Фан клуб: РК Пелистер

Член од
5 април 2013
Мислења
3.376
Поени од реакции
6.921
Taman duri si tuka uste da kazis mislenje po tvoe ako se proba so Bliznakot na sreden so ti fakja okoto za piker maliot Samiol da go pustat vo ogan za vo dvata pravci ke mozi oti pak e dete no ke recam I da mozi se mislam deka Brance tesko da mu daj na nekoj sansa I da gi turka primer kako Kiro so praj ke si odi na sigurno nejse so mislis mozi maliot da se proba pa parite neka se dat na zabava vo felcija I uste edno gore pisese vo prvo lice za klubotI ti si od Bitola oti celo vreme te mislam za Skopjanec

P.S.se moli I @Tomasino vaka da pisi analiza, stav I post da isplaknime oci so normalen rakometen muabet a ne samo nie da hejtame
Sent from my SM-S901B using Tapatalk
Павле не се знае што ќе биде на долг рок, дали лев или среден. По малку е како Кузмановски тој, измеѓу позиции. Што и не е така лошо во денешен ракомет. На Павле пред се му треба минутажа, искуство од натпревари, искуство од ситуации во кои треба да решава.

Самоил кога веќе го прекомандуваа мора да игра. Дека нешто драстично ќе смени во екипата нема, има за учење уште доста тој, па и физички да продолжи да се надоградува. Треба да внимава и на здравјето, опасни години се неговите, не смее ни да се префорсира. Просто кажано за него е битно здравје, да продолжи со физичкиот развој, здрава исхрана и да собира искуство (за него и суперлига се добри натпревари за оваа сезона).
 
D

DupiMandalo

Гостин
Еве пак најпесимистички шо можи. Сакам да ти понудам да се кладиме по шо сакаш дека нема да сме трети?
Втори ?
Шо да се кладиме бе, видија екипата на ништо не личи на терен. Да не гледате друга екипа вие шо сте толку сигурни дека ќе ја одбраниме титулата?
Алкалоид делува како бундеслигашка екипа во споредба со нас. Секој на терен знај шо треба да одработи, имаат акции уиграни, летаат без топка децата по теренот, едноставно имат тренер или со други зборој имат СИСТЕМ.
Тој систем го форсират и растат како екипа од година во година без ниеден странец во екипата.
Ние шо имаме моментално ?

-Аматер на клупата шо незнај основни работи во ракометот.
-Имаме екипа шо е склопена по желба на газдите а не на стручниот штаб.
-Имаме милијарда проблеми во организациската структура.
-Имаме буџет на хартија а во реалност носиме подпросечни играчи веќе 5та сезона.

Да не се повторваме по стопати...
Решението на проблемот е во рацете на газдите.
Ако се свестат и напрат рез во сите структури во клубот ќе почниме да излегваме од сивилото.
Ако не се свестат и терат по старо, ќе имаме дебакл на сите полиња и ќе гледаме празни трибини ова сезона.

Ако сметат дека се е во ред и сме на добар пат, нека си терат така како шо замислиле.
За некој месец ќе му стани јасно кога веќе се ќе биди загубено и публика и резултати и се.
 
Член од
19 април 2023
Мислења
231
Поени од реакции
288
Еден предлог до вас,однапред кажувам не е ироничен,скаркасичен и злонамерен.Дрвата што ги имаат двата клуба кои се бренд во мак.ракомет с
е факт.Но зошто не му понудите на Киро генијалецот да биде прв тренер кај вас.Ова го пишувам на вашата страна зошто бил ваш играч а Вардар не може да го смисли.Што мислите ќе прифати,не верувам.Не ја напушта лагодна фотелја и да се фали како ги победил со мак.деца големи клубови.

Лесно е сам да си го бираш ростерот,можеш да ги виткаш и месиш ,немаш притисо дали денес си изгубил или не не му виси оставка над глава.Толку го испофали ја дури ми се повраќа.Затоа нека б
иде на клупа во ЛШ или ЛЕ.Овој предлог важи и за Вардар.
 
Член од
9 април 2024
Мислења
48
Поени од реакции
132
Втори ?
Шо да се кладиме бе, видија екипата на ништо не личи на терен. Да не гледате друга екипа вие шо сте толку сигурни дека ќе ја одбраниме титулата?
Алкалоид делува како бундеслигашка екипа во споредба со нас. Секој на терен знај шо треба да одработи, имаат акции уиграни, летаат без топка децата по теренот, едноставно имат тренер или со други зборој имат СИСТЕМ.
Тој систем го форсират и растат како екипа од година во година без ниеден странец во екипата.
Ние шо имаме моментално ?

-Аматер на клупата шо незнај основни работи во ракометот.
-Имаме екипа шо е склопена по желба на газдите а не на стручниот штаб.
-Имаме милијарда проблеми во организациската структура.
-Имаме буџет на хартија а во реалност носиме подпросечни играчи веќе 5та сезона.

Да не се повторваме по стопати...
Решението на проблемот е во рацете на газдите.
Ако се свестат и напрат рез во сите структури во клубот ќе почниме да излегваме од сивилото.
Ако не се свестат и терат по старо, ќе имаме дебакл на сите полиња и ќе гледаме празни трибини ова сезона.

Ако сметат дека се е во ред и сме на добар пат, нека си терат така како шо замислиле.
За некој месец ќе му стани јасно кога веќе се ќе биди загубено и публика и резултати и се.
Мораш да се помириш со фактот дека сме шампиони две години со ред, ова ќе биди трета, сакал ти или не. Еве јас ке ти кажам и како. До полусезона максимум еден пораз, на полусезона 1-2 играчи и пак лесно шампиони.
Лига шампиони да очекуваш победа, треба ептен да не ги разбираш работите.
Џабе повикваш и на празни трибини и та желба нема да ти се исполни.
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.576
Поени од реакции
6.257

А шо кур се пријавија во ЛШ ако не треба да се очекува победа во ЛШ?
Не видов некој да повикува , ама ти мислиш дека пример првите 4-5 се губат и дека ќе има полна сала .
Па ако не планираја победа ЛШ тогаш шо кур аплицираја за вајдларта ќе си играа во второ по квалитет натпреварување и толку .
 
D

DupiMandalo

Гостин
Мораш да се помириш со фактот дека сме шампиони две години со ред, ова ќе биди трета, сакал ти или не. Еве јас ке ти кажам и како. До полусезона максимум еден пораз, на полусезона 1-2 играчи и пак лесно шампиони.
Лига шампиони да очекуваш победа, треба ептен да не ги разбираш работите.
Џабе повикваш и на празни трибини и та желба нема да ти се исполни.
Од кој ќе биди тој пораз на полусезона ме интересира...
Од Вардар ?
Од Алкалоид ?

Абе ќе изгубиме и од едните и од другите во Скопје а богами со овај трнер и ова игра се плашам дека после 5 години ќе се деси и дома да изгубиме од една од овие две екипи.

За ЛШ јас очекувам а богами и цела Битола, поголем дебакл од лани, незнам кај прочита дека имам некакви очекувања.
Ние неможиме со отепани екипа како Звезда и Мешков да победиме, не ми иди ни на крај памет дека во нашата група ќе имаме еден ебан бод.
Алкалоид, колку за твое инфо ќе игра ехв куп (челинџ куп) а ни одржа лекција пред неколку дена.
Ако за тебе се ова досега не е показател за една срамна сезона во најава, тогаш тое твој проблем.

За празните трибини јас не повикувам ништо, резултатите и аматерскиот пристап на управата ќе ги оддалечат луѓето од трибини а не јас.

Неам намера да ти реплицирам поќе, те молам не ме цитирај.
Ќе те прашам за еден месец од сега дали уште си на истиот став. Дотогаш уживај во европскиот ракомет шо ќе го пласира Бранче.
 
Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
917
Поени од реакции
1.228
Мораш да се помириш со фактот дека сме шампиони две години со ред, ова ќе биди трета, сакал ти или не. Еве јас ке ти кажам и како. До полусезона максимум еден пораз, на полусезона 1-2 играчи и пак лесно шампиони.
Лига шампиони да очекуваш победа, треба ептен да не ги разбираш работите.
Џабе повикваш и на празни трибини и та желба нема да ти се исполни.
Никој нигде не прочитав да повикува на празна сала, ама ако сам така очекуваш или па уште полошо таква да е реалноста, не ја барај вината кај форумџиите и дека некој повикувал. Секој има право на свое мислење, а дали ќе биди така или времето ќе кажи. Лани на првото учество во ЛШ, на двапати салата беше под очекувањата, бројка рамна на натпревар со Тиквеш или Охрид. Екипата за ЖАЛ не оди во нагорна линија од лани, пуштена е во лер и си тера во некоја надолна линија, а за то не сме никој од тука криви. Кажав јас т.е прикажав шо рече Лазаров: ,,Битолската публика неможиш за ракомет да ја излажиш." И толку. Крај на муабетот. Кажав погоре, јас сум немал сезонска, луѓе кои имаа 2-3 години и се откажаа ова година, ти вели, јас како навивач само така можам да го искажам револтот, со неодење. Зато МОЖИ ќе биди салата под очекувањата полна, односно празна.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 
Член од
9 април 2024
Мислења
48
Поени од реакции
132
Абе другари да се разбериме. Незнаев кој дс го цитираѓ побрзо зато на дите тројца ви се обраќам. Вака колку шо го пратам форумот, стално нешто негативно имате да кажите. Полека малку.
Мое мислење е дека подобро е да учествуваме во ЛШ и да сме 0-14 / 1-13 отколку ЛЕ и да сме 2-4.
За лигата, две години уназад вервам дека сте мислеле дека неможиме, ама испадна дека можиме, ТАКА ЌЕ БИДИ И ОВА СЕЗОНА! Ако ништо друго барем цела сезона ќе се надевам да сме шампиони а не да не сме!
А дека сакаме подобро то е нормално. И јас сакам да го сменат тренерот, и јас сакав да дојди Зарабец, и јас сакав промени ама не се случија и не ги плукам по форуми да тргат сеир другите НГ.
И јас можи од протест нема да одам в сала ама не плукам по форуми анонимно, оти знам дека нема ништо корисно да донесам напротив само поќе ке штетам. Толку со вас тројца оти знам дека не размислуваме исто.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
15 + години сум член на форумот и на оваа тема, вакво време не вервав дека ќе дојди.
Хејтање, вреѓање, плукање, страшно нешто.

Луѓе, форум е, секој ќе си кажи мислење, ако ви се бендисва ок, ако не, ваше право, не мора насила цело време КОЈ СИ БЕ ТИ? ЗНАЈШ КОЈ СУМ ЈАС?..
Посебно шо си фаќат сеир другите, нема потреба сите да ве читат,ама вие си знајте.
Порано ( до 2019 година ) сите бевме истомисленици, си ги кажваваме маките и то беше.
Попара беше клубот, ама пак имаше некоја хемија меѓу луѓето.
Од ко дојде НОВАТА ЕРА, многу луѓе во градО се понашат како да сме Кил или БАРСА.
Шо е најтрагично, добар дел од тие хејтери по социјални мрежи до 2019 година беа редовни посетители во Скопје, на фенси европски утакмици на Металург и Вардар.:D
Сега ги сменија боите, ништо не им се годи, вака требало, така требало.
Отворете ја страната на ФБ на клубот и се ќе ви стани јасно.
Бетер од фан пејџот на Задруга е то шо се пиши, со чест на исклучоци, има и солидни и издржани коментари,ама грото коментари се греој.
Победват со Татабања, на сосема неважна и без врска подготвителна утакмица, сите дркат, фалат, браво управа, играчи секоја чест.
Нареден ден, не демолира Загреб со +18 и истите тие луѓе со 400 коментари.
Шо очекуваше народот од пријателски турнир шо се игра ден за ден?
Не му тргна со Загреб. се виде колку е сатот и то е, ништо трагично, не избушија машки и то е то.
Подобро шо ја повлече екипата да не се повреди некој, отколку да форсират да намалат пораз.
Со Татабања дадоа максимум да ја свртат и прегореа.
Играме 5 утакмици за 7 дена, ги истрошија играчите до максимум, Хосни и Пешевски не можеа да одат.
Можи и то беше идејата, да се проба да се види како ќе делува тој згуснат систем среда-сабота.
Според мене непотребно беше да се игра на толку турнири за толку краток период.
Треба да размислат за наредни сезони да се откажат од турнирот во Струга.
Онде ни колективно осигурање те покрива ни ништо, на онаква подлога да играш сам си ја бараш бељата.
Или да барат услови салам или нека не одатч
Ок е да се пробаш со појаки екипи, ама ја трошиш енергијата на турнири без значење.
Во Турција на та утакмица со Брест, не знам шо беше поентата на Белорусите, ако беше по секоја цена да се земи трофеј, да кажеа со време, да не си го трошиме времето.
Тајмингот беше многу лош за Добој, пред сам старт на сезона, да е негде календарски како турниот во Струга пеки, ама вака ептен кнап дојде со времето.
Епилогот е, повреда на Тајник, ситна повреда на Кузмановски, ете го и Хосни.
Уште непочната сезоната боловања се отворија.
Се влезе во лоша форма на та утакмица од суперкупот.
Тука е проблемот кај луѓето ( познавачите на ракомето не само во БТ,туку и од Скопје ( црвено црните), шо сите (нереално ) очекуваа дека ќе биди лесно со Алкалоид.
А, реалноста е сосема друга и тој резултат не врати во реалноста и шо не чека оваа сезона.

Кој шо следи редовно ракомет и ја гледа реалната сила на екипите кај нас ќе ме сфати шо зборам.
Оваа екипа на Алкалоид е каде каде појака од ланската.
То го видовме и вчера со Вардар.
Истата екипа ( без Костески)ланска сезона во Март лагано губи дома од Вардар, сега го мети подот 60 минути, против далеку поширок ростер на Вардар од тој ланскиот.
Истиот тим го задржа Киро, го надградија со Кизиќ и пред се со Костески, епилогот е јасен.
Млади дечки, полетни, без респект кон никој и така треба да е.
Плус психички припремени до максимум.
Киро, мангупски, по старски ни го поТпикна :cool: , не фали по медиуми дека сме биле каде каде појаки, ја презема аутајдерската улога, ние обратно, даваме оптимистички изјави дека сме биле ЛШ екипа, дека лесно ќе биди и ни се мана од гла то.
Е то е тој, психички ефект, шо го прат противничките тренери, шо често дава плод.
Митев, ги вади од патики Хосни, Абутовиќ, дава зверски гол и му се дава в лице на Хосни.
Карасманакис, оди екстремно грубо кон Фитило, на неколку наврати, провокаторски, чека реакција и ја доби.
Свесно одеа на провокации и то директно на двата најопасни играчи шо ги имаме во надворешна линија.
Не оправдувам груба игра, претера и Карасманакис, но ракомето не е спорт за нежни дечиња, машки спорт е.
На крај Фитило му ја стегна салам и заврши утакмицата..
Не смееше да наседни, не доликува на капитен на шампион и репрезентативец, ама то е, чоек е, крв и месо, стварно му се обеси на гла овај и ја претера, во момент на афект секој чоек потенцијално би можел истото да го напрај.
Според мене тактичка грешка беше то шо се почна одма со Тајник.
Дечкото е аут на 2 турнири, незгодна повреда и го клават одма во оган, прва постава, против тркачка екипа, груба одбрана, да ја игра цела утакмица.
Уште појќе не умртви во напад, без бек и скок шут од надвор.
Да не должам, според мене не е толку трагична загубата на Суперкупот.
Другите два трофеи се важни, иако остава црн белег овај пораз, нема збор тука.

Најлошо е шо ќе имаме проблеми со одбраната, ако денот по утрото се познава, не ни се пиши ич арно.
19 гола ни клава Алкалоид за едно полувреме, а можеа да бидат далеку појќе ако не скинеше Никучо неколку зицери.
Второ стегнаа едно време, па на крај пак примивме доста лесни голој.

Со Тиквеш некни, 17 комада ни дава Тиквеш, без Симиќ, Шулески, со Обина кој беше надвор цели припреми.
Чиста среќа шо во второ паднаа, и Никучо фати некој зицер.

Ќе одеше сезоната уште непочната.
На крај, на македонски погон ја свртивме со Тиквеш, а и на македонски погон се вративме ( за кратко со Алкалоид).
Мило ми е за Павле и Емилијан, полека полека децата покажват то шо се очекува од нив.

Околу ростерот за новата сезона
Го задржавме тој прв тим, со рокада на голманите.
Многу коментари има за Танкосен, не го гледам јас неговото заминување како некоја загуба.
Домашен играч е, ок се, се труди, трча, ама не можиш да се ослониш на него.
Му беше даена шанса него, можи не последните 1.5 година по заминвањето на Валтер, ама дека имаше шанси имаше, не ги искористи.
Нека му е среќен патот.

Голмани
Мислам дека на голман сме подобри од лани, Никучо е есктра класа голман и допрва очекувам од него подобри партии.
Ивиќ исто е појќе од солиден, некој втор ешалон на голмани од ЛШ, само ќе му треба време да се навикни.
Криво ми е за Кизиќ, по мое требаше то дете да се задржи по секоја цена, ако веќе се штеди на пари за играчи од надворешна линија, според мене можи порационално ќе беше да се задржи Кизиќ за втор голман и да го менва Никучо, а со тие пари шо ќе се заштедеа од Ивиќ да се земеше некој салам пикер и бек.
Ама то е, јак голман е секогаш благослов за екипата, а двајца е веќе премија.
Само нема да ни бркат многу работа ако неаме одбрана.

Одбрана

Абутовиќ е појќе од ок трансфер, ама засега некако го фрлат во оган и не можи да се снајди.
Тој треба да чува лимитиран простор на 3и4, да затвори пикер и да има улога во централен блок при евентуална блокада на скок шут.
Не да трча ко мува без гла по цела линија и да затвора дупки-кратери шо му ги остајле другите.
Од она шо го гледав досега, со сите побрзи екипи имаме и ќе имаме мака.
При побрза игра на бекојте, промена на позиции и атак на зона, не напаѓат на 2 или 5, испаѓат тие играчи иди распад на цела зона.
Не напаѓат кај Тајник, Борзаш и кој и да е на 5ка, се прај конфузија во одбрана и автоматски се отвора дупка на друга страна.
Или влегва бек во полн трк и има чист шут кон гол или ни прат вишак на пикер.
Со Алкалоид и Тиквеш еден куп голој од дијагонали примаме, празен простор на 2и5 и си има отворен шут бекот или чиста топка на пикер,
Симоноски ( ТАКМИЧАРОТ шо го вика Ѓорѓонски ) :Dда те прај мајмун во одбрана, неам шо да кажам ( не дека е лошо детето, ама не е таква класа).
И не е ни чудо шо примаме +30 гола.
Како ли ќе биди во ЛШ?Нејќам ни да помислам со Веспрем, ПСЖ.
Се сложвам дека мораше и требаше да се најди партнер за Абутовиќ на 4ка.
Или втор пикер, во два правци или лев бек.

Имаше муабети за Хенингман, ама изгледа ништо не бидна ( влечеше и повреда на рамото овај).
Ако е здрав штета е шо не се зеде.
Таков играч ни треба/ше. во два правци, шо ќе можи да покрие на 4.
Кинеше Хенингман во Пик Сегед на времето во одбрана.
Засега немаме таков, ниту Фитило можи да покрие на 4, камоли Борзаш.
Џабе се троши Фитило, на тешка позиција во одбрана и губи сила во напад после.
Се ризикува и да се повреди, во тие дуели со пикерите.
За ова позиција измислен за нас ќе беше Илија Брозовиќ, и за него се збораше дека бил во комбинација да дојди овде.
Не знам колку е вистина,ама требаше ако веќе имало нешто, да се напрат напори да се земи.
Вака замина во Слован, во екипа шо не игра Европа.
Исто интересен играч шо замина во Слован беше Јака Малуш, можевме и овај да го собериме, ако се реагираше навреме.
Имаше муабет и за Вид Потеко, овај ќе беше добро решение, ама замина во пензија батето на 32 години. :icon_lol:
Ќе мора да се бара чаре за та одбрана, посебно за та десна страна, со Тајник и Манасков во иста комбинација сме отворена мета, ќе не бушат ко Ѓупките пред Император.:kuracc:
Ако веќе го играт Тајник упорно цело време, по логика некоја само со П. Атанасијевиќ би бил компатибилен, Петар на 5ка, овај на 6ка.
Самоубиство ќе биди да се форсира Тајник во одбрана на толку важна позиција, да го чува десниот бек.
Не знам шо е со повредата на Петар, ако е здрав, треба да се игра појќе со него, макар и промашил по некој зицер, ( и Манасков промашва:D, засега најдобро лево крило реално ни е Цветан).
Ако не, да се ризикува без лево крило во одбрана подобро, па Тајник да бега на 6ка.
Или пак да се менва и Тајник, друго чаре не гледам.
Зато беше многу важно да се земи некој среден бек шо биди повисок и поснажен од Тајник, и шо ќе можи да одговори во одбрана.
Проблем е шо имаме премногу играчи во еден правец, Пешевски, Тајник, Емилијан, Павле Петровиќ, Борзаш, не е ни чудо шо имаме проблеми во одбрана, ги клават на тешки позиции, Павле Петровиќ ко ќе го гледам во одбрана на 2ка, како јади 2 мин секој трет напад, ми иди веѓите да си ги искубам.
Со овај ростер шо го имаме моментално, мора да се напрај некој потег и да се затворат тие дупки во одбрана.
Или да се пуштат Самоил или Цикетиќ со поголема минутажа, какви биле, такви, па да напрат тандем на средина.
Не можи со Пешевски на сите утакмици, ќе го прегорат, и шо ќе напрат? Ништо.
Мора да му се дај шанса, ако не му дат шанса да ги видиме ништо не прајме.
Одма рајата овде го жигоса Цикетиќ, дрво бил, чекајте бе, му даде некој шанса?
Изигра, промаши нешто шо не требаше, па не знај?

Борбен е дечкото, се труди, треба да му се дај шанса.
Ако не му дајме шанса како чекаме да вратат играчите? Ќе дојди ист случај ко со Дејвис, дечкото кинеше во одбрана, никој не му даде шанса за напад, и од старт, веза немал.
Ако гледаме така, Пешевски љуфна 2 зицери со Алкалоид, клучни за враќање од минус и вртење на утакмицата, па ај да го хејтаме сеа.
Поминва полека времето на пикерите во еден правец, се ретчат, порано беше Агинагалде, Андреас Нилсен, сега останаа Турна, Шипшак.
Треба да се форсират појќе Самоил и Кајо, да растеретат малку, не е Жаре појќе 20 години, плус тежок играч е, една повреда и ојде цела тактика.
Автоматски споено мислење:

Напад
Би требало да сме појаки од лани овде.

Та ланска ФИКС ПОСТАВА од 4 бека шо го истера цел плејоф се надгради со Хосни, екстра играч за наш пазар.
Само ќе треба да се ротира појќе со Цехте, досега слабо со ротацијата помеѓу овие двајца, најверојатно можи оти уште не е фит Цехте.
Овие двајца прат сосема солидна и коректна двојка на десен, само да ги користат и ротират правилно, по пола минутажа е таман да се подели на двата.
Петровиќ е вишок овде на бек, а ќе брка работа за недај боже замена за десно крило, иако не можи да се снајди на десно крило, според мене треба да се користи дечкото во Суперлига и да добива фул минутажа со послаби екипи, да не се трошат Цехте и Хосни,
Позитивно е шо почнаа да добиваат шанса Павле и Емилијан, шо ја збогатва та бековска линија на 7 солидни бекој, плус Петровиќ, како некое принудно решение на десен.
Ако веќе не планират да земат среден, мора му се дај целосна слобода на Павле, да си го најди местото во екипата,заслужва детето апсолутно.
Сосема друго решение е од Тајник во напад, појак, поцврст во дуел, побрз е, да не прајме муабет за неговиот учинок во одбрана.
Мило ми е за Емилијан, почна да се ослободва детето, доста напредна во шут, дуел игра, движење околу зона и влез во 6, само да му се дај шанса.
Како тргнал целосно ќе го истисни Борзаш.
Многу пати имам кажано за овај, останва мислењето.
Не знам шо се дешава со чоеко, сериозно, топло-ладно, појќе на ладно мава.:popce:
Плус нема некој кредит и на клупа, ќе згреши некоја, одма на клупа и ќе го заборат.
Или пушти го во оган, да го видиме шо можи, или пуштајте го нека си го бара чарето.
Џабе е да држиш репрезентативец на Србија на клупа, а не го користиш.
Не гледам логика.

Според мене, јас би одел со Фитил/Емилијан на лев, Борзаш ако се разбуди, на среден Тајник/Павле, десно Хосни и Нејц.
Многу го хејтат Тајник, не само по мрежи, туку и сите експерти по тв, медиуми.
Не е лош играч, далеку од то,има преглед на игра, знај да дај топка на пикер, да пушти долга топка до крила.
Само сите ние чекаме да биди некој ко Гисли или Стејнс, па и Зарабец. да прај дар мар во одбрана, не е таков тип на играч.
Коректно си ја брка работата, не е кузнеј шо,ама дека е слаб играч, ни најмалку.
Се сложвам со појќето дека за да ги искористиме Хосни, Фитил, Борзаш треба/ше и мораше да се земи побрз плеј.
Ете, не зедоа и то е то.

Појќе среќа наредна сезона со ростер и со ум и да се учи од досегашната пракса.

Добри играчи во Август и Септември нема, а и да има ќе дојдат неспремни.
Освен ако веќе си ербап и платиш оштета, а засега немаме таква пракса да плаќаме многу пари за оштета.
За мене најголема грешка е шо не се скаутират навреме нашите деца.
Напрајвме потези со близнаците, Костески, Емилијан.
Ама имаше и пропусти.
Не ми е јасно како не успеа никој да го сними на радар Милан Лазаревски, ко играше во Тримо?
Го донесоа во Вардар ко трет пикер, не го ни играа та прва сезона, сега дојде дечкото да кини во два правци.
Или да го чактисат Марко Митев дури беше во Бутел, па да се земи тука, наместо да оди во Алкалоид.
Сме ги следеле Емилијан и слично, а не видовме потенцијали во вакви играчи.
За вакви играчи вреди пари да дајш, дури и отпојќе да искешираш и да ги пуштиш да играт и да видиме шо можат.
Не го игравме Кизиќ, замина чоеко, некни 10 одбрани прво, тек на утакмица даде.
Галевски, Карасманакис пред нос ни беа, наши деца, ни ги собраа.
Сее ќе глеаме кај шо не шлапат, е па сеа, то е.
Автоматски споено мислење:

Прогноза за сезоната

Домашно првенство

И покрај сите слабости шо ги видовме досега и допрва шо ќе имаме кризи, мислам дека сме пак први фаворити за титулите .
Арно ама, домашен есап на пазар не излегва.
Плус, оваа сезона Вардар ќе биди со далеку појака ротација, за разлика од лани.
Изгубија многу на квалитет со Томовски и Јапонецот, ама ова шо го зедоа досега е појќе од солидно за мак пазар.
Плус и ние тука малце сме "криви", шо добивме валјд карта за ЛШ, па тие добија директно место во груп во ЛЕ и зголемени амбиции.
Ако одеа на бараж за пласман во групи, прашање е дали ќе го одврзеа толку ќесето.
Алкалоид, кажав за нив, да не се повторвам, ако изиграт убо на гостувањата нема ни да ме чуди и да освојат титула,
Директните дуели ќе го решат првенството.
Ако не се случи некое чудо, не гледам кај би кикснал некој.
Единствено Охрид е тежок терен, кај шо би можело да има некој кикс, очекував појќе од Охрид овај преоден рок, сепак се појќе од коректно скоцкана екипа.
Тиквеш со толку повредени тешко дека ќе напрај нешто појќе, иако се солидна екипа и можат да напрат беља, солиден тренер е Грчевски, ко сме кај тренерите, ете доказ дека секогаш странското решение не е идеално, го зедоја тој рчпало Марковиќ веза немаја, од двојката 9 изгубија во Прилеп, дојде Грчевски одма друг мајндсет.
Зато е многу важно овие неколку недели да се темпира формата и да се оди ALL IN на тие две гостување во Скопје 4то и 7 мо коло.
Ако тепат една утакмица во Скопје, автоматски се прај мини круг, па и со еден пораз , би излегле први на крај, под претпоставка да ги добиеме домашните утакмици.
Тој плус 1 бод шо би се префрлил во плеј оф можи да биди одлучувачки,ама и не мора да е така, еден слаб меч можи да фрли се во вода.

Ако земиме нареден период, до пролетна пауза, некој играч со педигре , можи и ќе се смени нешто драстично во наша полза, или пак конкурентите ако земат нешто поконкретно би било обратно( мислам на Вардар ако сјачат на среден).

Ќе биди интересно оваа сезона, ваљда ја научија лекцијата за тие утакмици надвор ( мислам на гостувањата во Јане), не знам шо да речам појќе.
Од та утакмица во 2022 година неаме салам партија даено таму, од грешки во грешки влегваме, ментален блок од сите аспекти.
Да остајме времето да покажи, долга ќе биди сезоната, 32 утакмици ќе има, 4 плус од ланските две сезони, шо не е малку.
 
Последно уредено:
Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.202
Поени од реакции
2.389

Spolajti covece sho pisa se i posle ova mislenje slobodno neka se klaj kluc na temata da se cita ova kako posledno da ne verglame pokje istite likoj tuka se edno isto pa isto :oleee::kluc:
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Лига шампиони
Не знам колку беше рационална одлуката да се пробаме пак овде. :popce:
Сепак е преголем залак оваа лига, а реално, моментално не можиме да го изџвакаме товарот на конкуренција на терен со најаките екипи од светот.
Со буџет од 1.5 милиони евра не можиш и да сакаш да напрајш компетивен тим.
Јас да бев на местото на управата ќе си терав во ЛЕ, сосема коректна конкуренција кај шо би имале можност со овај ростер шо сега го имаме да скиниме некој и на гости и да поминиме група.
Ќе ги намалев очекувањата на рајата, и ќе ја спласнев малку таа нереална еуфорија шо се прај во градо, како демек требало да дојди Хансен, Карабатиќ овде, се испод то е дебакл.:cool:
Многу нереални работи очекуваме, без да ја согледаме реалноста.
До пред некоја година се мачевме во Челинџ Куп да влезиме, со Тинекс Пролет, сега чекаме екстра класа играчи да дојделе.
Е па не оди во пракса така, и да имаш пари на лагер прашање е дали ќе сака некој салам играч да дојди во град без аеродром, инфраструктура салам, без модерна сала, без школи за деца, услови некој шо ги барат сите јаки играчи.
Не е само парите извај ги, и Вардар вадеше пари огромни и нудеше плати нереални, па дојде стечајот.
Единствено добра работа во целата оваа приказна од ЛШ е шо ја избегнаа другата група.
Ако падневме таму поубо да се откажеа со време.

За разлика од лани, спортски и коректно е да се надеваме дека би брцнале некој бод, на тие домашни утакмици со Фредерициа, Спортинг.( иако ова се екстра екипи, Фредерициа за еден гол изгуби титула од Алборг, Спортинг со браќата Коста за малку пропушти Ф4 лани во ЛЕ).
Висла и Динамо заминаа доста напред со вложувања и работата, скаутирање на играчи, потпишвање договори на долг рок.
Ама некако можи и со овие да се игра во Битола, нормално со мотивација и пристап салам.
Успех ќе биди неколку бода да се земат ( моја прогноза е од 2-5 бода), се над ова е премија.
Автоматски споено мислење:

Да остајме да видиме на шо сме.
Уште непочната сезоната се фрлат чифтиња.
Се плука, се кара, оставки се барат на големо.

Дури и невкусно е да се чита. :facepalm:
Тие се одлуките, тој е клубот, се напрај шо се напрај.
Не одат така работите, и да напрат некои промени сега на тренерска позиција, треба време да помини за да се види резултат. а во септември не се прај јака екипа, ниту е реално да чекаш некој тренер да ти дојди и да се нафати да работи и одма да дојдат резултатите.
Овде и Онеста да го земат, пак мана ќе му најди рајата и по прв пораз од Вардар, Алкалоид ќе мафтат со марамчињата.:popce:
АБЕ КОЈ ТЕ КЛАДЕ бе тебе, ДА ТИ ЕБИ ПЕС МАЈКАТА!?- е то ќе се слуша:cujte:
Ко шо беше со Валтер случајот.
А, не е секогаш до тренерот (иако најчесто е), можиш ти да црташ до сабајле акции, да анализираш, тактики да прајш, ако не е компатибилна екипата на терен џабе ти е.
Од времето на Маковеј сме немале тренер шо напрајл директен импакт врз екипа и само заради него да сме биле подобра екипа.
Многу време треба за една екипа да се склопи, не е само тренерот и демек готово, сега ќе газиме.
Овде рајата е научена само на критики, шо и да се напрај, пак нема да чини.
Треба да се подржи екипата, без разлика кој седи на клупата. кој е во управа.
Овде сите мислат дека можат подобро да го водат клубот, а не оди така, за се треба време и трпение.
Помина времето во 96та и 2002 , ко се играше поспор ракомет и се доаѓаше полесно до успех во Европа.
Сега толку е крената летвата, шо ако не се спремен физички и не ротираш како треба, ќе јадиш по +40 комада секоја утакмица.
Доказ е Алкалоид, тркачки спремна екипа победва реално појаки и поискусни екипи.
То е то, нека почни сезоната па да видиме како стојат работите.
Реално во првите 3 кола во ЛШ немаме некои некои шанси за бод.
Среда во гости со ПЕ СЕ ЖЕ, наредна недела во Битола со Лисиците од Берлин, па после 3то коло со Динамо во Букурешт.
После Динамо, утакмицата со Вардар на гости, збиен распоред.
Нека удрат се на една карта за овај месец, на та утакмица во Јане, па шо ќе биди нека биди.
Едно е сигурно, како и секогаш ќе има нервирање и зголемена потреба од медикаменти за смирвање на нерви.
 
Член од
24 јуни 2022
Мислења
349
Поени од реакции
866
Никој нигде не прочитав да повикува на празна сала, ама ако сам така очекуваш или па уште полошо таква да е реалноста, не ја барај вината кај форумџиите и дека некој повикувал. Секој има право на свое мислење, а дали ќе биди така или времето ќе кажи. Лани на првото учество во ЛШ, на двапати салата беше под очекувањата, бројка рамна на натпревар со Тиквеш или Охрид. Екипата за ЖАЛ не оди во нагорна линија од лани, пуштена е во лер и си тера во некоја надолна линија, а за то не сме никој од тука криви. Кажав јас т.е прикажав шо рече Лазаров: ,,Битолската публика неможиш за ракомет да ја излажиш." И толку. Крај на муабетот. Кажав погоре, јас сум немал сезонска, луѓе кои имаа 2-3 години и се откажаа ова година, ти вели, јас како навивач само така можам да го искажам револтот, со неодење. Зато МОЖИ ќе биди салата под очекувањата полна, односно празна.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
Nazmam na koj mu prajte inaet,so to demek ke bojkotiram neidam na utakmici pa neka vidat tie ubo.Vo svetot ne postoj be takv termin,se odi na utakmica I se naviva,kaj nas se naucika ke bojkotiram,pa preku k...t ako bojkotirate barem ke se iscisti tribinata od trujacite.
 
Член од
2 септември 2016
Мислења
880
Поени од реакции
2.010
so se desi so disciplinskata na fitilo ? kolku e suspendiran znaj nekoj? nemozam info da najdam nigde
 
Член од
30 април 2022
Мислења
26
Поени од реакции
64
Лига шампиони
Не знам колку беше рационална одлуката да се пробаме пак овде. :popce:
Сепак е преголем залак оваа лига, а реално, моментално не можиме да го изџвакаме товарот на конкуренција на терен со најаките екипи од светот.
Со буџет од 1.5 милиони евра не можиш и да сакаш да напрајш компетивен тим.
Јас да бев на местото на управата ќе си терав во ЛЕ, сосема коректна конкуренција кај шо би имале можност со овај ростер шо сега го имаме да скиниме некој и на гости и да поминиме група.
Ќе ги намалев очекувањата на рајата, и ќе ја спласнев малку таа нереална еуфорија шо се прај во градо, како демек требало да дојди Хансен, Карабатиќ овде, се испод то е дебакл.:cool:
Многу нереални работи очекуваме, без да ја согледаме реалноста.
До пред некоја година се мачевме во Челинџ Куп да влезиме, со Тинекс Пролет, сега чекаме екстра класа играчи да дојделе.
Е па не оди во пракса така, и да имаш пари на лагер прашање е дали ќе сака некој салам играч да дојди во град без аеродром, инфраструктура салам, без модерна сала, без школи за деца, услови некој шо ги барат сите јаки играчи.
Не е само парите извај ги, и Вардар вадеше пари огромни и нудеше плати нереални, па дојде стечајот.
Единствено добра работа во целата оваа приказна од ЛШ е шо ја избегнаа другата група.
Ако падневме таму поубо да се откажеа со време.

За разлика од лани, спортски и коректно е да се надеваме дека би брцнале некој бод, на тие домашни утакмици со Фредерициа, Спортинг.( иако ова се екстра екипи, Фредерициа за еден гол изгуби титула од Алборг, Спортинг со браќата Коста за малку пропушти Ф4 лани во ЛЕ).
Висла и Динамо заминаа доста напред со вложувања и работата, скаутирање на играчи, потпишвање договори на долг рок.
Ама некако можи и со овие да се игра во Битола, нормално со мотивација и пристап салам.
Успех ќе биди неколку бода да се земат ( моја прогноза е од 2-5 бода), се над ова е премија.
Автоматски споено мислење:

Да остајме да видиме на шо сме.
Уште непочната сезоната се фрлат чифтиња.
Се плука, се кара, оставки се барат на големо.

Дури и невкусно е да се чита. :facepalm:
Тие се одлуките, тој е клубот, се напрај шо се напрај.
Не одат така работите, и да напрат некои промени сега на тренерска позиција, треба време да помини за да се види резултат. а во септември не се прај јака екипа, ниту е реално да чекаш некој тренер да ти дојди и да се нафати да работи и одма да дојдат резултатите.
Овде и Онеста да го земат, пак мана ќе му најди рајата и по прв пораз од Вардар, Алкалоид ќе мафтат со марамчињата.:popce:
АБЕ КОЈ ТЕ КЛАДЕ бе тебе, ДА ТИ ЕБИ ПЕС МАЈКАТА!?- е то ќе се слуша:cujte:
Ко шо беше со Валтер случајот.
А, не е секогаш до тренерот (иако најчесто е), можиш ти да црташ до сабајле акции, да анализираш, тактики да прајш, ако не е компатибилна екипата на терен џабе ти е.
Од времето на Маковеј сме немале тренер шо напрајл директен импакт врз екипа и само заради него да сме биле подобра екипа.
Многу време треба за една екипа да се склопи, не е само тренерот и демек готово, сега ќе газиме.
Овде рајата е научена само на критики, шо и да се напрај, пак нема да чини.
Треба да се подржи екипата, без разлика кој седи на клупата. кој е во управа.
Овде сите мислат дека можат подобро да го водат клубот, а не оди така, за се треба време и трпение.
Помина времето во 96та и 2002 , ко се играше поспор ракомет и се доаѓаше полесно до успех во Европа.
Сега толку е крената летвата, шо ако не се спремен физички и не ротираш како треба, ќе јадиш по +40 комада секоја утакмица.
Доказ е Алкалоид, тркачки спремна екипа победва реално појаки и поискусни екипи.
То е то, нека почни сезоната па да видиме како стојат работите.
Реално во првите 3 кола во ЛШ немаме некои некои шанси за бод.
Среда во гости со ПЕ СЕ ЖЕ, наредна недела во Битола со Лисиците од Берлин, па после 3то коло со Динамо во Букурешт.
После Динамо, утакмицата со Вардар на гости, збиен распоред.
Нека удрат се на една карта за овај месец, на та утакмица во Јане, па шо ќе биди нека биди.
Едно е сигурно, како и секогаш ќе има нервирање и зголемена потреба од медикаменти за смирвање на нерви.
Убо кажано се.
Сметам дека со Валтер беше избрзана одлуката шо го избркаја, пошто со него сигурно ќе носеше Скандинавци и други.

Околу трансферите ова лето, реакциите лоши се воглавно пошто сите очекуваа "Играчи што ќе го подобрат клубот за 30-40%" и дека нема истата грешка од лани да ја напрат, ама од то ништо не бидна.

Ќе фатат форма и мислам дека ќе изиграме поќе од солидна сезона, најбитна е првата со Вардар, та ќе кажи до кај сме точно.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.143
Поени од реакции
1.898
Шминкери
Ќе фатат форма и мислам дека ќе изиграме поќе од солидна сезона, најбитна е првата со Вардар, та ќе кажи до кај сме точно.
Ни та со Вардар ни та со Алкалоид не се важни резултатски колку шо се за морал важни.
Важни утакмици се од Март и ситуацијата која ќе биде со новиот претседателот (и кој ќе биде оти освен потпреседателот има др змии позади него)
Форма ќе се крени, има простор за уште 2 странци во тимот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom