Она беше one of those days, кога ништо не одеше...
Ни притисок од публика не помогна, неколку пати имавме зицери, пенали, напади со играч повеќе на -4, на пеколна атмосфера за вртење на резултатот, ама кога не сака, не сака.
На спротивната страна, од неколку мртви напади по ред, му стегнаа на Боре гол по земја. Едноставно не ти се игра откако на добра одбрана, примаш такви умрени голови, после минута и пол противнички напад.
Уште 4 дена да игравме, немаше да ги стигнеме. Едноставно денес не прочитаа целосно, а ниту еден бек немаше свој ден. Сите заедно да ги собереме немаа ни 5 погодоци. Веќе ќе биде лесно за противниците да не читаат, со ограничување на движењата на Гаџа и немањето друг среден бек. Кудуз беше очаен, изгоре во желбата да се докаже, па зема едно 20 шутеви или пак едноставно има квалитет само за СЕХА лига.
Во одбрана лошо преземавме, многу вишоци ни правеа, чисти шутеви од бекови, одлични влезови на крилата. Десното крило не уби со влезовите, а и општо добро ротираа и правеа конфузија во нашата одбрана.
Џукиќ е дрво откако дојде, ич не се снајде. Какви само промашувања имаше и изгубени топки. Чувара исто така беше многу лош, дури и пеналот го утна на крајот.
Тешко беше, не одеше и натпреварот треба да се заборави што побрзо.
Од друга страна испливаа на површина голем дел од нашите квалитативни недостатоци. Јас тврдам дека да нема публика, немаше ништо подобро од лани да играме, едноставно факторот атмосфера е голем притисок за противникот.
Но денес и тоа не помогна, таман ќе намалевме, ќе се запалеше цела сала и бап ќе не спуштеа на земја. Десет шанси имавме за вртење на мечот со намалување под 4 разлика, ама ништо.
Вујо е тврдоглав кога ќе се запне за таа игра 7 на 6. Особено непотребно при крај на полувреме.
Тој момент може беше и решавачки. Тото утка зицер за -1, примаме гол на празен гол. Нареден напад примаме уште еден на празен гол.