Фан клуб - РК Металург

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.528
Поени од реакции
69.295
Абе сеа он нигде не пиша дека вториот состав го надминал првиот. Ама сигурно е дека засилувањата се подобри од тие што беа предходно. Рано е уште да се носат заклучоци како ќе се одвива сезоната, почеток на подготовки е. Се знае дека овие што ги наброја ќе бидат главни играчи ама сега ќе имаат и замени добри. Циндриќ дефинитивно ќе има важна улога во тимов сезонава. Борозан со 19-20 години е сосема добра замена. Игра супер одбрана и е шутер. Да, слабо играше Вардар одбрана ама и одлично се правеше простор за негови шутеви. Липовина исто така добар во одбрана, а и за напад покажа дека не се плаши да шутне. Сеа за пикериве. Ванчо или ќе се пензионира или ќе има мала улога. Н. Марковски и на турниров покажа дека не го бива (топка не може да фати), Жаре изигра добро и напад и одбрана само што проблем со него е што често знае да направи престап. Марсениќ супер во Партизан, тука ќе видиме како ќе се покаже. Дефинитивно е меѓу најталентираните на негова позиција. Џукиќ исто така се покажа добро на турниров, ќе му биде добра конкуренција на Џомба. Сеа од младиве најверојатно Талевски ќе добива повеќе шанса, а Нелоски најдобро ќе биде да изигра до полусезона во Јуниор. Долго беше повреден и на првенствово се гледаше тоа.
Според мене најдобар во одбрана ви беше Кукоски :)
Од друга страна, тука имаш еден многу непобитен факт, а тоа е дека Вардар промаши 6 седмерци :)
Седмерците ти се спречување зицер ситуација со фаул, што значи одбраната во тие 6 ситуации извисила, а ве спасувал голманот. Такви партии каде што еден голман фаќа 6 пенали, се случуваат еднаш во сто години :)
Не сакам да терам муабети, што би било кад би било, муабетот ми е дека Вардар го загуби мечот во одбрана, додека во напад мислам дека полесно од други години се справуваа, само овојпат голманот ги откажа.

Предноста на Металург е тоа што со години ги има истите главни играчи во тимот. Никој не си оди, истите се заедно веќе најмалку 4 сезони, што прави многу полесно да се прилагодат и оние нови играчи кои поседуваат квалитет. Циндриќ во иднина ќе биде она што е Карачиќ за нас, за другите не им давам којзнае каква иднина. Металург многу ќе згреши ако не го форсира Талески, можеби единствен играч од кај вас за кој посакувам да дојде во Вардар во иднина :)
Од мој аспект Металург нема тим за повисоки дострели од изминатите 2 сезони во ЛШ. Вардар во ЛШ е една екипа, во дуелите со Металург е друга екипа. Иако имаме потешка група, мислам дека за ЛШ имаме покоматабилна екипа и ќе стигнеме подалеку.
На мечевите со вас решаваат други фактори кој ќе биде победникот.
Раул тотално разочарува што не научи како се добиваат дуелите со вас. Да беше Вујо со овие играчи 10 разлика ќе ве добиеме ;)
Ако приметуваш против вас никако да се истакне некој од новиве играчи. Секогаш е најдобар некој од старата класа, Карачиќ, Прибак, Столе, Милиќ, па и Петриќ да игра сто пати подобро би изиграл од Душаебаев.
Од друга страна, Вујо не би стигнал далеку во ЛШ. Тоа е таа различна тренерска тактика, како и разликата во критериумите на меч кој се игра во Европски рамки и меч кој се игра во наши рамки.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.316
Поени од реакции
6.826
Абе силата на Металург е таа. Целта е ако може да го повторат успехот од лани во ЛШ и ако имаат среќа со противници да напраат изненадување. И Вардар мислам дека уште нема тим за полуфинале во ЛШ ама и со малку повеќе среќа може да изненадат. А за муабетот со Вујо дека знаел да игра против Металург не е сосема точен. Металург изгуби титула највеќе ради Червар и неговото форсирање на едни исти играчи и кога треба да се одлучува за титула пола од нив беа повредени, а нивните резерви тотално вон форма зошто не играа ич.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.211
Поени од реакции
8.013

Грешка си, Раул не знае што значи дербито со Металург за навивачите на Вардар. Вујо тоа многу добро го знаеше и буквално гризеше се пред себе за да го добие тоа дерби. Вујо го победуваше Металург со два-три пати послаба екипа од оваа на Раул а овој буквално дозволи Лино со Металург да му набие комплекс. Баш пред некој ден зборев со другар за ова и затоа сега се надоврзав на муабетот. Мора некој да му објасни на шпанецот дека ова е работа на престиж во македонскиот ракомет и дека мора да си ја заработи платата со тоа што ќе му земе титула на Металург (со скоро дупло посилен состав и веројатно дупло платен). За второ место и јас и било кој ќе освои во оваа македонска лига каде нема никаква конкуренција.
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Wooooow, каков заклучок донесен после ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР...
Мислиш ЛШ освоиле...
На истиот турнир изгубија од треторазредна Француска екипа, цело полувреме губеа од Полски тим, единствено со Вардар изиграа добро.

Од сите играчи што ги исподонесе Лино низ годиниве (зборам за непроверени играчи, а не Атман, Станиќ или Вугринец), освен Лука Циндриќ кој стварно прераснува во класа играч, другото освен повремени блесоци не верувам дека ќе пружат нешто повеќе.
Вардар се изрезили со тактиката и поставеноста во одбрана кога го оставаа Борозан да си трча по цел терен без да му направат фаул, да не мислиш дека исто ќе поминат кога ќе играат со посериозни екипи во ЛШ (па дури и против нас во посериозни мечеви)?
Пак на истите играчи ќе се крсти Металург, Миркуловски, Мојсо, Станиќ и Атман, доста тресете глупости како вториот состав го надминал првиот :vozbud::facepalm:
Дарко Станиќ ти го знаеше а и цела ЛШ го знаеа пред да дојде во Металург? Стана еден од најдобрите голмани откако дојде а не претходно како Штербик. Можеше уште од минатата сезона да игра за Вардар за само 100000 евра што за таков голман се ништо. Они се одлучија Диви да го зимаат.
Жарко Марковиќ го забораваш така?
Дејан Манасков е нивен производ.
Гоце Георгиевски е исто нивен играч.
Ренато Вугринец беше избацен како неупотреблив старец, играше у словенечка лига, го извадија од мртвите, стана најдобар стрелец во ЛШ и сега е подобар од сите три бека на Вардар заедно.
Лука Циндриќ, малиот тенк :)
Ќе видиме што ќе стане со Липовина кој требаше Вардар да го земе а не да му го остави на Металург, со Борозан, со Марсениќ, Џукиќ, Талески и Нелоски.
Факт е дека скаутинг тимот на Металург со многу малку пари носи квалитетни играчи. Скаутингот на Вардар од друга страна е очаен. Давање на Ојлески без никаква оштета? Најнова тешка глупост е да се даде одбранбен играч како Кукоски, играч кој Вардар го нема и очајно му треба, купување на Мите Стоилов, купување на Козлина, на кој Жути му влагаше низ нозе на натпреварот за титула.
Со оглед на тоа што Вардар со сите свои ѕвезди во составот и со голем мотив, изгуби од деца од вториот состав на Металург и ако се земе во предвид натпреварот против Азоти во кој за 20 минути ги демолираа од 9:13 направија 32:22, едноставно тоа е заклучокот што може во моментот да се донесе. Ќе видиме, времето ќе покаже, првиот впечаток е тој.
Никој не кажал дека вториот состав е подобар од првиот туку оваа година се поблиску по квалитет.[DOUBLEPOST=1408416399][/DOUBLEPOST]Од сајтот на Металург еден од коментарите:
19/08/2014 ВО 01:05
Druzeeee Linooooo miii tiiiiiiiii
se kuuuuneeeemmooooo
mi ti se kuneeeemooooo
:pos:
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Дај не зафркавајте сега и вие. Ситуацијата е очигледна и беше очигледна и пред турнирот. И едните и другите претерувате. И Вардар и Металург ќе бидат појаки оваа сезона, со тоа што Вардар би требало да оди малку погоре.

Вардар сезонава ќе биде за нијанса појак од Металург(минатата сезона реално беа изедначени кога се гледа целата сезона без разлика на тој натпревар во Автокоманда). Ама не затоа што Металург е послаб, туку затоа што беа квалитетно покриени двете клучни позиции (голман и лев бек). Штербик сам го подигнува тимот на ново ниво. Горбок и Лацковиќ се секако огромни засилувања во однос на Растворцев и Лазаров, без разлика колку е стар Лацковиќ. Во најмала мера Горбок во напад и Лацковиќ во одбрана многу ќе помогнат а можеби и многу повеќе од тоа ќе извади Раул од нив. Колку тоа ќе му помогне на Вардар во домашното првенство ќе видиме, но јас мислам дека овој пат ќе биде шампион. Малку се претерува со тоа дека провокациите ја правеле разликата дека имало голема разлика меѓу натпревари против Металург и останато. Реалноста е дека разликата ја прави формата. Пред 2 години, заради претераното форсирање на главните играчи и немањето никаква клупа, Металург комплетно крахира во финишот на сезоната (не само замор, се појавија и милион повреди) и затоа ја загуби таа титула од Вардар на Вујо. Минатата сезона Вардар психички многу падна по елиминацијата од Фленсбург (плус на тоа се надодаде лошата форма на Дибиров после повредата) и тоа кулминираше со губење на титулата во ситуација каде двете екипи беа изедначени минатата сезона. Формата на сите екипи е променлива. Металург во минатато формата ја тепмираше пред се за квалификациските натпревари за ЛШ (кога беа страшни) и потоа постепено опаѓаше (лани пак ја кренаа малку пролетта). Сезонава ќе видиме како ќе им оди. Вардар вообичаено постепено ја крева формата во текот на сезоната (лани врвот го достигнаа во Март/Април) и крахираа во Мај.

Металург од друга страна според мене имаше супер година во однос на трансферите, за разлика од некои минати години. Не затоа што којзнае колку се засили за оваа сезона туку затоа што направи правилни потези за иднината. Прво, Циндриќ и Борозан во текот на минатата сезона, летово Ѓукиќ, Марсениќ и Липовина. Коциќ и Кукоски се небитни во приказната без разлика што можеби и тие ќе се погодат. Оваа сезона секако товарот во тешките натпревари ќе го поведе старата гарда. Добивката за оваа сезона е што сега имаат колку толку покадарна клупа. И не е точно дека зеле играчи кое не се ништо посебно. Овие играчи се познати во европскиот ракомет како едни од најголемите таленти од балканот (освен од Хрватска каде сите таленти се во Загреб). Порано вакви играчи не ни сакале да дојдат во Македонија (прв пат тоа се случи минатата година со Душебаев и Терзиќ во Вардар). Циндриќ е изненадувањето кое го извадија од никаде. Другите не се непознати, од нив се очекува многу за неколку години, и други сериозни екипи сигурно се интересирале за нив низ Европа. Борозан и Липовина се двата најголеми таленти на Црна Гора. Ѓукиќ и Марсениќ се двата најголеми таленти на Србија. Нашите таленти (Талески, Неловски) се малку помлади па тие ќе треба прво да се докажат во своите генерации пред да влезат во оваа категорија (Манасков веќе има доволно искуство па не го сметам само за талент). Се ова не значи дека сите ќе се развијат во топ играчи. Некои ќе се развијат, некои не. И Кеџо (кој Металург го имаше лани) беше голем талент на времето па ништо не бидна од него. Во секој случај факт е дека потенцијалот го имаат, а и за оваа сезона сигурно можат да пружат повеќе од клупата и да ја прошират ротацијата во однос на она што тимот го имаше порано. Зарем сериозно мислите дека Ѓукиќ не е засилување во однос на З.Мојсовски, Липовина не е засилување во однос на Кеџо и Марсениќ не е засилување во однос на Топиќ (или во однос на кој било друг пикер кој уште е во тимот). За Циндриќ нема што да зборувам тој веќе е и докажан и искрено нема да ме чуди и да почна да им краде минути на Мојсовски и Миркуловски (што во секој случај не е доборо за нашата репрезентација).

А што се однесува до дострелот, факт е дека осминафинале или четвртфинале зависно од ждрпеката пак е достелот и за двете екипи. Ниту едните ниту другите немаат појаки екипи од Кил, Барселона, ПСЖ, Киелце, Веспрем, Рајн Нехар Ловен... Вардар (а можеби и Металург) ќе бидат во следната група на екипи по јачина со Фленсбург и Колдинг.

П.С. Ми се допаѓа што децата што ги потпиша Металург се на 3 годишни договори, бидејќи тоа значи дека ќе можат подолгорочно да ги задржат или барем да заработат нешто ако некој стварно се развие до ниво каде ќе почнат да се јавуваат Кил, Барселона и останатите.
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.456

Се сложувам со целиот пост,освен со болдираното..
Тешко дека големите екипи би пазареле од тука,не само од Металург,туку и од Балканот...кренати се стандардите таму навистина високо....
Луѓе,да бидиме реални вакви таленти како гореспоменатите во Германија,Франција,Шпанија,Данска па дури и во регионот,во земјите кои вложуваат голема пара во ракометот како Унгарија и Словенија,имаат купишта,со лопата да ги риниш...
Таму се работи со младите играчи,вистински се работи,затоа ќе станат играчи на 19,20 години,а кај нас ги сметаме за надежни на 23,24 години....толкава е разликата...:eek:...
Ама имаат силни лиги,со по 10 ина сериозни екипи,во Германија дури и третите регионални лиги се класа за сите останати екипи во Македонија кои играат во супер лига....
Нас овде играчите како Липовина,Ѓукиќ ни се гледаат премногу добри зошто нема квалитет,се е квантитет овде,и од таму се носи "робата"...
Реално Црна Гора,Србија,Босна,па и Хрватска не се некој пазар кој е мерило за квалитет кој можи да се споредува со останатите велесили кои години наназад продуцираат и усовршуваат врвни млади играчи,но за Македонија дури е Црна Гора е Мека за ракомет,зошто кај нас очигледно е дека ништо не се работи со младите(освен во Металург).......
Затоа малку и Лино е нереален со изјавите, да се очекува напад на самиот европски врв...
Ок е да си оптимист,секогаш и бил..но не е секогаш исто да си прв на домашно буниште и во ЛШ...
За ова треба многу,многу работа....не само работа ќе треба да добиваат ваква мунутажа и во ЛШ,не само на некои турнири или во СЕХА со Војводина и со Ловчен...
Точно е дека имаат потенцијал децата,ама рано е сеуште да се очекува дека ќе можат да се носат со предизвикот во ЛШ...
Сепак се кренаа стандардите во ЛШ,нема веќе играње со некои буџети од 400,500 К како на времето,сега е лига на богатите,речиси на прстите на една рака се бројат "несериозните екипи"..сега треба да си вистински квалитетен за да играш во ЛШ....
Многу паметен потег на Лино шо со време ја подмлади екипата.....се надевам дека ќе продолжи со форсирањето на играчите,посебно на Пешевски и Талевски од Македонците,време е Ванчо полека да размислува за пензија,Маркоски се покажува дека не е сериозна замена,нема движења дечкото за пикер,подобро ако го држат нека го држат за одбрана....
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Се сложувам со целиот пост,освен со болдираното..
Тешко дека големите екипи би пазареле од тука,не само од Металург,туку и од Балканот...кренати се стандардите таму навистина високо....
Луѓе,да бидиме реални вакви таленти како гореспоменатите во Германија,Франција,Шпанија,Данска па дури и во регионот,во земјите кои вложуваат голема пара во ракометот како Унгарија и Словенија,имаат купишта,со лопата да ги риниш...
Таму се работи со младите играчи,вистински се работи,затоа ќе станат играчи на 19,20 години,а кај нас ги сметаме за надежни на 23,24 години....толкава е разликата...:eek:...
Абе види дека таму се работи поквалитетно со млади категории отколку на балканот тоа нема збор (резултатите од младинските категории се кажуваат, нашите 16ти на У20, слабо и на У18, хрватите не се ни пласираа на У20 а се исто катастрофа и на У18, србите исто далеку од медали, иако за нијанса подобри...), ама факт е дека од балканот редовно излегуваат еден куп играчи од светска класа. Ако можело Дувњак, Вујин, Илиќ, Лазаров, Вори, Коплјар итн да играат за Кил, Барселона, ПСЖ и компанија зошто да не може некој од новите генерации да го достигне нивното ниво. А од тие генерации 93-95та најголемите таленти од балканот се знае дека се оние во Загреб + овие сега кои дојдоа во Металург + 1-2 кои играат во Словенија. И тоа е тоа. Јас не велам дека сите ќе станат одлични играчи, далеку од тоа, ама можно е во иднина некој од овие да прерасне во светска класа, не ја исклучувам таа можност, талентот го имаат. Исто како што може и некој сосема да пропадни како играч.

П.С. Можеби ќе ви звучи чудно, но моја прогноза е дека од сите овие кои дојдоа во Металург најдобар ќе биде десното крило Ѓукиќ. Според мене тој е најперспективен од сите.
 
Излегле многу играчи точно,ама сите овие играчи имале минутажи во своите екипи,уште од најрана возраст..
Ако Лино продолжи со форсирање на младата гарда,би требало да има добри плодови од таа тактика...
Само да не ги заборави на клупа...
Реадно е да добиваат шанса,дури и на тие големи мечеви,сепак Реанто,Мојсо,Ванчо веќе се на залез на кариера и не можат да играат повеќе од 30 ина добри минути...(иако кај Ренато не се гледа ова)...
П.С.
И јас мислам дека Џукич е голем потенцијал,има движење,брзина,долги раце,висок скок...
 
Кога Ренато или Мојсо неможеле да изиграат 60 минути? Мојсо секад играл напад само и немал никаков проблем да задржи високо ниво од почеток до крај.[DOUBLEPOST=1408468724][/DOUBLEPOST]
Реално Црна Гора,Србија,Босна,па и Хрватска не се некој пазар кој е мерило за квалитет
Сериозно?!? :eek:
Не излегуваат квалитетни ракометари од просторите на поранешна СФРЈ? Тоа сакаш да го кажеш? :eek:[DOUBLEPOST=1408468908][/DOUBLEPOST]
А што се однесува до дострелот, факт е дека осминафинале или четвртфинале зависно од ждрпеката пак е достелот и за двете екипи. Ниту едните ниту другите немаат појаки екипи од Кил, Барселона, ПСЖ, Киелце, Веспрем, Рајн Нехар Ловен... Вардар (а можеби и Металург) ќе бидат во следната група на екипи по јачина со Фленсбург и Колдинг.
На кои позиции се овие екипи појаки од Вардар на пример?
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
На кои позиции се овие екипи појаки од Вардар на пример?
Освен на голман на која не се? На лево крило и на пикер се држи Вардар со некои од овие ама на бековските позиции пред се се појаки овие екипи....
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Освен на голман на која не се? На лево крило и на пикер се држи Вардар со некои од овие ама на бековските позиции пред се се појаки овие екипи....
Демек Карачиќ, Душебаев, Горбок, Лацковиќ и од Металург Вугринец, Атман, Миркуловски, Мојсо, Циндриќ го немаат тој квалитет ни приближно како бековите од овие екипи?
Очекувам многу оваа сезона од Металург и Вардар, се засилија многу и се покриени добро на секоја позиција, можат да го плеснат на секој голем ривал.
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Освен на голман на која не се? На лево крило и на пикер се држи Вардар со некои од овие ама на бековските позиции пред се се појаки овие екипи....
Сакаш да кажеш дека циркузантот Дибиров е подобро крило од Брумен? Карачиќ е на пониско ниво од бековите на тимовите што ги наброја?
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.242
Поени од реакции
19.456
Кога Ренато или Мојсо неможеле да изиграат 60 минути? Мојсо секад играл напад само и немал никаков проблем да задржи високо ниво од почеток до крај.[DOUBLEPOST=1408468724][/DOUBLEPOST]

Сериозно?!? :eek:
Не излегуваат квалитетни ракометари од просторите на поранешна СФРЈ? Тоа сакаш да го кажеш? :eek:[DOUBLEPOST=1408468908][/DOUBLEPOST]
На кои позиции се овие екипи појаки од Вардар на пример?
1)Стариот Мојсо и овај Мојсо,со 34 години две сериозни операции зад себе се два различни поими...
Мојсо играше во Металург цело време зошто немаше кој друг да игра на негово место(замени беа Ацо Јоноски и Мите Стоилов)...
Сега е друга ситуација,сега се тука Атман,ете го Борозан,и да сака да го игра цело време нема да можи,сега има ротација и повеќе опции.....
Ренато има 40 години,мора да се штеди....
Многу пати овие две сезони знаеше да испука одлично во прво полувреме и да падни на кондиција во второ,играше одбрана-напад,речиси цело време...(со замена во Левов)..
Реално има сила за околу 30ина минути врвен ракомет....
Сега кога има солидна замена во Липовина паметно е да се одмара Ренато,посебно за финиш на средбата кога со неговото искуство би ја направил разликата....
2)Не реков дека не излегуваа/т квалитетни играчи..
Од кај заклучи?Реков дека овај пазар не е мерило за квалитет,за европски квалитет кога ќе се спореди со кадрите кои ги вадат Франција,Шпанија,Германија,Скандинавците...(а со нив се споредуваат нашите екипи)...
Квалитетот,односно разликата во квалитетот кој се продуцира на Балканот и во ракометните велесили е евидентна..
Сеуште излегуваат по неколку играчи кои ќе се пробијат до некоја силна лига,ама не како порано,премалку квалитет има во понудата,има стагнација во квалитетот на Балканот,и тоа одамна...
Одамна немаат излезено играчи како Балич,Лазаров,Џомба,Дувњак,за тие на времето да не прајме муабет....
3)Како бе на кои позиции се појјаки Ловен,Кил,Барса,Киелце,Веспрем,Псж од Металург и Вардар?
Ги имаш гледано тие екипи кои играчи ги имаат и со кои играчи се засилија?
Освен со бековските линии на Ловен и Киелце Вардар не можи да се спореди со ниедна од горенаведените екипи,ни приближно,па ни на крилните позиции,освен на голман каде со доаѓањето на Штербик направија голема работа,но голема работа направи и Псж со Омејер итн......
Иако и бековите на Ловен и Киелце,како Шмит,Петерсон,Ду Риц,Кристоф Лијевски,Зорман,Бијелицки,Михал Јурецки се бекови кои можат да се споредат со бекови како Мојсо,Ренато,Миркуловски,Циндриќ,Карачич,Душебаев,Горбок па и Лацковиќ(кој не е повеќе во најдобрите денови)...
За останатите екипи и бекови од калибарот на Лазаров,Карабатиќ,Раул Ентрериос,Дани Сармиенто,Рутенка,или пак Палмарсон,Дувњак,Кањелас,Вајнхолд,Јиха,па и Вујин,или пак Микел Хансен,Акамбре,Нарцис,Бараше,Часар,Дувњак,или пак Наџ,Шема Родригез,Илиќ...
Да не ги набројувам другите позиции...
Реално,и Вардар и Металург се наметнуваат како сериозни екипи,но сеуште го немаат тој квалитет да се рамо до рамо со големите екипи...
Иако ракометот е непредвидлив спорт,ете лани Фленсбург кој беше на праг на елиминација од Вардар успеа да освои ЛШ.....
Ќе видиме како ќе одат работите,засега рано е да се даваат прогнози за вистинската сила и на Вардар и Металург,вистинскиот тест за квалитетот на екипите ќе го видиме во ЛШ....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom