Ги наполнивме темиве со глупости, па да пишеме нешто и за утакмицава од поинаков аспект
Веројатно за прв пат после 10 години Вардар не е фаворит за титулата (дури и онаа сезона кога Металург не акна 9 разлика во Автокоманда, ние бевме фаворити на хартија).
Безразлика на тоа што лани првенството беше изедначено, мислам дека пред 2 сезони кога го имавме Алушот, екипите беа поизедначени по квалитет отколку лани (иако ги здробивме во Скопје тогаш).
Прво, мислам дека овој дуел нема да реши многу работи, затоа што ние допрва треба да играме два пати со Алкалоид, а и они треба да гостуваат во Автокоманда.
Секоја победа е добредојдена за мене, затоа што ние сме со далеку пократок ростер, послаб квалитет, а и имаме повредени играчи.
Многу малку се зборува за составот со кој ќе настапиме во сабота. Прво, Лазаревски веројатно е аут за дербито, можеби и за сезоната. За Столе не се знае ништо, скоро и да нема компетитивен меч во вторава полусезона. Не играше ни во купот.
Ако останеме на Аларов и Атанасовски на пикер, тоа е голем удар за нас.
Ние немаме со што да изненадиме, затоа што имаме само една напаѓачки расположена постава, а тоа се Тале, Карапалевски и Моралес. Јагуриновски и Дутра се тука колку да ги одморат првотимците и Томе можеби би играл и повеќе, бидејќи игра и дефанзивно.
Енигма е здравствената состојба на Моралес, малку игра, малку не игра, не знаеме колку е подготвен за 60 минути. Во куп натпревариве играше, така што би требало да е спремен за игра.
Иако беше најавено дека се враќа Ѓукиќ, јасно е дека го пропушта дербито. Дури и да се вратил на тренинзи како што најавија, нема шанси да добие некоја минута пред Георгиевски.
Фит сме на лево крило, Манасков фати форма повторно, а и Чувара не е лош. Здрави се и Мишевски и Велко во одбрана.
Се на се, се знае како би се поставиле во играта, немаме простор за изненадување за разлика од противникот.
За разлика од нас, противникот нема проблеми со повреди, има нов тренер и нов играч во Стевановиќ кој може да биде џокер.
На секоја бековска позиција имаат голем избор, а и разиграни крила во Костески, Радовиќ (кој секогаш запнува ко вол против нас) и Ојлески (можеби единствена позиција каде што сме поквалитетни).
Најголема опасност гледам во Кисум, опасен и во напад и во одбрана. Атанасијевиќ ако го фати еуфорија, може да искине, ама може и да изгори во желбата и да греши. Танкосен е исто заебан играч, особено кога одбраната ни е далеку послаба од лани, а да не ги споменуват и сите странци кои ги имаат за напад и одбрана.
Без Столе и Лазаревски, Пешевски е тежок за чување во напад. На гол го немаме џокерот Борко од лани, кој ги изгоре на искуство.
Стварно не знам како би победиле со толку лимитиран состав. Единствена надеж е дека би изгореле во атмосферата, барем од тој аспект нашите играчи би биле поподготвени.
Немаме тешки утакмици годинава, единствено овие во СЕХА лига, каде што освен со Татран дома, не се покажавме во најсјајно светло. Партизан не надигра два пати (дома ги добивме на публика и искуство).
Се надевам дека Бутинот крие некаков џокер во ракавот, колку и да не веруваме ни самите во тоа
Поразите се составен дел од спортот, никој не може вечно да биде шампион, ако ова биде прелазна година после потресите од последниве две години, ќе прифатам и пораз
Шансите по мене се 20-80 во корист на противникот во однос на освојувањето на лигата.
Како и да е, очекувам одлична атмосфера, добра исполетност на трибините, особено во нашиот дел. Некако кај сите впечатливо е дека не не јаде толкава еуфорија, можеби и очекувано со оглед на тоа што сме бранители на титула веќе 8-9 години по ред. Сами знаеме колку сме биле понапалени кога ние бевме во улога на предизвикувачи во годините на доминација на Металург, сега колку и да е дерби, лично не чувствувам толкава еуфорија. До душа, тоа ќе се промени ко ќе дојде денот на утакмицата