби ќе биде дел од спонзорскиот тим, а претпоставувам кој би можел да биде можам да замислам што ќе се случи ако Марче ви се врати за трењер. Трета среќа ќе биде работава.
Буџетот изгледа солиден за наши услови, ќе биде доста помал од оној на МЗТ, ама барем ќе имаме повторно јако ел класико. Колку и да има ривалитет, понекогаш и инциденти дуелите на вечните ривали дефинитивно и даваат шмек на македонската кошарка.
Србиновски нема шанса да е повторно тренер на овој тим.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.029
Поени од реакции
74.429
Според мои сознанија и во Работнички ќе влегуваат повисоки лица од власта, преку општината Центар и некоја фирма.
Се најавува тим посилен и од овој на МЗТ....
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Според мои сознанија и во Работнички ќе влегуваат повисоки лица од власта, преку општината Центар и некоја фирма.
Се најавува тим посилен и од овој на МЗТ....
И после МЗТ бил вмровски клуб...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.029
Поени од реакции
74.429
И после МЗТ бил вмровски клуб...
Тоа е најсмешното, што се лупаа у груди, како само они од Скопските тимови немале инвестиции од општина, а уствари и досега парите им одеа директива од партија, само од спротивен табор :D
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Еееее вака и на МЗТ кога беа катастрофа, секоја нередна година им најавуваа дека ќе имаат јак тим и на крај со таквото во раце остануваа, односно играа Радуле и Караколев. :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.029
Поени од реакции
74.429
Тоа е тоа што зборев :D
Што правиме сега со паролата МЗТ-ДПМНЕ :ROFLMAO:
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
Што е ова бе сите спонзори и владата влегува во МЗТ и Работнички. Другите тимови нека се распаднат. Како ќе ти игра Струмица, Гевгелија, Велес. Кој спонзори од внатрешноста може да парираат на општиниве и најјакиве спонозри собрани во овие два клуба. Сакате силна лига а вие уште на старт ќе ги откажете тимчињава од внатрешноста ќе ги тепате 50 разлика. И тоа малку што остана таму од играчи и спонзори ќе си отида, нема да се резилат да ги дупат по 50 разлика да ги тепаат.
За да нема забуни од Скопје сум.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.333
Поени од реакции
18.408
Да да пред да влезе владата лудница беше лигава,и квалитет и публика 10 000+ имаше:tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom