Мислам дека Дарко ќе остане наредната година во Металург.
Откупувањето на неговиот договор во Гепингем,за да остане во Металург,сигурно ќе чини помалку отколку кога ќе го продадат наредната сезона.Значи очекувам 2012/13 Станич да брани во Металург уште една одлична сезона,со барем топ 16пласман во ЛШ.А потоа за 2013/14 да замине во некој од светски најјаките тимови,Атлетико Мадрид,Кил,Хамбург,Копенхаген...Затоа што мислам дека и самиот е свесен дека после Гепинген тешко дека ке има шанса за да оди во друг јак Бунсеслигаш.А Гепинген тешко дека ке може да парира на Хамбург,Кил па и Фленсбург и Фуше Берлин во Германија.
А сега на потег е Минчо.Ајде дечко покажи дека си вистински љубител на ракометот.Ајде чекаме уште вложувања за догодина,пред се уште двајца јаки бекови во напад,барем две крила,и еден пикер.
И да се надеваме на силна балканска лига со Металург,Вардар,Загреб,Словенските екипи,тука може и Унгарски Веспрем,и другите силни балкански екипи.Се надеваме дека ке се формира силна лига.