Дим4е
NZT-48, want some?
- Член од
- 24 октомври 2007
- Мислења
- 7.285
- Поени од реакции
- 8.462
Лобот му го шибна на КизиќМислам дека не можеше по Вардарски од ова да испадне,ги добивме на искуство,желба и муда.
Тоа е нешто што го красело и го краси Вардар,тој победнички менталитет со кој освоивме 2 Европски титули,подоцна домашни првенства и се останато.
Се чувствува уште тој дух и победничко срце меѓу играчите,иако е само Столе останат од таа генерација,одлично го пренесува тоа и на останатите играчи.
За Столе што и да се каже е малку,капитен во секоја смисла на зборот,од година во година стануваше се по зрел и по стабилен за денес да дојде до ниво да биде капитен што слободно може да се споредува со лидери од светски калибар во било кој спорт.
Лобот што го даде на Лесјак во таков момент при таква атмосфера кога беше запалена цела сала,асистенцијата кон Џомба под пасивен напад кога имавме само уште едно додавање пред да ни одземат топка,тоа ти е да имаш спортска интелегенција,нешто што не може ниту да се научи ни да се истренира,едноставно треба да се родиш со тоа,потег од ранг на најдобрите денови на Ивано Балиќ или златните години на Ален Ајверсон во НБА.
Да не заборавам и да го пофалам за прибраните реакции кога беше прекинот,ги враќаше Комити на трибина за да нема поголем инцидент,како им се дереше и ги тегнеше,страшен авторитет има изградено на сите полиња.
За крај ќе го завршам постов со изјавата на Манасков,докажавме дека Вардар е се уште БРОЈ ЕДЕН ВО МАКЕДОНИЈА!!!
Sent from my iPhone using Tapatalk