Чекав само да помине одреден период и да заклучам дека дефинитивно бев во право со моите претпоставки !
Кога викав дека овој тим не е во ред, бев нападнат да не речам вербално дека сеуште било рано што и да се каже !!! Тимот е катастрофален благодарение на ЉУБОМИР САВЕВСКИ, кој не гледа квалитет...не го цени квалитетот на одредени играчи па не им дава минутажа туку форсира некои трети кои едвај се снаоѓаат со топката. Некои, за него, не симпатични играчи не го добија тоа што го заслужуваат и можат со право да апелирам да дојде до негова замена под итна постапка....!!! Ова е катастрофа, само знае да седи на клупата и да ПЦУЕ !!!!! НИШТО друго не знае !!!! СТРАМОТА; СТРАМОТА; СТРАМОТА .
EDIT:
П.С. а и прочитав погоре дека Александар Ангеловски потпишал за Куманово????? :nesvest:
Па како можеа бре ц ц ц цццц ... Квалитетен, млад играч !!!!!!!!!! Немам зборови со кои би го искажал моето незадоволство :nenene:
Не дека се слаби играчите,друже Надовеза,Резничек,,Пејовиќ,Араповиќ се бекови кои би ги посакал секој тренер на амбициозна екипа на Балканот....
На крило Продановиќ е одличен играч-е сега тоа левото крило не знам како се викаше....и тоа не е лошо-единствено позицијата на пикер чкрипи и нема некој појјак играч...
Далеку од тоа дека се слаби играчите...
На бек -Вардар има далеку поголем избор од Металург..
Металург доби на ДИСЦИПЛИНА...и во дуел играта еден на еден...посебно со влегувањето на бековите во 6,па па еден куп голови дадоа преку бек кој влегуваше на 6 метри,,или тие даваа голови или проигруваа на пикер...колку само лесни голови имаше Ракчевиќ...
Па Миркуловски ги уби со тие влезови.....
Се слагам,можеби е проблемот со Савевски...сите шо редовно следат ракомет знаат дека е контроверзна личност,избувлива...лесно се пали...се виде само колку лесно наседна на провокациите од клупата на Металург...
А тоа и беше идејата на Металург,да се изврши притисок на клупата на Вардар..да се оневозможи добро да се води екипата...и УСПЕАА да ти кажам...
Па повеќе се расправаше Савевски заедно со неговото другарче Ванчо Јовановски....со играчи,делегати,со директорот на Металург за малку ќе се чапнеа за гуша...одколку шо ја водеше екипата.....
Личеа на некои локачни рекетари....
Немаше тактика,немаше план,,си шуткаа играчите од кај сакаа....
Покрај слабата игра,вина за високиот пораз сноси и клупата на Вардар...
Со Пелистер,со Тиквеш ќе пројдат овие пропусти,ама со Металург...нема шанси....иако мислам дека овој Металург е далеку послаб од минатата година....
Е сега...кога веќе не му одеше на лев бек на Надовеза...требаше да се пушти повеќе да игра Пецакот...се работи за одличен играч....
Савевски е добар тренер-далеку од тоа дека нема познавања,само неговиот карактер,неговата избувливост ќе го чинат кариера,,,затоа и толку неславно ги завршувал епизодите каде и да отидел...
Кога си тренер треба да си професионалец од ГЛАВА ДО ПЕТИ,а со тргачње на судиите,со пцуење по играчите,со расправање со противничките играчи,со тепање со управите на ривалите-Савевски не можи да биди тренер ниту на некоја пионерска екипа,а камоли на клуб со буџет како Вардар...
Да беше овај случај во некоја западноевропска екипа досега ќе летаа глави..не само тренери туку и ќе се бркаа и играчи...за вакво УЛИЧНО И ПРОСТАЧКО ОДНЕСУВАЊЕ....
Ама ова е Македонија и се е можно!!!