Олабајте бе луѓе олабајте...
Никогаш немало толку тензија не велам непотребна али во толкава мера незнам.
Се знае неспособноста на управата се знае и кој им се средствата на клубот и како ги цинчат од денар за денар не толку помалку овај не вереди ќе земеме поевтино. И на крајо шо сиромајо секогаш дупло плајќа.
Една работа не ми е јасно оти пред 10-15 години не сме ги распнувале Спиро Мавровски, Писето, Двојче ајде и до негде и Ефто али не е за во ова друштво за "неуспесите" ставен е оти е во период кога сме биле на дното. И во трите случаи општината даваше средства за клубот да биде на некое ниво од каде во период на Писето се одеше и до сума до 200к и после него кога го превзеде Двојче целосно со печати се одеше и со посериозна сума кој позади Металург и Вардар беше трет по буџет. Дали некој од вас "ПОСТАРИТЕ" дали на тапет го плукавте било кој од овие и правевте толкава врева за неправилностите кои ги правеа и тиквари како Корлето ушлино и слични... дали тогаш на тапет ги вадевте валканите гајќи на тие шо се шлеповаа по ресторани и јадеа на ваша сметка или тогаш и вие одевте на тие софри?
Ајде бе страмота сте се запнале за тоа дека картите се скапи па се е поскапено... можеш едно ливче помалку да пишиш и да си приуштиш да одиш на утакмица ако сакаш и ако ти биле кнап парите. Не е е тоа работата за 600ки работата е тогаш дека одевте беспари на утакмици сега ги плајќате и се чукате по гради дека сте оделе на секоја утакмица и ви дава право да зборате, и јас сум одел па шо уште одам и се забавувам гледам играчи кои само сум сонувал да ги видам во живо а гледам ракомет од 96 и посетувам утакмици од тогаш. А знаете оти оти тогаш најголема еуфорија се креваше за ракомето и секое дете сакаше тогаш да биде дел од тоа шо го гледавме со Киелце со Лемго, со Флензбург со ГОГ Гудме и да не набројувам со кој уште не кога кога само сонуваа да гледат ракомет во вукојебината која ја нарекиваат метропола. Отпосле видоа ракомет тие клепнатите од 2000 нагоре ко почнаа клановите Метаљари, Начевски и Гино стрезовски на секој можен начин сакаа да го закопат ракометот во Битола и до некаде успеваа со обструкциите кои ги правеа. Арно дојде Трифун да ни поклони титула инаку ни тоа немаше да го земеме. Нигде не го имате плукано Спиро дека платите не им ги префрлаше на сметка на играчите туку ги пикаше во свој џеб или несакате да се сетите на тоа, и дека тој беше причината шо си замина Трифун од клубот или кратки ви се сеќавањата се сеќавате на нешто друго.
Клубот се сака на секој начин не мора само присуство на утакмица доволно е во душата да си задоен со битолското и нормално да имаш свиткано чингел мало прсте.
Една работа ќе ви кажам па сте се лутеле или не СИТЕ ВИЕ ШО НАЈМНОГУ ПЛУКАТЕ ПРВИ ЌЕ СЕ ГУШКАТЕ И СО ЗОКИ СО БОЈАН И СО БРАНЧЕ.
Олабајте и уживајте додека трае оти ако го нема и тоа ќе си шептите со кафето на Широк сокак и да го сркате по сат време.
Не сум ни за ни против Стерјеви но тоа дека се трудат нешто да направат дека обединие неколку фирми големи во градот за заедно да створват нешто им пуштам рака, но дека се абдали во менаџирање на клуб од спортски аспет да абдали се, на почетокот си велев ќе се научат но слабо и тоа пребавно оди а дури и со чекори наназад.
Ето ќе го избркат и Шундо и Бранче... кој др ќе го клат во управа Златко кој влице ги пцуеше кој има друг кадарен ајде кажете да е наш. Димитар си замина од клубот ради притисокот кој го имаше за ЦЕЛОСНА ОРГАНИЗАЦИЈА на буквално се не му даваа луѓе не му даваа ни некој денар повеќе а и незнаеше да брка преговори за правилни играчи, работеше по друга директива.
Личности од кој ќе видеме благодет за врски со играчи од др земји за да привлечи према нас е Никучот но тој сеуште е играч и не може толку мн да се посвети за ваква работа.
Единствен кадарен со врски и кој е подолго време надвор од државата и може да донеси квалитет е Филип Миркуловски (веќе некој го спомна некаде само не се сеќавам кој), Миркуловски е исто така солидна опција за тренер во клубот. Друга опција е Раде кој моментално е во Тримо Требење кој може да потегне врски од секаде но најдобра опција е Миркуловски засега. Тамше да солиден тренер е но се виде дека чоекот нема карактер врз поголеми играчи 2 и пол години распашана банда беа Нексе, Тамше направе успех со Тримо оти имаше млади деца и ништо повеќе. Како координатор некаков во тимот да вреди да се земе оти има врски и во Словенија и во Хрватска и во Босна за млади надежни играчи. Да бидат како една база за идни играчи.
Павле Атанасиевиќ дете ѕвер мадиња од биол кој сака да се докаже и да експлодира но реално му фали мн техника треба мн напорни индивидуални тренинзи после тренинг за да поработи на тоа. Колку посветуваат самите тие на тоа и колку клубот им дава насока во кој правец да се надградуваат незнам. Бранче свесен е на неговите можности и знае дека на повисоко ниво не можеме да се ослониме само на нив. Да во Македонско првенство треба да добиваат по 40 минути сите тие кои треба да бидат иднината на клубот.
Истото важи и за Емилијан 2 години се влечеше по тренинзи и со никаква заинтересираност арно се разбуде малку ова година сега дали дека му е последна сезона во клубот па сака да направи некаков трансфер некаде незнам али мило ми е дека мрдна малку со газот и да се труди малку оти има НЕВЕРОВАТЕН ТАЛЕНТ а не го користи воопшто (Оти? Оти не сака да тренира мрза е невидена)
Има еден тон да се пишува за тимот не но ми беше тоа поентата, најмногу ми беше за тоа колку сте тутурутки направени и шо сте фрлени само на плукање а не ви текнува дека и на времето било ваков башибузук а може и да се каже и поголем. Сега разликата е дека само појќе пари се фрлаат а тие пари се на спонзорите во поголем дел не народни пари.