Фан клуб: РК Пелистер

Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.143
Поени од реакции
1.898
@joveko

А да ти кажам дека после Гевгелија Бранко си даде отказ и дека истиот е одбиен на одредено време, ќе ти биде полесно?
Не измислувам и не ни прогнозирам да ти биде појасно.

Бранче требаше да биде долгорочно решение во тимот и да да се учи на Пелистер но не се покажа во право светло. Од моја гледна точка вредеше да се проба, и го подржував тоа но ко ќе нештима нештима.
 
D

DupiMandalo

Гостин
Па одбиен му беше отказот зато шо не се за сериозен проект и сериозно вложвање во клубот.
Да беа сериозни после поразот во финалето од купот лани ќе почнеа да барат нов тренер. Ама и нив му одговара вака да ја истуркат уште 2 години платформата на минимум инвестирање.
Знат дека ако донесат салам тренерско име, ќе треба да му донесат играчи шо тој ќе ги напиши на еден лист хартија и ако не ги донесат по една сезона ќе му речи чао како Чиркович шо му рече дури беше во Работник на почетоците.
Јасно му е и врапчињата на гранките во Битола колку е сатот, зато експлодира ова бура од реакции летово после турнирите во Турција и Добој.
Ќе го зеам по стоти пат примерот со Нексе и нивниот газда Ергович.
Капа до под за дечкото... Од година во година го зголемва буџетот и се бори со цел еден ешалон во ракометните структури во Хрватска за да го турнат Загреб од тронот.
15 години инвестира сам, ни општина ни партнери ни бутур. Сега започна и со изградба на нова сала во Нашице за Нексе.
То е сериозен проект, то е љубов према клубот и спортот.
Каков само тим склопија ова лето, секоја чест.
Ние го преспавме летото, чекавме да заврши партијата шах помеѓу Тони и Зоран за да се потпиши платформата, па во Септември да му текни дека фалат уште играчи и дека не сме комплетни.

Само нека се здрави и живи, сите порази се небитни.
 
Член од
11 мај 2024
Мислења
72
Поени од реакции
205
Свака част за то шо вложват и за желбата, ама да не се лажиме онде еден нема р од ракомет. Нека си најдат чоек шо разбира ракомет, со авторитет и име за да го води спортскиот дел, нека одат и со странец на таа позиција ако треба, нека ѕирнат барем до Србија, Хрватска.
Едно непопуларно мислење ама Пискачот 3 пати подобро менаџирање со клубот него дечките сега. Со 200к буџет и со тренер скоцкаја екипа шо го шлакаше првиот клуб на газдите на секој чекор. И тогаш истите грешки ги праеа од сега, слушај курле мадле, 20 странци надојсени, после секој пораз нови играчи влечкаја, уште се газам од смеење после втората утакмица со Пелистер ко ги зедоа Лазе Мајнов и Чутура, еден куп пари истурија и пак ги треснаја од паркет, па ајде нова тура играчи.:pos:
Значи ништо не е променето во однос на нивното функционирање, толку да се немало осет јас неразбирам.

Носиш тренер со цел стручен штаб, тренер на голмани, помошник и му даваш одврзани раце. Бабич и Валтер ги испуштија низ вода, Валтер го донесоа на готова екипа изнакупени 10 играчи (појма немаат кој ќе е тренер, по сопствено убедување или по нечија суегестија си ги потпишваја играчите, значи ЧИСТ АМАТЕРИЗАМ!) наместо да му дат време да креира свој тим за наредна сезона, тие го бркат пред плеј оф, за да генијалците изгубат ко магариња во Скопје, среќа Алкалоид му ја заврши работата.
Сега Бранко Ангелевски ќе се учел на Пелистер, добро бе нормални се? Дај и неколку членови од форумот нека добијат шанса да се поучат ко така, шо знајш можи ќе го биди некој ќе му запали среќата.

Имаја двајца добри тренери, не успеаја да ги зачуват и да изградат нешто, сега нека се подупат со уште некој кловн до крај на мандат.
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
917
Поени од реакции
1.228
- Никогаш немало толку тензија не велам непотребна али во толкава мера незнам.
Се знае неспособноста на управата се знае и кој им се средствата на клубот и како ги цинчат од денар за денар не толку помалку овај не вереди ќе земеме поевтино. И на крајо шо сиромајо секогаш дупло плајќа.

- Една работа не ми е јасно оти пред 10-15 години не сме ги распнувале Спиро Мавровски, Писето, Двојче ајде и до негде и Ефто али не е за во ова друштво за "неуспесите" ставен е оти е во период кога сме биле на дното. И во трите случаи општината даваше средства за клубот да биде на некое ниво од каде во период на Писето се одеше и до сума до 200к и после него кога го превзеде Двојче целосно со печати се одеше и со посериозна сума кој позади Металург и Вардар беше трет по буџет. Дали некој од вас "ПОСТАРИТЕ" дали на тапет го плукавте било кој од овие и правевте толкава врева за неправилностите кои ги правеа и тиквари како Корлето ушлино и слични... дали тогаш на тапет ги вадевте валканите гајќи на тие шо се шлеповаа по ресторани и јадеа на ваша сметка или тогаш и вие одевте на тие софри?
Ајде бе страмота сте се запнале за тоа дека картите се скапи па се е поскапено... можеш едно ливче помалку да пишиш и да си приуштиш да одиш на утакмица ако сакаш и ако ти биле кнап парите.

- Не е е тоа работата за 600ки работата е тогаш дека одевте беспари на утакмици сега ги плајќате и се чукате по гради дека сте оделе на секоја утакмица и ви дава право да зборате, и јас сум одел па шо уште одам и се забавувам гледам играчи кои само сум сонувал да ги видам во живо а гледам ракомет од 96 и посетувам утакмици од тогаш.

- Не сум ни за ни против Стерјеви но тоа дека се трудат нешто да направат дека обединие неколку фирми големи во градот за заедно да створват нешто им пуштам рака, но дека се абдали во менаџирање на клуб од спортски аспет да абдали се, на почетокот си велев ќе се научат но слабо и тоа пребавно оди а дури и со чекори наназад.

- Ето ќе го избркат и Шундо и Бранче... кој др ќе го клат во управа Златко кој влице ги пцуеше кој има друг кадарен ајде кажете да е наш. Димитар си замина од клубот ради притисокот кој го имаше за ЦЕЛОСНА ОРГАНИЗАЦИЈА на буквално се не му даваа луѓе не му даваа ни некој денар повеќе а и незнаеше да брка преговори за правилни играчи, работеше по друга директива.
Ај ќе пробам пак да ти се објаснам малце, иако не заслужваш искрено. Во 5 точки ќе пробам да ти одговорам.

- Толкава тензија имало секогаш и ќе има, па и кога клубот бил за испаѓање и сега кога се бори за титула. Ако се гледа од авион дека нешто не штима, треба да вели да супер, е таман е се, терајте? Јас мислам дека не треба, ти ако мислиш дека по секоја цена СЕ треба и лошо и арно шо вика Горан да се аминува, јас не мислам така.

- Јас пак ќе ти речам и пак за мене лично ќе зборам. СЕКОГАШ сум распнувал (како шо велиш ти), сеедно кој биле, дали Спиро, Двојче, Ефто или Писето. И да ти расправам тука сега со деној дека сум бил лично од двојче нападнат за страната и за нашите натписи, мислења јавни напишани (секогаш реални и во интерес само на вистината и спортот) на неа во врска со ракомет, фудбал, кошарка и то во Општина, бев на отварање на некакви "понуди" за Фк Пелистер, па после едно 2 сати чекање, наместо некоја добра вест некоја продажба, тој со Гордана од Општина ми се нафрли оти страната била моја, сум пишел против него, односно сме ја кажвале вистината која него, а и на секој сопственик или градоначалник за жал не му се допаѓа, јбг за ме никогаш црното нема да е розево, ниту пак обратно. Да ти кажам и дека тогаш во тој период брат ми бил во прва екипа (фудбал) со договор од 3 години и се то го користеја како оружје против страната и тие шо ја водевме тогаш? Да ти кажам дека брат ми магично преку ноќ исчезнувал од списоци за на припреми, повикани за на утакмица на негови 15 години тој врвеше 3 години (до 18 години) низ пекол? Да ти кажам дека Двојче и луѓето на кој му сметаше страната и јас, сакаја мојте од работа да ги избркат 2013/14 година, ама арно приватно па не успеа. Да ти кажам дека на членој овде од форумот кој ти не нарекваш "ПОСТАРИТЕ" во наводници секако, за време на кампањата Сакаме Стадион во Битола му беа затворани бизниси од кои фамилии гледаја, закани во 3 сабајле, кревање на колата со пајак од паркинг место (кај шо живеат) и то се во времето на Двојче, Писето, Мисето и тие во фудбалот кои и да беа, да ти кажвам? Ако ти си кренал тогаш глас и не си се изборил да ти се чуе твоето мислење, тогаш не не клавај сите во ист кош. Оти ако кажиме шо чини, а шо не, то не значи дека ГО НЕЈЌИМЕ КЛУБОТ !!!

- Не само шо скоро секогаш (освен од корона времето па се до пред 2 години на ракомет, по иницијатива на екс спортскиот Димитар не плаќав), туку и редовно на нашата страна сме објавувале каде можат да се купат карти, сме праеле наградни игри за подигање на интересот, атмосферата, мобилизацијата за секоја битна утакмица, и сигурно ако не појќе ама во тој поглед како страна со 15К следбеници (ФБ и Инста), ама за 10% сме го кренале интересот и продажбата на карти, сигурно и то не го кажвам за да се фалам или фалиме, туку го кажвам дека со кеф сме го праеле то, а претходниот спортски то знаеше да го препознај, оти ниту сме му барале дополнителни спознорства или па ручеци, вечери, гостувања платени (како другите портали BN, GOL итн.)

- За Стерјеви ќе се сложам целосно со твоето напишано.

- Јас, ти, ние тука да му мислиме кој да го клат да му мисли тие ако немат мозок? Од тука, ние форумџиите да му даваме ум? Не бе, има експерти, има луѓе кои се задолжени за то. Ако нема во градот има во државата, ако нема во државата има надвор од неа. Ако незнајш план да напрајш за наредните 1-3-5 години, викни некој паметен да ти напрај, а не да клаваш луѓе кои незнаат дали топката е тркалезна или коцкеста ракомет да ти водат и од нив да чекаш да бидат првите оперативци. На Самсоненко му се смеевме од претседател тренер ко стана, ама кај нас како е тргнато од неспособни луѓе ќе треба и кај нас Зоран да седни изгледа на клупа. Има луѓе бе, ете го Миркуловски ќе пробам да го земам во клубот, ако не ќе барам друг, ако нема тука, има Хрватска, Словенија, Шпанија, не зборам само за тренери, туку зборам за оперативци, за луѓе кои ќе направат план долгорочен и ќе се држат до него со претходно зацртани цели. Главен за трансфери да ни биди Ванчо Димовски (незнам дали е уште), ама златен бил сребрен бил, абе ако сака како чоек и ДИЈАМАНТ нека биди, ама ако не го бива не го бива, е сега напрајл неколку трансфери ради него дошле иначе немало, ДОСТАТЕ бе со тие муабети, за Пелистер се слуша од '00, ако клубот е среден, има пари, не ти треба никој за играч да донесиш, ти требаат пари реално.


Се фати за тоа шо сакам јас да гледам и сум гледал ко дете ко иделе кај нас тие клубови.
Маже шо не се фате за футсалците, за клептомано Спиро, за малверзациите на луѓето на Двојче кој беа на преплатен список.
Маже те боли карта шо не ти дават муфте или нешто друго.
Шо ти има ова управа полошо направено од погорните набројани та тебе та на сите нас тука шо плукаме.
П.С. Заборајв, со Пискачот не зборав години, ради објавувањето дека украинците кои беа во клубот додека тој беше претседател играа фудбал за Јени Маале. А и да, лично сум се погрижил колку сум можел за тогашни два странци кои беа во Пелистер, едниот остана неколку месеци, а едниот само 1 недела. Двата денес се ТОП играчи и играат во Бундес лигата и двата ден денес се благодарни, оти клубот тогаш беше на катастрофално ниво, а беа сместени во ШУПИ без основни услови за живот. Не се фалам пак ќе речам, ниту пак за ова знај некој (не ни сакам) ама неможиш СИТЕ да ги клаваш во ист кош и секој кој размислува поинаку од тебе, не чини, критичар е, лајнар е, сигурно плаќа карта и не добива гратис итн. Иначе да, последно шо ти реплицирам, од сега само со реакции на твоите мислења, кој и да си, па макар и од управата да си некој или да ти се блиски. :ojeaa:
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.247
Поени од реакции
1.622
Бранче требаше да биде долгорочно решение во тимот и да да се учи на Пелистер
Да пробаме дега директор да го учиме, а Ѕвонко нека се поучи тренер да биди. Ова што го напиша уште поќе ме загрижува ова не треба да случува во аматерски тим а не во тим кој сака да игра ЛШ.
 
Член од
28 септември 2011
Мислења
746
Поени од реакции
1.089
Се фати за тоа шо сакам јас да гледам и сум гледал ко дете ко иделе кај нас тие клубови.
Маже шо не се фате за футсалците, за клептомано Спиро, за малверзациите на луѓето на Двојче кој беа на преплатен список.
Маже те боли карта шо не ти дават муфте или нешто друго.
Шо ти има ова управа полошо направено од погорните набројани та тебе та на сите нас тука шо плукаме.
Dedo , za spiro ti trebase da kritikuvas oti od 96 odis , ko bese spiro jas bev osnovno , za drugite ni znajs so sum prael ni kako .karta gratis od nikoj ne cekam , a za to so velis ovaa uprava so mi ima poloso napraeno , ne e za koj ima mi ima poloso napraeno ( a i ne mozi mene da mi napraj loso , zs klubot e muabetot) da se klava na kantar , tuku sekoj so praj dali loso ili nesto so ne e vo korist na klubo da se kazi da ne se prekutva . A za sega ti znajs koj se na platen spisok so sporedvas so na dvojce vremeto ? Ama i togas imas kuteno i dvojce ko bese.
 

bitolcanec_1

ветеран од златното време
Член од
6 јуни 2011
Мислења
786
Поени од реакции
1.445
Зошто бе без Хосни играме!? Се повреди саглам!?
 
D

DupiMandalo

Гостин
Да застаниме со анализа на "стручниот штаб" веќе нема смисла, 100 страни испишавме за нив а реално не заслужват ни 5 коментари.
Да се вратиме на темата и анализа на натпреварите кои следат.

Денес очекувам и покрај сите лоши игри досега, да се претставиме во добро светло на отварањето. Вервам дека сите негативни коментари ќе ги мотивират да дат максимум денес за да не се избрукаме и со играта и со резултатот.

Очекувам да пружиме отпот барем прво полувреме, па во второ тое да уклучат втора брзина и дс го решат мечот до 45-50мин.
Играме без Хосни шо е огромен хендикеп за нас, пошо Цехте е тотално аут од ко се врати од ОИ.
Се надевам одбраната ќе личи на нешто и ќе му поможи на голманите да скинат поќе топки.

Нека е аирлија сезоната и да се претставиме шо е можно подобро ова сезона во ЛШ. Ваљда полошо од лани неможи да биди.:cautious:
 
Член од
6 февруари 2011
Мислења
858
Поени од реакции
3.713
Треба состанок релација навивачи,управа , играчи и стручен штаб. Некој работи да се кажат во 4 очи. Да се излези со заеднички став. Нека ни е со среќа сезоната. Јас ќе бидам оптимист и типувам на двата трофеи ова сезона и 2 победи ЛШ иако почетокот не ветува. Среќно Пелистере !
 
Член од
13 јули 2024
Мислења
502
Поени од реакции
790
1.02 e kvota za psz ako tepate deenes ke go zdrmate svetot na rakometot nikad ne sum navival za vas ali deneska sredete gi ne gi sakam ovie kurvive so arapski pari da im ebam gnasite cel zivot unistuvaat sport za kurovo zdravje sho se vika da ne moze mali ekipi da se istaknat u sekoj sport. Tesko bez hosni toj eve citam nemalo da vi igra jbg ali aj iznenadete
 

Deksi

Локал патриот
Член од
16 март 2010
Мислења
917
Поени од реакции
1.228
Да застаниме со анализа на "стручниот штаб" веќе нема смисла, 100 страни испишавме за нив а реално не заслужват ни 5 коментари.
Да се вратиме на темата и анализа на натпреварите кои следат.

Денес очекувам и покрај сите лоши игри досега, да се претставиме во добро светло на отварањето. Вервам дека сите негативни коментари ќе ги мотивират да дат максимум денес за да не се избрукаме и со играта и со резултатот.

Очекувам да пружиме отпот барем прво полувреме, па во второ тое да уклучат втора брзина и дс го решат мечот до 45-50мин.
Играме без Хосни шо е огромен хендикеп за нас, пошо Цехте е тотално аут од ко се врати од ОИ.
Се надевам одбраната ќе личи на нешто и ќе му поможи на голманите да скинат поќе топки.

Нека е аирлија сезоната и да се претставиме шо е можно подобро ова сезона во ЛШ. Ваљда полошо од лани неможи да биди.:cautious:
Да се надоврзам, а најпрво нека е аирлија европската сезона.

Денешниот натпревар мислам дека воопшто нема да зависи од нас, туку од туражирањето на ПСЖ, односно со која брзина ќе влезат и ќе го завршат натпреварот. За мене, апсолутно се побитно оние наптревари каде се ќе зависи од нас, со Алкалоид, Вардар, Охрид дома и гости. Битна ми е секоја домашна титула па и Супер Купот, на кои многу тука му стана "НЕВАЖНА", а до пред 2 години му се радвавме како на Лига на Шампиони. За мене, уште еднаш, се освен 3 титули ЌЕ БИДИ НЕУСПЕХ, а ако некој се задоволи и со 1-2, таму нека му е. Јас имам 1001 причина зошто 3 и ништо помалце, а тие нека кажат барем ЕДНА, оти 1-2, а не 3.

За денес, ако играат браќата одбрана ќе се држиме пошто се брзи на нозе заедно во комбинација со Цехте и Абутовиќ, лани во Битола не се сеќавам против која екипа ЛШ се искинаја и топ беа до Цехте и Василев, мора да му се поможи на голманите да не бидат топовско месо.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk
 
Член од
2 август 2011
Мислења
1.247
Поени од реакции
1.622
Треба состанок релација навивачи,управа , играчи и стручен штаб. Некој работи да се кажат во 4 очи. Да се излези со заеднички став
Е ова и јас го мислам и изјава и став кој ќе биде основа за се.
Инаку напливот на незадоволство дојде точно от тоа што управата нема јасна цел и став. Никој не го тераше Зоран да излегува со изјава дека ќе се засилиме со можи 4 играчи на надворешните линии или изјавите на "стручњалот на клупа" дека ни требат уште два играчу пикер и среден.
Мораше од почеток да се има цел ако веќе си решен да штедиш вложваш пари во екстра тренер и не бараш карта за ЛШ ги пушташ децата да играт и имаш топ екипа за дома. Зошто ти се трансфери од типот на Којо па и Манасков и ред други промашени трансфери или трансфери за %.
Или бараш карта добиваш во ЛШ и правиш екипа а за екипа фалат уште најмалку 2 ако не и повеќе играчи.
Неможноста на управата да најди цел ситуацијата ни риба ни девојка ем се сака а се неможи иди до ситуации како во моментов и сега господ нека ни е напомош.
Со среќа (а ќе ни треба многу среќа кога веќе знаење нема) новата сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom