Љубомир Савевски не е веќе тренер и на ракометниот клуб Вардар Про. Предводникот на „црвено-црните“ договорно го раскинал договорот со управата, откако се соочил со слични проблеми како неодамна, кога дел од играчите изнудија негова оставка од кормилото на нашата репрезентација.
За А1 рече дека се почнало со недисциплина и со слабо залагање на дербито со Металург, а потоа и на тешко добиениот меч со ВВ Тиквеш.
Неофицијално, во отсуство на претседателот Михајло Михајловски, Савевски го суспендирал Борко Ристовски, но останатите играчи се ставиле на страна на голманот, одбиле да тренираат, по што разликите станале непремостливи. Негов наследник, засега само привремено, ќе биде Стојан Петрушевски.
Тоа е тоа,зошто го загуби ВАРДАР дербито од металург а сите се надевавме на поволен резултат.Бев сигурен дека во квалитетите на играчите ВАРДАР има поквалитетен тим, и ке се докаже на наредното дерби,дај боже да го вратат Вујо,или Јошко Петковиќ,само овој Столе да не биде.