Ај јоше извештај брат не ја гледав ги изненадивме или не потценија ако тепавме денес ќе се забораеше поразот во охрид вака ништо само на самодоверба шо ќе добиеме
Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
Додека чекаш извештај од некој што беше во салата, еве на кратко што видов јас преку стримот на РФМ
- Еурофарм беше делумно ослабен (без Кузманоски и Н.Маркоски) и со едно од послабите изданија во одбрана сезоната, но не би рекол дека тотално без мотивација и потценувачки играа во напад
- Делуваше како Кузмановски сам да игра, се зависеше од него + крилата кои беа доста добри
- На десен бек добија чиста 0 - многу многу слаба игра, а реално невидливи беа и Чурлевски и Крстевски
- Пелистер со по слободна проценка, ракометно најквалитетен натпревар сезонава. Имаше повеќе смисла, повеќе интелигенција во играта од вообичаено, особено во напад.
- Кобетиќ диригент во нападот, ја контролираше доста квалитетно играта
- Маџовски со можеби најквалитетно издание против квалитетен противник кое сум го видел да го одигра.
- Дрогришки не играше многу на почеток, а и направи некои грешки, но со апсолутно клучни голови во финишот кога се кршеше натпреварот - тој беше единствениот кој можеше да пробие кога се стегна малку одбраната
- Плех го надигра дуото на Еурофарм
- Крилата беа солидни
- Јошко Петковиќ извади една креативна тактика да го внеси Черубин како 4 бек во 7-6 варијанта кога играа фластер на Кобетиќ (што ефективно водеше кон 6-5 игра), но од некоја причина откако му се допадна како тоа профункционира тој краток период кога Еурофарм играше фластер, при исклучувањата во второто полувреме, го вадеше голманот за да игра 6-6 и пак го ставаше Черубин како 4 бек (во тие ситуации играа без десно крило. Тоа апсолутно не функционираше и само ја умртви играта.
Се на се ветувачки натпревар за Пелистер иако не треба премногу да се уфилмаат сега, далеку од тоа дека одеднаш се некоја којзнае каква екипа. Добро е што малку од малку барем составот почнува да добива повеќе логика, и да има физиономија која барем наликува на малку подолгорочна.
А за Еурофарм, немам впечаток дека натпреварот нешто посебно кажува за нив, нормално не се совршена екипа, имаат слабости, но главното за нив е напролет (Лига Европа + плејоф битката со Металург). Далеку поголем проблем е можната суспензија на допингуваниот ракометар, отколку изгубените 2 бода.