Фан клуб - РК Вардар

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.289
Поени од реакции
1.977
So Pisenero imase akcii napadot top ni bese so ovoj mizerno anemicno deluvame
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.502
Поени од реакции
9.345
Ова е брука.
Си играат со реномето на клубот.
Второво полувреме е срам за сите играчи и "стручен" штаб посебно.
Сведок сум бил низ годиниве на многу поубедливи порази, али ваква индолентност и непочитување кон дресот немало.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.840
Поени од реакции
2.695
Натпревариве од милина за гледање изминативе сезони, станаа очобол годинава. Тешко е да се гледа како мизерно се продава ужасно стекнатото реноме годините наназад. Толку се кристално јасни фалинките на тимов, али работата е дали некој во клубот превзема нешто екипата да се врати на вистински колосек. Не е работава само дали ќе извадиме осминафинале. Моментот е што со овој ростер воопшто не сме конкурентни, па веќе и на екипи како Брест ( посебно овој Брест најумрен у задњи пет години). После ова мора нешто да се менува. Дефинитивно со Кокшаров на клупа екипава делува уште полошо од претходно. Јес да и повредите си го прават своето, ама по ова што го гледаме, и со здрави Криштопанс и Толедо пак ќе иде тешко. Шо да се каже за овој Атман. Па Карапалевски ќе има бољи ефект, бар нема да греши толку као некој аматер. За Гедбан више ми е мука да се повторувам, тоа е со момакот нема спас. Па уше треска лопти од паркет, се нервира нешо. Туга.Јасна е сутуацијата. Под итно тренер, саглам лев бек и голман ако сакаме колку толку да ја спасиме сезоната и да бидеме конкуренни. Ако не, реалноста е таа. И у мука и у радост секогаш со Вардар!
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
243
Поени од реакции
375
Срам за клубот, за дресот што го носат! Веќе на ништо не личиме, тренер циркузант, нема борба, нема мотив, се губи тимот. Голманите, алал да им се сите пари што ги земаат, на светов нема работно место на кое за НУЛА придонес даваат плата. Тешко нас во недела со касапине маџарски.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
217
Поени од реакции
243
Мамето на сите што допринесоа клубов да дојде на ова дереџе. Посебно на Северџаниве. Па кој има чисти пари дадено во спорт, Минчо и Трифун што ебаа државни фирми? Или Еколог шверцерон?

Sent from my ANE-LX1 using Tapatalk
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
37.733
Поени од реакции
73.528
Гол разлика во ЛШ после 9 меча:

Вардар: -26
Мешков: -23
Мотор: -30

:popce:
 

Riddler

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
5.547
Поени од реакции
7.029
Нека се ангажираат малце да донесат некој бек и голман и нека му дадат Писонеро да си тера работа јас сум убеден дека многу подобро ке функционираат со него нека не играат курот
 
Член од
11 јануари 2014
Мислења
480
Поени од реакции
730
Ја ебаа скроз атмосферата во тимот изгледа со смената на Писонеро, човекот ни крив ни должен го јаде стапот.
Писонеро како така успеа Монпеље и Мотор да ги тепа во гости и тоа без пикер. Сега од коа се врати Столе одма се осеќа разлика али др работи не функционираат.
Секако главен проблем се голманите, на лев бек ќе се крпи некако али голман мора под итно да бараат.
Нека наведне Самс главата нека го врати Писонеро, нека му донесе помшник по желба и нека го остави да работи, во моментов тоа е најдобро решение.

Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
2.610
Поени од реакции
3.288
Никогаш не направил никаков резултатски подвиг Вујо со Вардар. Тогаш освоивме титула благодарејќи на големиот број повреди на Металург, а не заради некоја негова тактика од клупа. И тогаш дури, кога се знаеше дека Металург со речиси втор состав нема што да бара на Кале на решавачката утакмица и дека само треба да ги „одработиме“ тие 60 минути за да ја освоиме титулата, он направи инцидент во прво полувреме на 2-3 + за нас и тргна да се тепа со судиите после некоја нивна одлука и направи натпреварот да дојде на раб на прекин знаејќи какви гнаси беа тогаш од „темната страна“ и дека само тоа го чекаа и само тоа можеше да ги спаси таа сезона, евентуален некаков прекин и во најмала рака суспензии па и службен пораз. Други пати и директно му штетел на Вардар со тоа негово сељачко однесување, како на пример кога од нигде никаде на три дена пред првата утакмица од ЕХФ Куп со Магдебург во гости се степа со Столе на тренинг и не го зема на тоа гостување како казна, па мораше Никола Маркоски да игра 60 минути како пикер. Убеден сум дека ќе ги елиминиравме да не ја направеше таа глупост.
И никогаш не изградил он никакви карактери од Столе, Карачиќ или не знам кој во Вардар. Столе како карактер се смени за време на Раул, после Силбо. Да останеше Вујо тренер на Вардар, Столе уште ќе правеше „цепки“ у емисии кај Жаре како затворал дискотеки и после тоа јадел цела пита бурек за доручек. А и Карачиќ уште на првото негово гостување во Скопје се срчка со него и среќа на време му текна на овој да се потсмири и да не направи глупост.
Сите резултати што ги постигнал Вујо со Вардар се во рамки на буџетот кој му го овозможувал Михајло. Кога во последните години Минчо почна да вложува многу повеќе во Металург и веќе не можеше да се носи резултатски со нив, створи некоја посебна врска со Комити (отсекогаш бил близок со нив) ради тоа што се буткаше со полиција за нив, постојано ги повикуваше во сала, повторуваше на интервјуа колку се значајни за клубот и слично, и затоа навивачката група му направи некаков статус на икона за нив, никогаш ради некакви негови резултатски достигнувања со Вардар.
Најдобрата одлука на Самсоненко е што реши да не го остава на клупа на Вардар. Никогаш немаше да освоиме две титули во ЛШ да останеше он тренер.
Си викам ај да не го тупам за Вујо, ама за вакви изнакажани небулози и невистини морав да искоментирам. Ти бе друже да не имаш некаква амнезија да те прашам прво.
Можеш да не го сакаш ради неговиот проблематичен карактер, ама да тврдиш дека немал никакви резултатски достигнувања со Вардар е многу ниско. Да те потсетам дека поголемите вложувања на Минчо и со тоа доминацијата на Металург се поклопуваат со првото заминување на Вујо од Вардар во 2009 година. Михајло откако увиде дека другиве тренери што дојдоа по Вујо (Љупчо Савевски, имаше еден Црногорец и евентуално уште некој тренер) никако не можат да се справат со Лино, се решава да го врати назад повторно.
У една година Вујо успеа во 5 наврати да му го земе скалпот на Металург и Вуди Ален. Во финале на СЕХА во Загреб, во финале на Куп на Македонија во Борис, на Кале со гол у последна секунда, во 1/2 финале на СЕХА пак во Борис и оваа задњава победа за титула што ти покушаваш да и ја намалиш тежината како демек Вујо им ги повреди играчите. А знаеш во тие претходни 2,5 години додека беа други тренери на кормилото, колку пати го победивме Металург?! Јас ќе ти кажам: Ниту еднаш! Па сеа ти напраи математика кој можел, а кој не можел да се носи резултатски со нив. Додека на Лино му ја донесоа пола репрезентација и докажани странци од типот на Станиќ, Вугринец, Марковиќ, Атман, Вујо од нафталин ги извади Столе, Карачиќ, Абутовиќ, Прибак, Добривоје Марковиќ, Џамбо, Тоскиќ за кои прашање е некој дали воопшто имаше чуено претходно, а многу од нив искочија исклучително важни во тие 2 освоени титули на европски шампион. И сепак успеа да му откине 3 титули на Металург во период од една година, а сеа муабети од типот дека Комити напраиле икона од него мислам дека не заслужуваат ни внимание.
Претпоставкиве дали Вардар со него ќе освоел ЛШ, ти е исто како да се прашуваш Раул или Парондо дали би ги оствариле резултатите на Вујо. Работеле во различни времиња, различни услови, различни играчи. Ја би им го оставил тоа на јасновидците.
Само ќе кажам дека треба да си има малку почит. Сепак апсолутно ја заслужува, за разлика од актуелниов, налик на руски шверцер на вотка од 90-тите, што на ангро го распродава угледот на клубот.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
267
Поени од реакции
308
Овој Клошаров уво го боли за сите тие наши репрезентативци кои се замена, ама ќе им билда форма на Атман кој никогаш толку слабо не играл, Горпишин и останатите во руската репрезентација (а на крај ништо нема да направат на Европско).
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.131
Поени од реакции
2.247
Си викам ај да не го тупам за Вујо, ама за вакви изнакажани небулози и невистини морав да искоментирам. Ти бе друже да не имаш некаква амнезија да те прашам прво.
Можеш да не го сакаш ради неговиот проблематичен карактер, ама да тврдиш дека немал никакви резултатски достигнувања со Вардар е многу ниско. Да те потсетам дека поголемите вложувања на Минчо и со тоа доминацијата на Металург се поклопуваат со првото заминување на Вујо од Вардар во 2009 година. Михајло откако увиде дека другиве тренери што дојдоа по Вујо (Љупчо Савевски, имаше еден Црногорец и евентуално уште некој тренер) никако не можат да се справат со Лино, се решава да го врати назад повторно.
У една година Вујо успеа во 5 наврати да му го земе скалпот на Металург и Вуди Ален. Во финале на СЕХА во Загреб, во финале на Куп на Македонија во Борис, на Кале со гол у последна секунда, во 1/2 финале на СЕХА пак во Борис и оваа задњава победа за титула што ти покушаваш да и ја намалиш тежината како демек Вујо им ги повреди играчите. А знаеш во тие претходни 2,5 години додека беа други тренери на кормилото, колку пати го победивме Металург?! Јас ќе ти кажам: Ниту еднаш! Па сеа ти напраи математика кој можел, а кој не можел да се носи резултатски со нив. Додека на Лино му ја донесоа пола репрезентација и докажани странци од типот на Станиќ, Вугринец, Марковиќ, Атман, Вујо од нафталин ги извади Столе, Карачиќ, Абутовиќ, Прибак, Добривоје Марковиќ, Џамбо, Тоскиќ за кои прашање е некој дали воопшто имаше чуено претходно, а многу од нив искочија исклучително важни во тие 2 освоени титули на европски шампион. И сепак успеа да му откине 3 титули на Металург во период од една година, а сеа муабети од типот дека Комити напраиле икона од него мислам дека не заслужуваат ни внимание.
Претпоставкиве дали Вардар со него ќе освоел ЛШ, ти е исто како да се прашуваш Раул или Парондо дали би ги оствариле резултатите на Вујо. Работеле во различни времиња, различни услови, различни играчи. Ја би им го оставил тоа на јасновидците.
Само ќе кажам дека треба да си има малку почит. Сепак апсолутно ја заслужува, за разлика од актуелниов, налик на руски шверцер на вотка од 90-тите, што на ангро го распродава угледот на клубот.
Апсолутно не се согласувам. Го добиваше Металург во полубитни натпреварувања како Сеха и Куп зошто Металург во тие утакмици не се замараше и тие титули му беа не толку битни, едино битна беше титулата во домашно првенство затоа што носеше пласман во ЛШ и на тие дуели со нив ние немавме никаква шанса. На Фајнл 4 Сеха ги победи и Загреб и тоа во сред Загреб, сериозно мислиш дека тоа би било и теоретски можно ако тој натпревар беше на пример во ЛШ? :) Не, туку и на Загреб како и на Металург во тоа време им беше тренинг натпреварување Сеха, или си сериозен дека да игравме во ЛШ тие години со Загреб ќе можевме да го направиме истото?
Истата работа е и со купот, да те потсетам дека моментален освојувач на купот е Металург, кога Вардар е европски шампион. Сериозно мислиш дека Металург ни го најде лекот лани во мај кога не можеа Барса и Веспрем? :) Не, туку Вардар е сега во обратна улога да влага во тие полубитни натпреварувања со втора брзина, и Металург сега го искористија тоа да стигнат до титула во такво натпреварување. Нека не победат во првенство да ги видам. :LOL: Ако Вујо со тие победи го „наоѓал лекот“ за Металург и Лино тогаш пандан на тоа би било талентираниот Марио Танкоски го најде лекот за Милосављев како што тоа не го можеа Палмарсон и Мае? :D
И за крај, никаде не реков дека Вујо бил слаб тренер, немаше да стигне ни до Загреб и Словенија ако е така, само дека неговото однесување често ни правеше и сериозни проблеми и дека не е тој за она што Вардар стана како клуб потоа, си заврши работа он во свое време, секоја чест за Карачиќ и Абутовиќ, ете и он има некаков удел во титулите во ЛШ со нивното носење, а за тоа дали он можел да го направи истото што и Раул и Парондо мислам дека не мора да ги прашуваме јасновидците доволно е според мене да ги прашаме на пример играчите кои стигнаа до тие успеси.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
1.144
Поени од реакции
1.498
Мислам дека шансите да ја води екипата Кокшаров против Веспрем се мали. Ова со непојавување на пресови е непочит према играчите, новинарите и клубот.
секоја чест за Карачиќ и Абутовиќ, ете и он има некаков удел во титулите во ЛШ со нивното носење.
Само за потсетување, Карачиќ не беше ископан од некој дупка, него и Металург го бараше пред да дојде во Вардар.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.131
Поени од реакции
2.247
Само за потсетување, Карачиќ не беше ископан од некој дупка, него и Металург го бараше пред да дојде во Вардар.
Апсолутно, Карачиќ има играно 1/8 финале ЛШ со Босна пред да дојде во Вардар. Повеќе беше за тоа дека он ги донесе во Вардар, не дека он ги направил играчи.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
9.557
Поени од реакции
3.145
Клошаров е крив!
Тоа ти е, кога сам ќе се поставиш за тренер.
Тој треба да се исвирка во недела ако се појави. Најлош тренер што го имал Вардар.
 
На врв Bottom