"The chances are 50:50 as Vardar are really tough opponents. We need to have great result in the first leg, as we will expect hell on earth on the second rematch in Skopje" said the Flensburg manager Dirk Schm
äschke.
Натпревар за историја во првата сезона на новиот Вардар предводен од генијалецот Раул Гонзалес. Натпревар кој ако заврши со успех ќе значи дека ова лето одмор нема да видам туку парите ќе ги изгорам за Келн. Натпревар за нашиот Вардар да биде меѓу најдобри 4 екипи во Европа и да биде крем'де'ла'крем во Келн, нешто што пред 10 месеца ни на најголемите оптимисти ни на крајот од паметот не би им паднало ни за секунда помисла за фајнл фор. А сега 10 месеци подоцна тој фајнл фор се чини толку многу блиску и на дофат.
Пречка пред нас е германски Фленбург. Тим кој што игра одличен тимски ракомет базиран на јака цврста 6-0 одбрана, контри и специјалист за run'n'gun тип на играње. Попознати како „скандинавците“ во Бундес лига, од причина на големиот број играчи од скандинавските земји, негување на таквиот тип на игра и на крај самата близина на Фленсбург до Данска (90тина километри) каде што често локални Данци одат да ги гледаат нивните натпревари.
После првата партија некои нешта веќе ќе бидат појасни, и мое мислење дека првиот наптревар е КЛУЧЕН за тоа дали Вардар ќе оди на фајнл фор. Немам сомневање дека Фленсбург ќе потоне како Титаник во Скопје, но дали ќе биде тоа доволно за најдобри 4....
Се соочуваме со страшно мотивиран противник кој преку нас ја гледа шансата да го забележи својот прв фајнл фор во стилот „Сега или никогаш“. Тим кој што има исто така и добар тренер кој им ја има поставено оваа игра која им носи успеси и во Бундес лигата и во ЛШ.
Најдобриот резултат за Вардар би бил тесна утакмица со малку голови во Фленсбург. За да се оствари ова мора многу внимателно да се игра во нападот, да не се губат лесно топките и да им се дозволи на Фленс да постигнуваат лесни голови преку крилата. Верувам дека Гонзалес ќе најде начин и ќе смисли план како да се разбие нивната гранитна 6-0. Би можел само да нагаѓам дека со една од најбрзите бековски линии Прибак, Карачиќ и Дујшебаев со многу вкрстувања ќе се обидеме да ги „извадиме“ од позиција нивните спори дефанзифци со што би можел да се оствари влез. Или пак да го храниме со топки нашиот пикер кој ќе гледа да ги натера истите тие играчи да направат исклучувања. Дибиров и Брумен ќе мора секој овозможен влез да го реализираат како да им е последниот шут во живот, бидејќи промашен зицер е нешто што не смееме да си го дозволиме.
Нивниот напад не е толку „страшен“ по имиња како нападот на Хамбург, Кил или пак Рајн Некар, но досега се покажал многу ефективен како колективитет и бил убиствен против тимови на кои им треба подолго време да ја постават својата одбрана. Доколку ја играме нашата цврста одбрана со чести излези на бековите и недозволување да изградат игра, со (дај Боже) расположен голман ќе успееме да го скротиме германскиот дизел на едвај 20тина голови. Ова се разбира потпаѓа по услов да не дозволиме да се бркаме со нив по теренот или да им дозволиме да поентираат брзо на нашите грешки во напад. Бркање по терен и играње со непоставена одбрана е едно големо НЕ.
Генералниот впечаток е тој, тим кој игра колективен ракомет со скандинавски шмек и максимално искористување на грешките на противникот.
Пред нас е пишување на историја во секој случај. Само кога ќе помислам на натпреварот во Хамбург (без Дибиров во составот!) кој е најдобриот натпревар во историјата некогаш изигран од Македонска екипа и што успеавме да му направиме на Европскиот шампион, единствено нешто што ми се врти во глава е финале со Барселона!
Живи били па видели што ќе направи нашата црно-црвена љубов