- Член од
- 28 јануари 2018
- Мислења
- 1.705
- Поени од реакции
- 5.675
Сум го гледал тој Семенов ама мислам дека ова му е плафонот,тешко дека може да игра во некој поголем клуб.Да се цитирам самиот себе си еднаш. Вчера во мечот Кокс - Савехоф имаше шут 6/6 и 2 асистенции за гол ( имаше можеби и уште некоја асистенција , не ја следев утакмицата 100% фокусиран а, статистиките на ЕХФ се мизерија, нека се угледаат малку на СЕХА). Баш ме интересира како ќе ги одигра другите мечеви, вреди да се следи дечково и доколку некој од управа чита да се размисли за носење во Вардар.
Реално има многу ракометари подобри од него што може да се соберат во Вардар.
На пример јас веднаш би тргнал по Лазар Кукич од Ла Риоха,Србин е тоа може да биде предност плус млад 23 години има.
На многу натпревари сум го гледал,играше и на светсково за Србија,јак дечко нема некои предиспозиции ама борбен е премногу,јак на дуел,мислам дека би се вклопил во Вардар пошто го има тоа срце(муда) не се плаши воопшто да предземе одговорност,игра без страв и дрско.
На неколку интервјуа што сум го слушал ми изгледа океј дечко плус не е некоја ѕвезда умислена,исфорсиран некој,во Партизан играше со години за џабе,слична им беше ситуација како во Вардар.
Во генерацијата е со Милосављев,Илич,Радивојевич,Марсенич итн сите од таа школа добро се снајдоа во големи клубови.
Мислам дека не би барал некоја голема плата,а сигурен сум дека ќе гине на терен.