Ракометарите на Металург и покрај поразот од 27:25 во дуелот против Гранољерс успеаа да се пласираат во четврт-финалето од Купот на ЕХФ.
Нашите ракометари ја сочуваа предноста од три голови разлика што ја имаа пред да отпатуваат на реваншот во Барселона и да го елиминираат фаворизираниот противник.
Металург водеше во текот на целата средба, но во финишот следуваше пресврт во резултатот, но то а не беше доволно шпанскиот претставник да се пласира во следната рунда.
Играч на натпреварот беше голманот на Металург, Борко Ристовски, кој имаше дури 20 одбрани.