Михо, стариот лисец, уште не ги пушта конците од своја рска. Сите овде на форумот бевме свесни дека Бутинот не е вистинско решение на клупата, но во актуелната ситуација беше најрационално и најприфатливо. Верувам дека покрај државниот ваучер има уште некоја финансиска инекција, па Михо се решава на овој потег. Добро е што Бутин останува во клубот, сепак има стаж и придонес, така се постапува со некој кој подметнал грб во тежок момент. Следен чекор мора да бидат 2-3 квалитетни засилувања, минимум голман, среден/десен бек. Во спротивно ќе ни треба Дејвид Коперфилд на клупа со Крис Ејнџелс за помошник.