Фан клуб - РК Вардар

Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.076
Поени од реакции
9.882
Нереално е на оваа разлика у учинок на голманите што е само 3 разлика.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.121
Поени од реакции
3.898
Уште кога ја прочитав изјавата на Танкоски дека дома не сме загубиле, знаев на каде ќе оди (Марио малер). Штета, ама па на тие промашени чисти шанси после и што да се очекува.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.519
Поени од реакции
2.542
Očekuvan poraz. Iako ovoj Porto e dosta slab, rezulzatot pokažuva deka nie sme epten tapa. Na momenti ne e gledlivo kolku sme očajni vo napad, čist amaterizam. Realno so ovoj tim ne ni zaslužuvame da ideme dalje, ke ne izmasakrira nekoja ekipa kao Melsungen.
Порто никогаш послаб,ама промашените пенали,малку одбрани на голманите и неколку судиски грешки на штета на вардарци беа пресудни.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.715
Поени од реакции
5.981
Utakmica na Butin!! Ne mi e jasno edno. Zasto ne proba 7 na 6 ...?
Абе ајде, утакмица на Бутин... Играчите се за 2-3 место во македонската лига, а нивниот квалитет е далеку од оној потребен за Лига Европа. Реално, дури и со малку загубивме, ако се земе предвид со каков ростер располага Порто. Разликата во класа е очигледна, иако пробуваме да играме на срце и да направиме нешто, дали 2-3 пати пробивме зона.. 80% од шутевите завршуваа принудно од неизградена позиција, лесни топки за нивниот голман.
 
Член од
17 април 2024
Мислења
645
Поени од реакции
1.554
Прво полувреме на мускули, Крсманчиќ изненадувачки добар и MVP од наша страна. Голманиве дефинитвно не се на ниво, Томовски е класи над Еспиња тоа е реалноста. Мечка исто така со многу лош ден, па сигурно преку 5-6 зицери промаши. Не проаѓаме група за жал, најубаво е сега фокусот да се насочи кон првенството. Почит за ракометарите што испочитуваа со паролата.
Утре сите на запад!
ОДИ СИ МИЛЕНКО!
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.723
Поени од реакции
3.095
Абе ајде, утакмица на Бутин... Играчите се за 2-3 место во македонската лига, а нивниот квалитет е далеку од оној потребен за Лига Европа. Реално, дури и со малку загубивме, ако се земе предвид со каков ростер располага Порто. Разликата во класа е очигледна, иако пробуваме да играме на срце и да направиме нешто, дали 2-3 пати пробивме зона.. 80% од шутевите завршуваа принудно од неизградена позиција, лесни топки за нивниот голман.
Nemas sreden bek memas protok na topka morase da proba vaka.. mpzese Hanser bek da igra probiven ke sozdavase visok
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.018
Поени од реакции
9.815
Порто никогаш послаб,ама промашените пенали,малку одбрани на голманите и неколку судиски грешки на штета на вардарци беа пресудни.
Ne be druže, može da se lažeme taka do utre. Nemame nikakva igra vo napad, samo napad da imavme tečen ke ja dobievme ovaa, pa čak i bez golmanive. Nema centralen, nema nikakva igra. Se povtarame posle sekoj natprevar ama toa e realnosta jebiga. Margeli mesto da napadna na gol, on sekad ide u aut. Tolku znae. Dur igraše iznenaduvački Krsmančič vodevme na poluvreme, pošo beše nekoj faktor iznenaduvanje i go dade toj impuls koj e potreben od centralen. Posle nišo. Sekoj vtor napad do pasiva, mačno za gledanje.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.993
Поени од реакции
74.133
Луѓето имаат многу нереални гледишта и затоа не ми се ни замара да читам што коментираат по ФБ. Секогаш кога губи тимот, кај нас во државава знаат само смени го тренерот, смени го тренерот.
Да, тренерот треба да се смени, ама на крајот од денот не игра тренерот, туку играчите.
Составот кој го имаме е слаб, послаб и од овој слаб Порто, кој со даден сплет на околности можевме да го победиме.
Прво немавме среќа со ждребката и група со Мелсунген и Порто, тоа ни е навика да го викаме, ама вистината е таа. Ние сме малку подобри од Валур, јаки сме дома на атмосфера, ама сепак...

1. Очобол голмани. Томовски беше просечен кон добар, португалецов е просечен голман. Неспоредлив учинокот на голманите. Ја реши противничкиот голман. Онаа одбрана на Коиј за 3 разлика на почеток на второ полувреме го реши мечот.
Ги искина пикерите. Лазаревски не смее да си дозволи онакви промашувања како на крајот. Добива топка, сам е, може да праша каде да шутира и го погаѓа голманот.

2. Одигравме солидна одбрана, иако и тоа не беше доволно. Имавме среќа еден период кога нивниот бек ја скрши пречката 3 пати по ред. Во второ се изгубивме, десното крило не утепа. Не заприметив дали играа 7 на 6, ама се утепаа правење вишоци на десно крило.

3. Лош избор на бекови. Десни бекови кои се слаб избор и за македонско првенство. Маргели со просечен квалитет и Томи за кого не треба да се коментира. Оди во контра на неформирана противничка одбрана, нема ни идеја, ни движење за да пробие. Прави пробивање. Да беше Душебаев, за секунда ќе беше пред голманот на противниците.
Немање среден бек, најголема болка. Николиќ тотално падна во форма, не може да покрива ни на среден, а богами ни на лев бек. Крсманчиќ изненади, барем за во македонско да го искористиме.
Не знам што бараат луѓето, сите бекови ги изротиравме, со се' пробаа. Џабе е, немаме ниту еден пробивен бек. Сите се еднодимензионални играчи, шутери. Додаваа до бескрај, ниту еден не може да пробие.
И да се пробаше 7 на 6 со два пикери, мислам ќе беше џабе без среден бек. Ќе додаваа, ќе се загушеа уште толку.
Немавме среќа ни со Хориха, ни со повредата на Борозан и Танкоски.
Не смееше да се дозволи да не се најде адекватна замена за Јапан, ама тоа е...
Луѓето треба да сфатат дека овој состав е бековски лимитиран, тоа што немаме среден бек го прави и Охрид поопасен од нас во напад, а да не збориме за Пелистер и Алкалоид.
Бар Јотиќ да го земеа слепците...
Па и пеналџија немаме...

4. Слабо судење. Неколку одлуки на наша штета кои можеа да го сменат текот на натпреварот.

5. Недановски не е за тренер на Вардар. Не е ниту Столе, ако го бараат луѓето. Они ја бркаат оваа работа дека работат за без пари што се вика, затоа што се вардарци и не смее да останеме без нив. Убави е да имаат некоја функција во клубот. Прашање е кој посилен тренер можеме да го донесеме? Како стоиме финансиски за такво нешто? Пелистер ќе го донесе Тамше набрзо, ќе не шлакаат лаганица. Нас ни треба некој кој е бар на нивото на Дејвис Камара. Ама бидејќи не може да го донесеме, џабе гракаат луѓето.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.199
Поени од реакции
4.170
Треба да се бара нов голман до Февруари. Овие двајца се слаби. Гогов веќе 5 години е некаде во Вардар, наполни 24, не покажа некој потенцијал. Треба да го пуштат. Нека донесат некој постар, проверен, што има нешто гориво да се скрпиме до лето.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.404
Поени од реакции
4.264
Мене во моментов ми се чини дека голманската позиција е покритична од среден бек. Формата на Еспиња е далеку од тоа што ни треба, а Гогов веројатно ќе остане уште еден вечити талент. Мислам дека одвај влегува и во топ 10 голмани во нашата лига. Па уште кај не бранеа ко што треба, уште Еспиња толку лош шут фрли кога можевме да се вратиме на -1.
Нивниот голман за разлика од нашите фати два или три пенали и плус еден куп зицери.

Денес на десната страна ни дуваше промаја. Мислам дека истата акција ни ја играа цело второ полувреме. Нашиве стално извисуваа ко мајмуни, а нивното десно крило ваљда имаше 8/9 учинок.

Крсманчиќ предолго преседе на клупа, имајќи предвид дека нападот со Николиќ беше предвидлив и тап. Постојано заглавуваше во "прегратка" на нивната одбрана.

Што беше со Мечка што и он заглави на клупа?

Штета, на свои грешки изгубивме натпревар што требаше да се добие. Порто беше далеку од оној Порто со кој игравме во ЛШ. Но, од друга страна и ние сме далеку од оној Вардар што играше ЛШ (дури и во оние пост Келн години).
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.709
Поени од реакции
4.489
Овој Еспиња исто како да го гледам Малумбрес. Џабе Борко ми се фалеше дека бил добар голман, реалноста е сосема друга. Мечка сезонава е многу паднат, а вечерва видовме и колку им е силата на Николиќ и Ашраф со сериозна екипа. И од следна текма пенали да шутира Вуко. Аман више од глупостине и сезонава на Срдановиќ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom