Ко се праеше екипата од почетокот, мислев конечно ќе имаме тим кој ќе го згази Еурофарм и тоа со голема разлика, носиме играчи кој играле во шпанската Асобал лига, некои играле во Унгарија значи лиги кои се за едно 5-6 пати посилни од нашата лига и логички гледано мислевме дека треба да сме подобри од минатата сезона...
Шо се деси, почнаја подготовките, во Битола јадиме над 30 гола од "шампионот" на Косово го заборајв името како му беше, исто 30 гола ни дава факинг РК Радовиш односно не ремети еден нивни играч Ивица Илиев кој си напрај симултанка од 12/3 гола, одиме грција играме со Паок 1-1 скор, а на едната убо не измочаја и тие, следува меморијалниот турнир за Боро Чурлевски не плеска дома Олимпијакос и факинг Шербург од француска
друга лига... и на крај играме да се избегни последното место со екс второлигашот РК Бутел


Сума сумарум, фрлени една вреќа пари за да напрајме второлигашка екипа...
Одбрана апсолутно не играме ништо, катастрофа сме одбрана зато од сите јадиме по 30 гола, одбраната не постои, на пикер сме дупка невидена, од сите овие утакмици кај шо се браниме од пикер примивме едно 50 гола....
Бековската линија

Ееее мој
Владимире Зејак, 2 метра маж, 110 кг три напади да те лепат како мало дете ШТА РЕЧИ ? Каде фрламе 2500 еУра


Крилата се солидни само, другото чкрипиме на сите позиции.
Добар можи да е и Харис Плех голманот, Рајчиќ си игра к*рот и нема да е прв голман мислам, згрешија и со голманите шо ги пуштивме двата да заминат во Охрид и Мартин Јовановски и Јагош Брауновиќ, еден од овие МОРАШЕ да остани, дали Мартин или Јагош, тие двата ги пуштија, Јагош можи да е ТОП голманче само шо му фали уште некој ЦМ висина, иначе супер голманче е, вака плаќаме само плус странец за голман или ќе го ослободеја Рајчиќ или ќе го задржевме Мартин....
Пикерот Карамиан, не ме бендисва во ништо, џабе му 2 метра висина, Папата е пропаднат тоталка, го стегнаја годините, останва само Петров да покажи шо знај барем во напад !
Крилото Милан Поповиќ според мене е најјакиот играч моментално кај нас, дојде и како со најбогато цв во кариерата со поминати солидни екипи, треба да брка одлична задача....
Лековиќ и Перовиќ и двајцата се крила, ама Томасот ќе ги напрај десни бекој

Огњен се гледа кај малиот дека има жар за игра, нема страв да влези, солиден удар, штета само шо нема конструкција за бек, преслаб е, ама кога немаш друг ќе играш со него, екипата горе долу би била оваа:
голмани: Милош Рајчиќ, Харис Плех и Бобан Ристевски
леви крила: Милан Поповиќ и Никола Ивановски
лев бек: Владимир Зејак, Черубин Табанге, Борјан Маџовски и Киро Митревски (се надевам Зејак ќе игра и одбрана, заедно со Борјан Маџовски кој чат-пат би играл напред, а Киро Митревски никако напред да му нацртат линија до средината и да не ја поминва, изгорен е гол да дај и трга некој контри на кој прај пробивања или не изнудени позиции за шут и само додава на голман)
среден бек: Марко Кобетиќ, Черубин Табанге и Стефан Апостоловски
десен бек: Огњен Лековиќ и Вук Перовиќ ( и двајцата по природна позиција се десни крила, овде префрлени на бек од немај каде оти немаме играчи)
десно крило: Реваз Чантурија и Никола Стоилески (детето од Бутел

)
пикер: Васко Димитровски, Константин Петров и Моншен Карамиан
одбрана би требало: Киро, Борјан, Моншен, Зејак, ако ништо друго барем нека ги спремат за назад Карамиан и Зејак ќе имаме стубој од 2 метра, толкави мажишта барем нека мават, Борјан супер играше назад во Металург.
Ради изгледа му ги удри клоците ОФИЦИАЛ

нека се мафта сега Корлето со тој договорот дека 1 година играчот седи пријавен во РФМ само се чекал да го заврши факултетот во Египет


и место него го донесоја овај од Габон

Јас да сум ко него ќе си барам и пари од клубот, кој к*р го пријавуваја а не дојде ни до Битола а се скапаја туфкање со него....
Се на се 10 нови играчи, со оваа екипа ние ако победиме кај Тинекс ПрлеЌе еве на

Сега со Фитиљот, Работник има да не гази 10 разлика, јас па на почеток си праев филмој како ние сме појаки од нив, сега после денешниот транфвер нивни сите мисли ми пропаднаја во вода

Ништо не ни е криво детето, кога нашите не се способни да му понудат 6 к. нема потреба од плукања, кај нив е тој до мај следната година па има договор после со Магдебург, ние плаќаме три играчи за неговата месечна плата, а од тие тројца ќе видиме колкав ќе биди ќарот на крај....
Осеќам јас ќе распали Зејак

неможи такво мажиште да игра така слабо, ќе не демантира со неговите игри, уште Табанге да се погоди, оти Кобетиќ влечи изгледа некоја повреда и не е спремен како шо треба, не е тој Кобетиќ од Охрид, ама се надевам брзо ќе се врати во колосек....