Фан клуб - РК Вардар

Член од
25 октомври 2011
Мислења
808
Поени од реакции
1.088
Член од
4 март 2017
Мислења
785
Поени од реакции
1.564
Не е прв пат Атман да се поврзува со Вардар, приказната трае веќе неколку години. Во овој момент е голем ризик како трансфер, гледано како индивидуалец. Последниве две сезони глава не може да крене од повреди, дали има пет утакмици вкупно одиграно, па не знам колку може да се врати на она негово препознатливо ниво. Како "улога" во екипата/ростерот би дошол добро, со оглед на тоа што според мене фали играч како него кој може да одигра како среден, но и како лев бек. Нешто што Кара го правеше навистина добро. Но, дури и да се донесе таков, пак ќе фали уште еден класичен среден бек - разигрувач во ростерот, а нема премногу достапни квалитетни играчи на таа позиција во моментов. Има еден Русин кој што играше во Унгарија во Балатон - Јури Семенов. Дечково е Игор Карачиќ за сиромашни. Активно го следев последниве три сезони и стилот на игра исклучително многу потсеќа на тој на Кара, но нормално "плафонот" не му е толку висок. Ќе игра за Кокс наредна сезона, Финцине кои играа ЛШ за прв пат оваа сезона.
Да се цитирам самиот себе си еднаш. Вчера во мечот Кокс - Савехоф имаше шут 6/6 и 2 асистенции за гол ( имаше можеби и уште некоја асистенција , не ја следев утакмицата 100% фокусиран а, статистиките на ЕХФ се мизерија, нека се угледаат малку на СЕХА). Баш ме интересира како ќе ги одигра другите мечеви, вреди да се следи дечково и доколку некој од управа чита да се размисли за носење во Вардар. :D
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
958
Поени од реакции
1.340

Сум го гледал тој Семенов ама мислам дека ова му е плафонот,тешко дека може да игра во некој поголем клуб.
Реално има многу ракометари подобри од него што може да се соберат во Вардар.

На пример јас веднаш би тргнал по Лазар Кукич од Ла Риоха,Србин е тоа може да биде предност плус млад 23 години има.
На многу натпревари сум го гледал,играше и на светсково за Србија,јак дечко нема некои предиспозиции ама борбен е премногу,јак на дуел,мислам дека би се вклопил во Вардар пошто го има тоа срце(муда) не се плаши воопшто да предземе одговорност,игра без страв и дрско.
На неколку интервјуа што сум го слушал ми изгледа океј дечко плус не е некоја ѕвезда умислена,исфорсиран некој,во Партизан играше со години за џабе,слична им беше ситуација како во Вардар.
Во генерацијата е со Милосављев,Илич,Радивојевич,Марсенич итн сите од таа школа добро се снајдоа во големи клубови.
Мислам дека не би барал некоја голема плата,а сигурен сум дека ќе гине на терен.
 
Да и мене ми се допаѓа Куќиќ од она малку што сум го видел.

По малку се зафркавам за Семенов. Сметам дека е добар играч, но највеќе го споменувам како опција заради тоа што е непознат, Русин е и стилот на игра кој го негува потсеќа на Кара. Али во секој случај има други играчи кои би сакал да ги видам во Вардар пред него. :)
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.507
Поени од реакции
1.926
Гомез од Порто, и Макуч од Цеље
Макуч е дијамант. Само не знам, мислам дека и он уше на почеток на кариера ја затера со повреди. А и за него нема да биде така лесно да се донесе, мора да се одврзе кесето.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
808
Поени од реакции
1.088
Мене овој Гомез ми е звер,кине дечкото.Играч за иднина
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
768
Поени од реакции
870
Има некоја шанса за некој нов играч? Некој има инфо или тоа е тоа? До 5-6то коло може да се пријават играчи за ЛШ.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
808
Поени од реакции
1.088
значи овие копилињава од ЕХФ каков пи-ар му праат Веспрем,секој ден некој пост за нив.Со цевче у уво да им дуваат,пак нема да ги биде!
Има некоја шанса за некој нов играч? Некој има инфо или тоа е тоа? До 5-6то коло може да се пријават играчи за ЛШ.
Најверојатно дп полу сезона не,се што им било на пик пропаднало.Јас колку што знам.
 
На врв Bottom