Ваков состав сме немале со години...
Никој не го напомени неиграњето на Вегар, играчот кој е главен во одбраната. Ако се сеќавате, на турнирот во Струга, Вегар со Кушан ја правеа разликата во одбраната.
Отсуството на Танкоски вчера, беше огромно, Перич не беше очигледно спремен за цел натпревар, како што напомена
@nikucremo. Велковски одигра солидно на среден, иако тоа беше принудно решение, се гледаше дека тоа не било тренирано, тој да игра на среден.
Што се однесува до АЕК, ГРЧКИ шампион, кој минатата сезона го прегази Олимпијакос, со што докажа дека е ракометен клуб ван ГРЧКИ стандарди. Самото доаѓање на Угалде, е доволен показател за нивните амбиции годинава во ЕВРОПСКИТЕ КУПОВИ.
Како и да е, нашето време допрва доаѓа. Треба да сме среќни што толку брзо ни се кренаа апетитите, бидејќи до лани и со Радовиш се мачевме.