Фан клуб - РК Вардар

Член од
4 март 2017
Мислења
2.245
Поени од реакции
6.472
Не може ништо од денес за утре да се направи, треба време. Луѓето имаат нереално високи очекувања, а повеќето пратат ракомет епизодно. Реалноста е дека овој Вардар ако има добар ден (каков што денес немаше) може да добие екипа како Порто, во сите други случаи исходот би бил овој.

Порто е екипа со 5 стандардни португалски репрезентативци и со уште неколку потенцијални, од другата страна - Мечка, Вуко и Горига, едвај тројца. Играчи како Бели џуниор, Николиќ, Маргели, Који и да не ги набројувам до крај никогаш не играле натпревари на ова ниво, непознаница се за ракометна европа. Едноставно нема споредба.

Ме радува што ми се потврди она што го зборувам више некое време за Крсманчиќ. Едноставно мора да биде стартер на среден бек, барем на овие европскиве мечеви. Немаме поквалитетен играч во моментов од него таму.

Мило ми е и за Мело, дечкото мелеше денеска во одбрана особено кога играше истурено напред во 5-1. Со тоа ноџиштата и рачиштата е ко пајак, 3-4 топки сигурно пресече.
 
Член од
24 мај 2022
Мислења
117
Поени од реакции
512
Се согласувам со претходните коментари.Ако може да бирам во моментов кој тренер да го земам тоа е Раде Стојановиќ,човекот разбира ракомет со Тримо Требње во Словенија нема пораз,со младинска селекција на Македонија неколку европски и светски со одлични утакмици.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.842
Поени од реакции
7.312
Сега изгледав реприза од натпреварот, ништо посебно не може да се каже освен дека толку ни е силата, далеку сме од сериозна екипа за европски натпревари.

На голманската позиција што е клучна во ракометот ние сме најтенки, Еспиња ќе испадне најголемо разочарување, денес во прво полувреме имаше САМО ЕДНА ОДБРАНА, до 40та минута стигна до 3 од кои едната му беше кога десното крило го погоди во глава, после влезе Гогов, ништо посебно, далеку е и тој од некаков квалитет, просечен голман за домашно првенство.

Секоја чест за Вуко што стисна заби и излезе на терен, во него ќе се крстиме да ја врати формата од пред 5-6 сезони.
Останатите бекови многу слабо, кај никој нема константност, сите заедно да ги собереш еден Косуке не може да направиш, уште душата ме боли.:D
Петриќ ќе извади некој добар шут и после следуваат 5 грешки, денес неколку банани му залепија како на мало дете.
Крсманчиќ се труди нешто да направи, да ја размрда малку играта ама толку и него му дозволува физиката и квалитетот, никогаш во кариерата не играл некој врвен ракомет, не може сега на 32 години да очекуваме нешто специјално да направи.
Николиќ за мене големо разочарување, може и јас премногу се залетав и очекував нереални работи од него, после првите негови натпревари во Вардар мислев дека за брзо ќе замине во многу појјака екипа, тогаш баш изгази со Пелистер на тие два натпревари, супер купот во Струмица и таа во Скопје, од тогаш навака се послабо и послабо.
За Маргели не знам што да кажам, има некои блесоци, таман ќе ми даде некоја надеж и после ќе врзе неколку аматерски грешки, не играњето во Европа кај него е голем хендикеп.

Не е спомнато во темава, денес Пелистер загуби од Алкалоид, ќе има многу калкулации во борбата за титулата, ништо чудно на крај и кај децата на Кире да заврши.
Ние цело време целиме кон титула, барем такви беа изјавите пред да почне сезоната, еве и евентуално да ја освоиме, кој е планот за понатака?
Ќе има нови спонзори, зголемување на буџетот, засилувања?
Со ваков состав нема што да бараме во Лига на шампиони, сите негативни рекорди ќе ги срушиме, а и во Европска лига да поминеме групна фаза нешто слично не очекува, видовме со сериозни екипи како Мелсуген што ни се случува, светлосни години сме далеку од врвен ракомет,

За крај ќе ја постирам сликава, сите играчи што играле за Вардар и против него биле воодушевени од публиката, колку пати само сме слушале изјави дека никаде во светот нема ваква атмосфера.

FB_IMG_1729632503375.jpg

Ние како народ и публика генерално имаме желба за навивање, за спорт, за успех, само милион пати сме излажани од сите страни да веќе многу луѓе не гледаат светло на крајот од тунелот и надеж дека еден ден ќе биде подобро.
Денес, утре, задутре, следна недела, следна година, да почекаме, да се стрпиме, ќе се најде решение...
Мислам тука и на фудбалскиот клуб, кај сите искрени навивачи се убива желбата, после се чудиме зошто салите и стадионите ни зјаат празни, на никој не му се оди на натпревар што знае дека е во старт загубен и знае дека води битка против поголеми сили што не може да ја добие, уште кога некој ќе го гледа тој ист филм повеќе пати во животот не му останува ништо друго освен да крене раце од спорт и да се посвети на други работи.
Секоја чест за луѓето што после многу години се уште активни на трибина и веруваат дека еден ден ќе дојдат подобри времиња за Вардар.
Не планирав во оваа насока да отиде овој пост, малку ме понесе емоција за актуелните случувања во Фк Вардар и општо ситуацијата последните години и во фудбал и во ракомет, функциониравме и навивавме без да знаеме дали ќе постоиме за некој месец, се изнаслушавме разни ветувања од сите страни, секакви Маџари, Руси, Срби, Бугари, Монголци не спасуваа...

Не знам што ќе биде во иднина, само знам дека Вардар имаше и сеуште има потенцијал и навивачка база за да биде голем клуб што ќе остави белег во светот на спортот.

Да живее Вардар и Македонија!
 
Последно уредено:
Член од
19 август 2010
Мислења
4.018
Поени од реакции
9.814
Дечки се е во ред што сте пишале. Меѓутоа најважно во сето ова е да бидеме реални и да намалиме со очекувањата. Ако не донесеме класа ракометари на дефицитарните позиции и плус добар тренер нема ни титула ни ништо. Мора да се воспостави систем, а не да бидеме боса екипа која ќе подава топка од еден крај до друг без идеја до пасивен. Мора секоја позиција да биде попунета со квалитетни ракометари кои разбираат ракомет и ќе знаат да ги имплементираат акциите на терен. Во спротивно ќе бидеме просек, и ќе се лажеме дека сме добра екипа дур не дојде некој и ни земе детство. Тоа е, ја намалив со очекувања, по мене Алкалоид има систем кој со вакви моментални состави тешко ќе го пратиме и ние и шурите. Оставам кај нив простор ако дојде Тамше колку би се променила играта, а кај нас мора поголем ремонт ако сакаме да парираме.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.076
Поени од реакции
9.882
Епа тоа е целиот проблем бе друже, кога немаш голем буџет, наместо да носиш тотални анонимуси од Африка, пробај да најдеш таленти овде, да изградиш екипа. Затоа и од сите 3 екипи Алкалоид и највеќе ја заслужува титулата сезонава, жртвуваа пар години, изградија екипа и сеа ќе се шетаат низ лига. Бонус е тоа што и како репрезентација имаме голем бенефит од таквата стратегија за форсирање наши млади играчи. Вака ем жртвуваат години каде објективно нема тим за титула, а и никако не прогресираат играчиве, доаѓаат и си идат епизодисти кој немаат никаква перспектива, чест на исклучоци.
 
Член од
2 август 2017
Мислења
284
Поени од реакции
425
Епа тоа е целиот проблем бе друже, кога немаш голем буџет, наместо да носиш тотални анонимуси од Африка, пробај да најдеш таленти овде, да изградиш екипа. Затоа и од сите 3 екипи Алкалоид и највеќе ја заслужува титулата сезонава, жртвуваа пар години, изградија екипа и сеа ќе се шетаат низ лига. Бонус е тоа што и како репрезентација имаме голем бенефит од таквата стратегија за форсирање наши млади играчи. Вака ем жртвуваат години каде објективно нема тим за титула, а и никако не прогресираат играчиве, доаѓаат и си идат епизодисти кој немаат никаква перспектива, чест на исклучоци.
Браво за најреалниот коментар :cuc: :aplauz:
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.245
Поени од реакции
6.472
Епа тоа е целиот проблем бе друже, кога немаш голем буџет, наместо да носиш тотални анонимуси од Африка, пробај да најдеш таленти овде, да изградиш екипа. Затоа и од сите 3 екипи Алкалоид и највеќе ја заслужува титулата сезонава, жртвуваа пар години, изградија екипа и сеа ќе се шетаат низ лига. Бонус е тоа што и како репрезентација имаме голем бенефит од таквата стратегија за форсирање наши млади играчи. Вака ем жртвуваат години каде објективно нема тим за титула, а и никако не прогресираат играчиве, доаѓаат и си идат епизодисти кој немаат никаква перспектива, чест на исклучоци.
Тоа е слабост на клубот веќе долго време. Кога требаше да се мисли на тие работи, не се мислеше. Сега, кога условно кажано „бараме“ такви играчи не можеме да се докопаме до истите што е и нормално.

Околу Алкалоид, не би се избрзувал да речам дека со сигурност ќе ја освојат титулата. Има премногу време до плејоф и може буквално свашта да се деси. Во моментов изгледаат најдобро, но тек допрва доаѓаат предизвиците за сите екипи кои претендираат високо.
 
Член од
12 март 2023
Мислења
96
Поени од реакции
350
Алал да му е на Кире и неговите, можеби клубот е нов, без традиција и игра во салата на Металург, но како проект е успешен и уште сега се гледа дека ќе ја освојат титулата.
Пелистер нов пивот, наскоро нов тренер. Ние не знам кај тераме....
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.076
Поени од реакции
9.882
Тоа е слабост на клубот веќе долго време. Кога требаше да се мисли на тие работи, не се мислеше. Сега, кога условно кажано „бараме“ такви играчи не можеме да се докопаме до истите што е и нормално.

Околу Алкалоид, не би се избрзувал да речам дека со сигурност ќе ја освојат титулата. Има премногу време до плејоф и може буквално свашта да се деси. Во моментов изгледаат најдобро, но тек допрва доаѓаат предизвиците за сите екипи кои претендираат високо.
Далеку од тоа дека на Алкалоид им е сигурна титулата, неискуството нивно може да е клучно у тешки текми кога ќе се крши сезоната, ама имаат се што треба да бидат шампиони.
 
Член од
12 ноември 2020
Мислења
69
Поени од реакции
220
Gore ima ubavi komentari koi dobro ja analiziraat utakmicava.

Sto sega na dolg rok, otkoa vidovme deka nemame ni 6 igraci koi vredi da gi trpime za da dobieme nesto od niv vo idnina?

Titula tesko, Alkaloid e najseriozen sezonava i ova go pisuem od juli.
LE kolku pobrzo ispadneme tolku podobro, vidovme kaj sme. Sega ke sleduva u Portugalija mnogu tesko gostuvanje za gledanje, toa so Valur ke e isto macno.

Podobro da gi doneseme decana od mladinski reprezentacii rastrkani po liga koi imaat potencijal i da rabotime so niv kako poddrska na nekolku podobri rakometari od timov. Ili po Balkanov da pribereme igraci. Pa da im dademe prilika da napreduvaat, makar gi trpele (eden od tie sto vredi da se pocekaat e Petric mali). Nosime afroarapi / tretoklasni evropejci koi ne znaat rakomet ili doagaat povredeni dur se zalecat a zimaat ubavi pari. Tocno e deka ozbilen rakometar tesko da doe po skandalite za dolzenje pari i so budzetov. Ama od toa se oprava so sportski direktor bivs evropski rakometar so renome. Pozicija koja ni e prazna veke 3 godini. Marko Vujin vo Vojvodina, od zavcera Vugrinec vo Partizan. Tolku e tesko da se donese vo Skopje bilo koj od nasata evropska generacija za sportski direktor (primer Cupic)?!?!
Nie u publika se bavime so fudbal na rakomet i ne ni ja sledime utakmicata za da ja podgurneme izdisanana ekipa da mrdne kako navijaci, pa glumime aplaudirajki im ko da izginaa. Izliteni frazi Vardar se sakal sekogas, nema koj da im svika da gi potseti deka ova ne e Tineks Prolet. Zalaganje 0 od timov dve evropski utakmici u red, Butin bil kriv da si odel, bolje bil Stole. Ke go gorime Stole do juni so igracistava u roster, pa ke pljukame posle i po nego?!
2 meseci komentari trebal sirok roster, ne poedinci?! Bolje 5 igraci nego Japan??? Vcera izrotiraa 15 rakometari na teren, imavme vo vtoro 6 gola za 22 minuti. Ima rotacija AMA so 0 kvalitet i 0 interes. Nema vlez eden na eden ili brza kombinacija, ne pa gol. Akcija e mislovna imenka za rosterov. Igrale dobra odbrana ekipava, tolku dobra sto 7 pati im praat ista akcija za krilo i proaga.

Ovoj tim kako sklop tesko ke se oprai. Mihajlo vaka se zezna prvata sezona koga mu gi ukrade igracite Metalurg i donese nekoi sumnjivi igraci koi kiksnaa sekade. Na krajot od taa sezona, 90% od timot bese raspusten i pocna da se sozdava nov, so samo nekolkumina od lanskiot. Mlad tim so nova filozofija, razmisluvanje, ideja, koj moze da raste. Se drugo e gubenje vreme, pari, nervi i publika.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
Несфатливо е како се мачиме секогаш во Кавадарци…
Само што просрав за Борозан, спука два проектила од шала :D
Јас имам чувство дека секаде се мачиме последниве години, не само во Кавадарци...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom