Фан клуб - РК Вардар

Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Апсолутно не се согласувам. Го добиваше Металург во полубитни натпреварувања како Сеха и Куп зошто Металург во тие утакмици не се замараше и тие титули му беа не толку битни, едино битна беше титулата во домашно првенство затоа што носеше пласман во ЛШ и на тие дуели со нив ние немавме никаква шанса. На Фајнл 4 Сеха ги победи и Загреб и тоа во сред Загреб, сериозно мислиш дека тоа би било и теоретски можно ако тој натпревар беше на пример во ЛШ? :) Не, туку и на Загреб како и на Металург во тоа време им беше тренинг натпреварување Сеха, или си сериозен дека да игравме во ЛШ тие години со Загреб ќе можевме да го направиме истото?
Истата работа е и со купот, да те потсетам дека моментален освојувач на купот е Металург, кога Вардар е европски шампион. Сериозно мислиш дека Металург ни го најде лекот лани во мај кога не можеа Барса и Веспрем? :) Не, туку Вардар е сега во обратна улога да влага во тие полубитни натпреварувања со втора брзина, и Металург сега го искористија тоа да стигнат до титула во такво натпреварување. Нека не победат во првенство да ги видам. :LOL: Ако Вујо со тие победи го „наоѓал лекот“ за Металург и Лино тогаш пандан на тоа би било талентираниот Марио Танкоски го најде лекот за Милосављев како што тоа не го можеа Палмарсон и Мае? :D
И за крај, никаде не реков дека Вујо бил слаб тренер, немаше да стигне ни до Загреб и Словенија ако е така, само дека неговото однесување често ни правеше и сериозни проблеми и дека не е тој за она што Вардар стана како клуб потоа, си заврши работа он во свое време, секоја чест за Карачиќ и Абутовиќ, ете и он има некаков удел во титулите во ЛШ со нивното носење, а за тоа дали он можел да го направи истото што и Раул и Парондо мислам дека не мора да ги прашуваме јасновидците доволно е според мене да ги прашаме на пример играчите кои стигнаа до тие успеси.
Полека сега малку.
Како прво, Вардар колку и да беше послаб финансиски во однос на Металург, никогаш не заостануваше толку со квалитет позади него. За разлика од сега, кога споредбата на двата клуба е како небо и земја. Металург лани не беше ни втор тим во Македонија. Забораваш една работа, дека Металург на секој меч што го играше со нас, идеше со намера да не победи и понижи, па макар тоа било и турнирот во Струга. Не би рекол дека не им биле битни дуелите во одредени натпреварувања. И сам знаеш дека секој меѓусебен меч изобилуваше со тензии (плукање, тепање, влечење, вреѓање). Па тие беа пуни со комплекси према Вардар, Червар од уста не не вадеше во секое можно интервју, како они биле правите шампиони, ракометната репрезентација на Македонија, а за Вардар играле странци и слични глупости.
И затоа те курчи и мене, и тебе, и Colt Willcox, Комита Ултрас, RedBlack, kano, Centarski, Незапирливи, Illumious и да не ги набројувам до недоглед сеа сите постари Вардарци од форумов, што така им го препуштивме Купот пролетва, а пред некоја година си дозволивме да не добијат со параспур тим. Да беше обратна ситуацијата, они ќе гледаа да не уништат. Раул изузетно го ценам за се што оствари, ама у единствената сезона кога му беше конкурентен Металург, изгуби како магаре во шталата во Автокоманда и отиде титулата. Сите сме свесни дека потешко беше да освои таа иста штала, отколку ЛШ.
Вујо беше правиот против одговор за тие неартикулирани животињи затоа што им го наруши комодитетот, што го имаа пред неговото враќање. Они не беа навикнати некој да им покаже заби и поради тоа за нив претставуваше ноќна мора, па гледаа на секој можен начин да го макнат од нивното опкружување.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Мене тој пораз од Металург во Автокоманда кога не понижија во буквална смисла и ден денес повеќе ме боли од сите порази поготово од последниве утакмици каде што губиме по 9-10 разлика.
Металург секогаш против нас играле со 200 посто и без разлика каква утакмица беше битна или небитна целта им беше да не понижат.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Овие порази од 9-10 гола разлика делуваат како играчите да се откажуваат. Ај, ја изгубивме ова, нема смисла да се замараме.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
Како поминува времето се гледа дека Писонеро и тоа како вадел максимум од тоа што го имал на располагање. Ако више го менуваа ( а рано беше) требаше да имаат на лагер проверено тренерско име, а не копачов неписмен Кокшаров.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Ја мислам дека ќе има некој одговор од управата. Дури не би бил изненаден да го вратат Писонеро или пак да пробаат со Периќ.

Ако Кокшаров изгуби дома од Веспрем, нема шанси да остане он следниот дел од сезоната.

Ако се нема пари, може не е лошо и да се види да се склопи некој дил со Еурофарм, да ни ги позајмат Митревски и оној Јотиќ за следнава полусезона. Они и така завршија со ЛШ, а и во СЕХА не им иде нешто сјајно, може да испаднат или ќе налетаат на Вардар во 1/4. Па некој договор кај што овие би играле само ЛШ и СЕХА а не би играле против Еурофарм во домашно.

Да се види и некој бек, шутер да се донесе од регионов. Не знам Момир Рниќ до кај е. Он се врати во Пролетер и рече дека сега е здрав и ќе работи да ја крене формата оваа сезона, па ќе проба да прави трансфер во поголем клуб од следната. Ако фатил некој ритам он и е во некој солидна форма, да го донесат на проба него да видат до кај е.

Се разбира ова не се идеални засилувања, правиме муабет за нешто реалистично, евтино што ќе ни го крене барем малку нивото за да може да играме за 1/4.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.726
Полека сега малку.
Како прво, Вардар колку и да беше послаб финансиски во однос на Металург, никогаш не заостануваше толку со квалитет позади него. За разлика од сега, кога споредбата на двата клуба е како небо и земја. Металург лани не беше ни втор тим во Македонија. Забораваш една работа, дека Металург на секој меч што го играше со нас, идеше со намера да не победи и понижи, па макар тоа било и турнирот во Струга. Не би рекол дека не им биле битни дуелите во одредени натпреварувања. И сам знаеш дека секој меѓусебен меч изобилуваше со тензии (плукање, тепање, влечење, вреѓање). Па тие беа пуни со комплекси према Вардар, Червар од уста не не вадеше во секое можно интервју, како они биле правите шампиони, ракометната репрезентација на Македонија, а за Вардар играле странци и слични глупости.
И затоа те курчи и мене, и тебе, и Colt Willcox, Комита Ултрас, RedBlack, kano, Centarski, Незапирливи, Illumious и да не ги набројувам до недоглед сеа сите постари Вардарци од форумов, што така им го препуштивме Купот пролетва, а пред некоја година си дозволивме да не добијат со параспур тим. Да беше обратна ситуацијата, они ќе гледаа да не уништат. Раул изузетно го ценам за се што оствари, ама у единствената сезона кога му беше конкурентен Металург, изгуби како магаре во шталата во Автокоманда и отиде титулата. Сите сме свесни дека потешко беше да освои таа иста штала, отколку ЛШ.
Вујо беше правиот против одговор за тие неартикулирани животињи затоа што им го наруши комодитетот, што го имаа пред неговото враќање. Они не беа навикнати некој да им покаже заби и поради тоа за нив претставуваше ноќна мора, па гледаа на секој можен начин да го макнат од нивното опкружување.
ОК, те разбирам. Само имаме различни размислувања околу тоа колку се залагале противниците во тие дуели кои му се рачунаат како големи победи, од тоа не отстапувам. :)
Плус, што лично премногу ми сметало што не можеш да си мирен со него и не знаеш кога може да направи ексцес и да му наштети на клубот, како на пример во ситуациите што ги набројав во претходниот пост, тепачка со Столе пред најважен натпревар во сезоната (овде уопште не му намалувам одговорност и на Столе), обид за инцидент со судии на полуосвоена титула во Кале, дешавката со Начевски, без разлика дали бил испровоциран и сл.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692

Плус некое дивеење што го имаше на некој европски дуел со Швајцарски противник, по што доби едногодишна суспензија.

Јас Вујо го обожавам, дефинитивно ми е еден од ретките ликови кои оставиле трага во тимовите од РК Вардар. Што од односот кон навивачите, што од уривањето на Метлург.
Реално, во последните натпревари, Вујо беше многу подобар од Лино, со оглед на составите со кои располагаа двете екипи. Навистина, титулата ја освоивме против десеткуван Металург, ама па нерешеното на нивни терен го издвојувавме против целосен противнички состав.

И покрај се', Вујо во моментов не ми е тренер за екипа како сегашен Вардар. Добар е за просечни клубови, но со појавата на неколку шпански тренери како Раул и Парондо, видовме дека ова е време на тактички подобро потковани тренери, кои ќе им остават и поголема слободна на играчите, нема да им се дерат на секоја грешка.
Вујо е олд скул балкански тренер и за него реално нема место во највисокиот европски крем, од причина што темпераментот нема да помине кај посилните играчи и само ќе направи контра ефект во екипата.
Вујо е тренер таман ко за во Загреб во моментов.

Уште една балканска особина му беше што со голем дел од играчите кои ги носеше во Вардар имаше дил каде што им земаше проценти :D Реално, лик кој не можеш да не го сакаш ако ти ја води екипата, но во модерниов ракомет нема многу место за такви ликови во сериозни екипи, затоа што како што спомнаа погоре, во секое време може да направи нешто непотребно.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.567
Поени од реакции
8.182
Ја мислам дека ќе има некој одговор од управата. Дури не би бил изненаден да го вратат Писонеро или пак да пробаат со Периќ.

Ако Кокшаров изгуби дома од Веспрем, нема шанси да остане он следниот дел од сезоната.

Ако се нема пари, може не е лошо и да се види да се склопи некој дил со Еурофарм, да ни ги позајмат Митревски и оној Јотиќ за следнава полусезона. Они и така завршија со ЛШ, а и во СЕХА не им иде нешто сјајно, може да испаднат или ќе налетаат на Вардар во 1/4. Па некој договор кај што овие би играле само ЛШ и СЕХА а не би играле против Еурофарм во домашно.

Да се види и некој бек, шутер да се донесе од регионов. Не знам Момир Рниќ до кај е. Он се врати во Пролетер и рече дека сега е здрав и ќе работи да ја крене формата оваа сезона, па ќе проба да прави трансфер во поголем клуб од следната. Ако фатил некој ритам он и е во некој солидна форма, да го донесат на проба него да видат до кај е.

Се разбира ова не се идеални засилувања, правиме муабет за нешто реалистично, евтино што ќе ни го крене барем малку нивото за да може да играме за 1/4.
Мора да се направи некоја таква комбинација за засилувања. Р'ниќ ако е во ок форма би бил топ бек, исто се слагам и за Јотиќ. Немој сеа одма да ми скокнат некои, ама реалноста е таа во моментов. И ја го сакам Палмарсон ама стап. Не знам доколку Загреб не помине групи, дали може да пробаме со Ашанин. Беше дамнешна желба на Вардар, има одлични предиспозиции а плус во комбинација со Периќ би ни се нашол топ. Значи збориме за нешо што евентуално би било доступно, а не прескупо. Јагањац од Нексе исто би дошол добро во оваа ситуација. Ако имате некои други ракометари кои моментално би можеле да бидат на радарот на Вардар и да помогнат во превење на конкурентна екипа за осминафинале и даље, пишете тука.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Кажано со негови зборови: Вујо је умро - одавно!

Вујо е Жозе Мурињо во ракометот, нема променето ништо во својата игра и во својот пристап кон водењето на клубовите сто години. Не му успева веќе претходното. И не само он, тука е и делумно и Душебаев, он е кочницата на Киелце минативe 3 сезони затоа што е заглавен уште во таа шампионската.

Моментално е време на млади тренери, нови филозофии, експерименти. Сакам да кажам, ако некој во клубов размислува на долг план треба да ги намерачи Дибиров или Чупиќ во тренерските води откако ќе се пензионираат. Во меѓувреме Зорман е најидеалното решение.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Пуховски од Мотор пак во тимот на колото заедно со Јотиќ.Ние имавме пари за Атамн немав за Јотиќ смешно.
Реално, ќе го купеше ли Јотиќ пред Атман?
Атман беше сосема солиден играч претходно, се понадевавме дека ќе врати форма. Плус не може да правиш таква споредба, види кои му се неговите протовници во ЛШ, а кои на Атман.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Реално, ќе го купеше ли Јотиќ пред Атман?
Реално не. Ама реално и не може во состав да имаш 5 играчи со стаклени нозе кои цела кариера влечат повреди и ти да се надеваш дека нема да се повредат. На крај не снајде обратното и играме со крила цела утакмица како бекови.

Чисто за споредба вакви играчи лани имавме 2ца, Диско и Горбок. На овој вториов не се ни надевавме нешто затоа што имавме играчи на негова позиција. Диско пола сезона беше повреден ама имавме играчи на негова позиција. Сега немаме играчи за прв тим, и се надеваме на овие со стаклени нозе.

Не ми е мене проблем што играме со ваков состав, се нервирам што ниедно засилување не беше планско сем Толедо како замена за Криштопанс коа ќе замине. Сезонава ја туркаме со играчи на кои се надевавме дека ќе покажат талент или дека нема да се повредат. И тоа е сосем океј коа ќе размислиш затоа што ние бевме помирени дека ќе се распаднеме уште пред сезона.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.322
Поени од реакции
22.611
grupata ke ja pomineme dali kako treti ili sesti ne pravi razlika zasto za keln ke mora da se sudrime so eden od barsa ili psg. bitno bese da se izbutka do vtoro ako e mozno ako ne togas seedno... ako se vratat do togas povredenite plus da blesnat golmanite pak se e mozno. patot ke bide potezok ali nie sme naviknati
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
grupata ke ja pomineme dali kako treti ili sesti ne pravi razlika zasto za keln ke mora da se sudrime so eden od barsa ili psg. bitno bese da se izbutka do vtoro ako e mozno ako ne togas seedno... ako se vratat do togas povredenite plus da blesnat golmanite pak se e mozno. patot ke bide potezok ali nie sme naviknati
Koi crno golmani da blesnat tie se limitirani tolku mozat.

Sent from my SLA-L22 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

На врв Bottom