Знам дека низ годините се смеевме за неговиот ангажман во клубот (веројатно и јас јадев гомна), ама Марче беше еден од главните виновници за хемијата меѓу играчите. Он им беше човек за се што им треба низ градов. Цела дружба вон терените е благодарение на него, сите ракометари го обожаваа.
Не знам зошто го шутнале, ама не ми се допаѓа одлуката...
Точно, дечко за се.
Он им средувал во било кое време и во боло кое место резервации за маси, сепариња, коњопои, излаганки и остали работи. Голем удел имал за хемијата.
Него, каков само ракомет покажаа Елверум, папапа, акции за мерак, милина за гледање. Тој средниот бек 20-21 година има ако не се лажам, многу опасен ќе биде дечкото, какви акции им правеше у пм. Ќе бидат опасни за сите, а и ќе биде интересна групава, ќе има уште изненадувања.
Вардар вчера да не форсираше Вујо 7 на 6 ќе се вратеше во игра уште крајот на прво, кога примија два брзи гола на празна мрежа и отидоа на плус 4 Монпеље а имаше добра шанса да се отиде со минус два на полувреме.
Зијан се повеќе со играта 7 на 6 одколку ќар. Ај да имаш некој среден како Енди Шмит, кој со врзани очи дава хируршки прецизни топки и отвара еден тон простор за сите играчи, ама со Гаџа не иде баш како што треба тоа, а некако и останатите бекови ми делуваат како несигурни и некомотни кога се игра 7 на 6.
Има време здравје, ама за идната сезона освен среде бек ќе мора и голман.
Томовски може ќе го биде, ама сеуште со него ќе биде топло ладно, една добра па после врзано две три лоши.
Борко си го знаеме, една две врв утакмици цела сезона, другите ќе прим голови од 10 метри.