- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.311
- Поени од реакции
- 6.533
Ама не е забрането да се земат странци. Само има лимит на 6. Тоа е и повеќе од доволно (јас лично на 4-5 би лимитирал). А ако нашите играчи во конинуитет добиваат можност ќе го подигнат и своето ниво. За екстра квалитетни странци имало и ќе има место во лигата. Ама не за цела легија од нив, што би ги угушила нашите играчи, туку само за избрани, што ќе го кренат нивото на лигата, а истовремено и ќе остават простор за развој на наши играчи...Небитно не е одсега, само сега сериозно почна да се осеќа, нарочно кај тие шо вложат сериозни пари и бркат некој конкурентност на меѓународна сцена. Нејсе шо добиваме со ова, менување на фокус во за силувањата кај појаките екипи, место да се носат поквалитетни странски играчи, овие очи ќе си изват да го потпишат Танкоски, Савревски, Џонов, Палевски,кои во меѓувреме ќе се преплатат ко асолен странец кој несомнено е поквалитетен. И настрана шо ќе трпи квалитетот на нашите екипи во Европа, кажи ми како ќе се изгради некој играч кога игра против играчи како Џонов, место играчи ко Перич.
Ете стварно не разбирам као сакаш да градиш репрезентација, а свесно го ослабуваш првенството каде шо треба тие да играт?
А дали е во ред да се преплаќаат домашни играчи, чист пример ти е кошарката. Домашни кошаркари со плати од 1,2,3к евра и просек по натпревар од 3 поени. Нив мува не ги лази, не се ни обидват да најдат ангажман странство, пошто и не му нудат. Комфорт зона до даске. Па ете сега играме пред квалификации за еп и сп, а играчи во странство се бројат на една рака...
Автоматски споено мислење:
Не може да се базираме само на балканот, треба да се користат шансите што излегуваат, вклучително и со играчи од арапските држави, но неспорен факт е дека најлесно квалитетни играчи може да се донесат од балканот. Само да се изберат треба паметно...Никако не смее да се гради екипата на алжирци, тунижани, катарци и таков калибар на држави.
Овие се со заебан менталитет и се токсични за екипата.
Овој Жалуз беше страшен играч, покрај повредите голем проблем имаше и со карактерот, не се пронајде во ниту една екипа, а ги смени бајаги.
Играше добро само на една утакмица годишно, за жал на Вардар, само нив ги торпедираше.
Мислам дека и овој Суси нема ништо да покаже, да бил добар немаше да го пуштеа Французите.
За тим како Пелистер, најдобро е да собира таленти од Балканот, не би било проблем да прифатат затоа што Пелистер игра Европа, можат лесно да напредуваат.
Пример овој десното крило на хрватите, Главаш, бележи одлични настапи на првенството, а игра во факинг Тримо Требње.
Хрватите имаат одлични млади играчи кои бележат добри резултати во младинските категории, сигурно има нешто што вреди за во Пелистер.