Фан клуб - РК Вардар

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Вардарци сметаат дека на мечот не можеле да се борат против се', грубата игра, провокациите и ненормалните услови за игра, откако пред самиот меч се расипа семафорот, а во салата имаше повеќе гледачи од места, па се појави кондензација на паркетот и имаше многу лизгање и можност за повреди. Овој пат Металург не дозволи да се повтори епизодата од ланската сезона кога на последниот дуел во Автокоманда, Вардар победи.

- Ист пречек ќе има и Металург во СРЦ „Кале“. Ви гарантирам дека ваков и полош пречек ќе има во Кале. Бев тука три години, семафорот работи перфектно, не знам зошто сега не работи. Да мислам дека има нешто заткулисно, но на тоа наведуваат работите. Може да се бараат виновниците за поразот, но ние сме најголеми виновници што загубивме. Далеку од готово е во првенството - изјави Борко Ристовски, голманот на „црвено-црните“ кој по одличното прво полувреме со девет одбрани, во второто имаше само три успешни интервенции.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0A17E524A77DF84E8D919C65272AB222
Нека не претерува Борко со изјавите...
Голем пропуст е тоа шо немаше семафор,ама само семафорот не е единствената причина зошто Вардар изгуби...
Нека си ја бара Борко вината кај неговите соиграчи,посебно кај Симовиќ,кој шутираше од кај ќе стигни без изградена позиција за шут...:nesvest:
Надовеза изигра многу слаб меч,Продановиќ исто така,со толку многу грешки,со толку пребрзани шутевеви Вардар ќе загубеше и со послаба екипа,не само со Металург...
Имаше притисок ДА.и судиите дадоа некоја гратис-топка за Металурга,ама вината за високиот пораз е само кај играчите-кај никој друг...

П.С.И ако е вситина тоа дека Чаневски се испијанил и го навредувал Савевски..е тоа е крај...
Да ти се плукнам во играчот...Мора да сноси најголеми и најостри санкции....
Сепак и Савевски е темперамнтен,незгоден,без влакно на јазикот,,,,ама сепак е селектор и тренер...и мора да се почитува...
Професионализам НУЛА,,со секоја чест за исклучоците...
Не важи ова само за играчите од Вардар,,,туку и за звездите од Металург...
Мизерија невидена сме...:kesa:
 
RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.722
Поени од реакции
3.095
Toa za canevski ostaj te i donekaden e u pravo drugar od maalo mi e i znam kao e celata rabota u Vardar taka da donekaden i e u pravo
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
Чекав само да помине одреден период и да заклучам дека дефинитивно бев во право со моите претпоставки !
Кога викав дека овој тим не е во ред, бев нападнат да не речам вербално дека сеуште било рано што и да се каже !!! Тимот е катастрофален благодарение на ЉУБОМИР САВЕВСКИ, кој не гледа квалитет...не го цени квалитетот на одредени играчи па не им дава минутажа туку форсира некои трети кои едвај се снаоѓаат со топката. Некои, за него, не симпатични играчи не го добија тоа што го заслужуваат и можат со право да апелирам да дојде до негова замена под итна постапка....!!! Ова е катастрофа, само знае да седи на клупата и да ПЦУЕ !!!!! НИШТО друго не знае !!!! СТРАМОТА; СТРАМОТА; СТРАМОТА .

EDIT:

П.С. а и прочитав погоре дека Александар Ангеловски потпишал за Куманово????? :nesvest:
Па како можеа бре ц ц ц цццц ... Квалитетен, млад играч !!!!!!!!!! Немам зборови со кои би го искажал моето незадоволство :nenene:
 
Не дека се слаби играчите,друже Надовеза,Резничек,,Пејовиќ,Араповиќ се бекови кои би ги посакал секој тренер на амбициозна екипа на Балканот....
На крило Продановиќ е одличен играч-е сега тоа левото крило не знам како се викаше....и тоа не е лошо-единствено позицијата на пикер чкрипи и нема некој појјак играч...
Далеку од тоа дека се слаби играчите...
На бек -Вардар има далеку поголем избор од Металург..
Металург доби на ДИСЦИПЛИНА...и во дуел играта еден на еден...посебно со влегувањето на бековите во 6,па па еден куп голови дадоа преку бек кој влегуваше на 6 метри,,или тие даваа голови или проигруваа на пикер...колку само лесни голови имаше Ракчевиќ...
Па Миркуловски ги уби со тие влезови.....
Се слагам,можеби е проблемот со Савевски...сите шо редовно следат ракомет знаат дека е контроверзна личност,избувлива...лесно се пали...се виде само колку лесно наседна на провокациите од клупата на Металург...
А тоа и беше идејата на Металург,да се изврши притисок на клупата на Вардар..да се оневозможи добро да се води екипата...и УСПЕАА да ти кажам...
Па повеќе се расправаше Савевски заедно со неговото другарче Ванчо Јовановски....со играчи,делегати,со директорот на Металург за малку ќе се чапнеа за гуша...одколку шо ја водеше екипата.....
Личеа на некои локачни рекетари....
Немаше тактика,немаше план,,си шуткаа играчите од кај сакаа....
Покрај слабата игра,вина за високиот пораз сноси и клупата на Вардар...
Со Пелистер,со Тиквеш ќе пројдат овие пропусти,ама со Металург...нема шанси....иако мислам дека овој Металург е далеку послаб од минатата година....
Е сега...кога веќе не му одеше на лев бек на Надовеза...требаше да се пушти повеќе да игра Пецакот...се работи за одличен играч....
Савевски е добар тренер-далеку од тоа дека нема познавања,само неговиот карактер,неговата избувливост ќе го чинат кариера,,,затоа и толку неславно ги завршувал епизодите каде и да отидел...
Кога си тренер треба да си професионалец од ГЛАВА ДО ПЕТИ,а со тргачње на судиите,со пцуење по играчите,со расправање со противничките играчи,со тепање со управите на ривалите-Савевски не можи да биди тренер ниту на некоја пионерска екипа,а камоли на клуб со буџет како Вардар...
Да беше овај случај во некоја западноевропска екипа досега ќе летаа глави..не само тренери туку и ќе се бркаа и играчи...за вакво УЛИЧНО И ПРОСТАЧКО ОДНЕСУВАЊЕ....
Ама ова е Македонија и се е можно!!!:pipi:
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
Како и да е, имам добиено заклучок дека Савевски не одбира играли според нивниот квалитет. Верувај ако беше се реално во Вардар, и се се сведуваше само и само на квалитетот, тактитката на играчите како Вардар екипа немаше да има. Имам стекнато мислење дека Савевски ги дели играчите на симпатични и помалку симпатични за него така да, некои кои спаѓаа во втората категорија си ги собраа парталите и си побараа други клубови... Тоа не е реално, во Вардар, како што е во Металург. Тие се концентрирано јака екипа, сложна, со помалку темпераментен тренер кој подеднакво гледа на сите играчи. Во Вардар многу играчи добија незаслужено место. За Надовеза ,Продановиќ па и Режничек се сложувам ама никако не се сложувам за Араповиќ. Оддалеку се препознаваат ситните грешки кои постојано ги повторува а тоа на Вардарци ги чини бодови... Сите ќе се уверите дека и овој пат повторно ќе испаднам во право. Не дека сакам да го прикажам тој играч во лошо светло, ама ако имаш доволно искуство во оваа сфера ќе знаеш уште подобро процениш како стојат работите...за жал.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
13
Поени од реакции
0

Да си кажам дека нема никого да бранам ама ќе дадам свое мислење со оглед на тоа што го имам прочитано за играта на Араповиќ, а и бидејќи мислам дека не е праведно вината да се префрла само на еден играч.. Согласна сум дека имаше грешки ама кој игра и греши, со таа минутажа што ја имаше во напад изигра солидно и даде 3 гола, а скоро цел натпревар беше во одбрана и не беше нималку лош, баш напротив. Спротивно на тебе мислам дека сеуште не покажал што знае и умее, со тек на време се надевам и тоа ќе биде..
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Уште не ми е јасно како можевме Алушевски да го пуштиме само така да си замине.... :tapp:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Александар Анегеловски кој како голема надеж од МРК премина во Куманово дал 6 гола во победата на Кумановци над Врање. Браво за него, се надевам ќе напредува повеќе и ќе се врати како голем играч кај нас...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom