- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.236
- Поени од реакции
- 6.108
На сите натпревари под капа на ЕХФ кога била полна салата Борис Трајковски била заведена со 6750-6800 гледачи. Од таму ми е математиката.Борис е 6,200. 100%. Знам зошто бев кога ја градеа салата толку пишуваше на таблата, а и плановите беа јавно објавени. 6,000 е салата. 4,500 фиксни, 6,000 со монтажните, и 200 плус со тие позади гол на страната што нема трибина, што се додадоа по некоја година. Викаат дека е 8,000, ама според официјалните планови, тоа е капацитет за концерти, не спортски настани.
Јане е помала нешто. Така што тешко да е 5.500, зошто и трибините не одат до земја како во Борис.
Оставите вие што зборат на ТВ и по весници. Капацитетот на сите сали кај нас е помал од тоа што се претставува. Пример, во Кале, порано викаа 3,000. Кога се ставија столчиња, ЕХФ рече дека е 1.900 капацитетот. Кумановци се фалата дека нивната собира 7,000, ама тоа е од еден ТВ пренос, спикерот што си нафрли бројка. Реалноста е дали 3,000 собира нивната. Знам зошто сум бил неколку пати на баскет таму.
Така што, за Битола, 5,000 е солидна бројка. Не е само големината. Подобро помала, ама стално полна, него голема, а некад полна, некад не.
Инаку и може реално да се избројат број на седишта за точно да се види.
Како и да е, организација на ЕП/СП во сениори машка конкуренција не можеш да добиеш без сала со над 10k, а за натпревари минимум што била одобрена сала во последните 10-15 години како втора или трета сала биле сали над 7k.
За Битола сала од 5k слична на Јане Сандански теоретски е веројатно ок, ама мора да се гледа и големата слика, затоа мислам дека е паметно да биде 7k. А и мислам дека ако паметно се работи со клубот на европски натпревари + дуели со Вардар, 7k не е проблем да се наполнат.
За ЛШ ракомет условот е 4 трибини и простор зад головите за реклами, така што капацитетот не е толку битен.
Во секој случај, да го цитирам коментарот што ги даде некој погоре, во Битола се гради сала еднаш на 50 години. Штета би било да се утни сега заради ситни заштеди.