Фан клуб - РК Вардар

Член од
8 септември 2008
Мислења
11.834
Поени од реакции
10.147
@mkgunner да си жив и здрав за снимкава од Арена, ја пуштам пак, крш е озвучувањето или пак заднинскиот звук е намален. На почетокот Вардар кога се дереа присутните, имаше страшно ехо, прозорите се тресеа на градбите околу. И водителон кога спомна град Скопје сите фатија УУУУ добри 15 секунди ништо не чув што кажа потоа.
Ма немат никаков проблем, среќа успеав да ја начекам на време па ја снимив да остане во историја. Множете ја ставајте ја по клауди по дискови да ја има оти вакви моменти морат да се памтат.
Звукот остај, многу лошо беше на на сите ТВ па и на Арена, којзнае кај ја е.але работата ама добро е што не ми закочи стримот пак :D
Незнам кое е педерчено што проба да ја водит прославава ама го посраа и него и Шилегов и сите марионети што мислеа дека ќе се ушлепаат. Тој момент и на крај химната кога ја пееја, МОРНИЦИИИИИ
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.705
Поени од реакции
5.336
ако има барем малку вистина во ова за Зорман, а веројатно има, онда се иде по стариот проверен рецепт со бивши играчи или луѓе кој шо работеа во Сиудад Реал со Киргистанецот Душебаев :) почнувајќи од Раул, Давид Дејвис, Парондо, Штербик, Кањелас... још један у низу :)

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Житников, или Котов да се донсат ќе биде премија!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Што слушам по Стојанче улица ќе именувале некаде во Скопје! Улица 5 ќе се викала. :D
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Е не се сложуваме тука.

Најголемите репрезентативни успеси сме ги имале во ракомет.

Тргни ги Вардар и Кометал на страна, репрезентацијата во ракомет редовно ни игра на големи натпреварувања и стигнува до втора рунда.

Фудбал со години сме четврти или уште под тоа.

Скоро сите репрезентативни мечеви се гледаат во преполни сали.

Да излезеш на улица да прашаш луѓе да ти кажат тројца македонци ракометари и тројца фудбалери ти гарантирам поголем број од луѓето ќе знаат ракометари а не фудбалери.
Не би рекол.

Ама сега збориме за ракометна нација, не за 3 играчи. Да излезеш на улица и да прашаш 3 тима во Мак ракомет не знаат, тоа не е ракометна нација, тоа се луѓе жедни за некаков успех.

Дека во ракомет имаме најголем успех, на хартија, да, ама па е спорт што не е експониран во другите земји па оттука е полесно да се дојде до успех, не е фер да се намалува трудот на другите спортисти што исто тренираат во 100 пати полоши услови од ракометарите а имаат 100 пати поголема конкуренција.

Иначе од екипни репрезентативни спортови, најголем успех е 4тото на кошаркарите.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.221
Поени од реакции
4.126
Ако за нешто не жалам/жалиме што сме се родиле во наша Македонија тоа е Вардар , ваква радост од вака мала земја чуството е неверојатно , има некоја хемија меѓу оваа публика и Вардар .
Да живее Вардар , да продолжи радоста :)
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.188
Овој дебилов Чомовски пак прави отворено студио за тоа како и зошто се пцуеле клетите Албанци, зашто Стоилов не можел да се контролира, па чак и едниот од гостите извесен Нанев (неам појма кој е) се дрзна да искоментира како тоа пиеле пиво бе!! Копачи, племе и семе да им ебам скапано. Како бе еднаш не изанализираа една утакмица на Шкендија, дали европска или домашна и цела ваква емисија да направи? Сакатура шугава, му ебам тоа моржот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Татран имаше 10 се3кунди и два играчи повеќе за да победи. Но заглавија и имаа само удар од 9 метри. Сепак имаа еден вол 200 и кусур висок, па ова како пенал му се фати. За среќа ја рецна само стативата :D
Море да имаме финансии да го земеме оној волон Криштофанс од Татран, и не му ја мислам ич, сигурно зимаме титула :icon_mrgr:
@TheTrooper :blablab:
Никако......едниствено што го прави некој да му обрне малку внимание е неговата висина.Просечен шут,лоша координација..........понезграпно створење од него немам видено.Не е ова кошарка,па да игра центар и да му е предност толкава висина.215 во ракомет се повеќе хендикеп него ли висина.
:roker::roker::roker:

Играј Вардар ти за нас, КриштоФАНС :ojeaa:

Што да се надополни на претходниот пост напишан пред фајнл форот?
За сезонава се' е кажано, истото што го напишав и тогаш важи и сега. Фајнл форот го реши мотивацијата и страшната хемија меѓу играчите. Се знаеше дека ќе имаме големи проблеми со Барса, но ги решивме и нив. Пацерите Веспрем знаев дека немаат шанси во финале.

Се враќаме месец дена поназад. Одењето на Ф4 е голем залак со македонскиве плати. Но, овојпат решивме дека веќе нема назад, а можеби и нема да имаме ваква шанса. Неколку кајганџии се договориле да одат за Келн, ама не не известиле јавно :pijanco:
Со сплет на околности, дојде информацијата и до останатите Комити кои се членови на форумов, па во 5 за 12, пред да скокнат цените за превоз до небеста, букиравме превоз и смештај.
Само двајца отидовме без карти, потпрени на муабетот дека „лесно се наоѓаат карти пред сала бе брат“.
На летот за Ајндховен, пола авион беше Вардарци, од кои голем број членови на Комити. Екс водачи, меѓу кои и Јохан Тарчуловски, членови на возраст меѓу 20 и 35 години, како и фамилијарни ликови. Неколку пати се распеа песна и во авионот. Во Ајндховен патиштата ни се разделија. Мака измачивме да го стигнеме автобусот за Келн. Ако го утневме, ќе си пукавме во колено, бидејќи дополнително ќе требаше да плаќаме за возови и којзнае кога ќе стигнавме.
На нас двајца што немавме карти ни гореше под нозе. На ништо друго не можев да размислувам, освен тоа дали ќе имаме доволно време да најдеме карти, бидејќи пред сала ќе стигневме најрано во 13 часот во саботата.
Тотално се дезориентирав викендов. Необјасниво:toe:
Само што се симнавме од автобусот, истрипав дека сум заборавил ранец во тоалет.
Се направи колона сто луѓе, јас паничам дека ранецот ми е внатре, бидејќи излегов пред 5 минути. Типката што стоеше на наплатното место не разбираше англиски. Па ја викна една ко Вупи Голдберг за да се разбереме. Кренавме паники, ме примија преку ред. И ми вика, what bag, the one on your shoulder? :pijanco::pijanco::pijanco:
Во земја пропаднав, ми одеше да се удавам во веце шољата. Не можевме катедралата да ја најдеме од автобуската која се наоѓа до самата катедрала, која пак од месечината можеш да ја видиш. Во Ајндховен изодевме едно 50 километри, ама во радиус од 2 километри. Ти ебам мртвите еднолични улички.
Така изгубени со другаров, тргаме во непозната насока да ја најдеме салата, а другиве кајганџии со набавени карти одат да си ги подигнат картите на раат.
Викам ќе најдеме некои од фановиве на Веспрем и ќе одиме по нив. Се замуабетивме со еден од нив, се качивме во воз накај сала и БИНГО. Типот продава карта. Ама, ја продава за 300 евра, пошто толку ја купил. Курац, њама толку пари. Типов се сожалува дека сме поминале толкав пат и ни ја шитка за 100 евра. Рипаме до небо, уште нетргнати кон сала, а веќе сме нашле една карта. Барем едниот ќе гледа во краен случај.

Пред сала кркљанац. Унгарциве ко мрави, милион луѓе дојдени, подготвени да фрлат цело богатство за карти. Препродавачите препродаваат за минимум 250-300 евра од карта. Со самото тоа што имаше еден куп Полјаци, Унгарци и Македонци, се зголеми побарувачката неколкукратно. Пред сала многу познати фаци од Комити дијаспора, млади дечки. До вчера сме делеле трибина. Се насетуваше дека навивањето ќе го држиме 30-тина помлади членови од Комити, засилени со неколку постари, фановите од дијаспората и сите останати.
Пред сала ечи песна, а ситуацијата се разгорува по почетокот на дуелот Веспрем-Киелце. Во еден локален паб грмиме и ние и Веспремци и Киелце.
Еден час пред натпревар, а ние уште немаме карти. Второ полувреме го гледаме на стрим на мобилен кај 5 навивачи на Киелце кои останале без карти. Ни дадоа пива, се потфативме убаво и кога заврши нивниот дуел се спремивме за офанзива за барање на карти од нив, како губитници од полуфиналето. Навалија едно 200 македонци без карти. Главата не знаеа каде им е кога излегуваа Полјациве. Ама, не се даваат, еден не сакаше да продаде карта.
Го забележав еден дека се двоуми и се пуштив по него. Којзнае колку сум го замарал, пошто не осеќав ради стоте пива што ме задрмаа и типов после 5 минути ми вика, ќе ти шитнав карта која чини 155 евра за 150. Море давај, ме заболе кур за каде е картата.
Ја купувам и се дерам по другаров, КУПИВ КУПИВ.
Влегуваме во сала, а при тоа да се напомене дека со финти и доброто расположение на домаќините, барем 10тина наши членови влегоа муфте. Сепак, голем дел од фановите останаа надвор за полуфиналето.
Сите навивачи на Вардар одиме во делот кој го откупил РК.
Ама, пацерите картите ги продаваа 300 евра и истите си ги купиле некои имотни луѓе.
И сега имаш судир на интереси, ние сакаме да навиваме од први редови, да не сме раштркани во сала, они си платиле да си гледаат.
Нас навивачите не пикнаа во првите два реда, а остатокот остана за нив. Спорен беше третиот ред и нормално баш јас се најдов таму. За малку не се степавме со обична публика. Толку сочни пцовки не сум упатил одамна, да не беа со жена и деца дојдени, сто посто паѓаше тепачка си мажите. За на полувреме да си подадеме рака, да навиваме заедно до крај, да се гушкаме цел турнир <3
Овој проблем РК Вардар мораше да го реши, така што ќе одвои 50-тина карти за членови на Комити кои со свој превоз ќе дојдат во Скопје. Јас гарантирам дека без поддршката од трибините, Вардар никогаш немаше да освои ЛШ.
Доаѓаат редари и замараат да се тргнат тие со карти од други сектори. Никој не ги ебе, во дел за 20 луѓе имаш 70 :D
Се накрца цел сектор, подготвени за грмење.
Сум бил на два Ф4 во женски ракомет, но ова не се споредува со тоа. Иако, организацијата во Будимпешта беше далеку подобра. Почнува најавата на играчите, химната на ЕХФ и почнуваш со скандирање. Ежење.
Прво полувреме не бетонираат. Ми се вртат триста филмови во глава.
На што ги дадовме парите, ол инклузив одмор во Турција ќе истеравме, ти ебам Полјакот што ни шитна карта. Седиме ко потиштени, а на метро од нас 20тина момци фанови на Барса скокаат до небо за време на паузата.
Почнува второ полувреме и викаме ајде барем малку да намалиме. Ајде до 5, ајде до 4.
И кога не напалија играчиве, кога загрмевме, кога ги привлековме и неутралните љубители...
Јас не знам ништо што се случуваше во второ полувреме. Си ја гледам фацата на едно видео со гол од последните минути и сфаќам дека сум во некаква екстаза и умствено не сум присутен таму. Не знам со колку луѓе не се изнагушкав. Дојдоа и Унгарци до нас да навиваат за Вардар. И на крај ја скршивме Барса.
Каков тим сме ние, се враќаме на Барса од -7 со една ебана бековска постава. Криштопанс животињо, што им направи човече. Милосављев се отвори кога највеќе требаше.
Штама во делот кај фановите на Барса, грми цела сала за Вардар. Пута Барса, пута Барса :popce:
Делириум на трибини, ама неспоредливо со она што се случуваше надвор пред сала. Мислам дека ни во финале немаше такво славје. Ора, скандирање, пеење, шутки, невидено нешто.
Какво ехо има во тој град човече. Пеевме 7 души, а грми како да се 700.
Вечерта мртви. Изгубени, без некое чувство. Наредниот ден сфаќаме дека играме финале. Мојот скор на Ф4 беше 3, па 2 место. Време беше за прво место и некако сите бевме убедени дека ќе ги згазиме пациентиве.
Преголем притисок имаат да освојат Веспрем, знаев дека ќе изгорат. Пред натпревар гледаме дека се појачале неколкукратно во градот. По слободна проценка беа меѓу 8000-10000 Унгарци. Пред катедралата грмат и они и Киелце. Нашиве беа пред сала, само ние се вртевме тука. Запеавме на крајот и ние, па ни се придружија и Полјаците.
Полјаците беа навивачки настроени, многу појако навиваа од Унгарциве. Овие беа класика пациентела. Штракалата во рака, пушти им музика и да тропаат, гулаш им ебам.
Во сала уште поголем хаос од првиот ден.
Почнува натпреварот, Вардар гази, на наша трибина лудило. Пулсов ми одеше до 300 мислам. Едно време морав да застанам дека страшна болка чувствував кај срцево. Се' што шутнавме влезе во гол. Каков само меч изиграа пикерите. Мораеш колку лобови мавна на турниров, невидено нешто. Дибиров им акна неколку атрактивни голови, а овие изгледа премногу се фокусураа на Кристопанс и заборавија дека не сме таму само поради тоа што зависиме од еден играч. Феноменално прво полувреме, многу наликуваше на она од последниот дуел во Скопје. Тука ме фати малку страв. Се враќа Штербик на гол, игра повреден откако му влегоа со клизач на првиот дуел. Штрлек го менува Декито кој беше прав пацер во прво полувреме. Ненадич воскреснува, почнуваат да ја топат разликата. Си викам само да нема некоја одлука која ќе им ги надрази фановите. И се случи, добија некое сомнително исклучување по кое се напалија сите. Почнаа да ни свират на нападите, да скандираат сите заедно, за прв пат онака не надвикаа јако. На трибини бевме 8000 против 500, ама не се дававме. Само ние навивавме цело време, но вистинско навивање.
Само гледам во часовникот, викам нека поминува времево, ќе умрам веќе. Се одлепуваме одново, полесно се дише, но пак се игра на 1-2-3 разлика. Решавачки момент беше кога Криштопанс им украде една топка во одбрана. Како си ја зграби, ме посети на сепјс џем филмот со Мајкл Џордан и тимот кој доаѓаше од друга планета и им ги исцица моќите на Баркли, Јуинг итн. Немаше назад веќе, не знаете како грмеше шампиони во последните минути.
Почнавме препрано да славиме и за малку ќе ни се удреше во глава, но дојде и последната свирка на сирената.
Скопски Вардар по втор пат е Европски шампион. Делириум, сите скокаат и одат што е можно понапред на трибината. Незаборавно чувство, иако пак ќе повторам дека во полуфиналето некако посебно се осеќав, плачев, се трескав, не знаев каде сум. Овие ептен лесно ги плеснавме некако :sekcza:
Одлична претстава на сите инволвирани во мечевите.
Секоја чест за Кара. Момчето што дојде од факинг РК Босна и сите очекувавме да видиме какво ќе биде тогаш новото засилување. Остана 8 сезони во Вардар, прерасна во икона на клубот. И во моментите кога го надминаа одредени ракометари, повторно се врати по нивното заминување и го однесе клубот до нова титула.
Столе ја одигра својата најдобра сезона во Вардар. Феноменално издание.
Шишкарев и Дибиров промашија неколку зицери со Барса, ама одиграа одлучно во одбрана. Шишка беше еден од позаслужните за пресвртот со играта во одбрана.
Скубе беше непрепознатлив со Барса, но на него не му одговара нивната касапса одбрана. Сепак, со Веспрем беше добар.
За Кристопанс не треба да се трошат зборовои. Толку оспоруван, се издигна во водечки десен бек во момоментов. Никој не може да го спречи колосот, коси се пред себе.
Мене и Калараш премногу ми се допадна во втора полусезона. Ќе ни недостасува неговата дрскост во одбрана. Одлично се вклопија Русите во одбрана на крајот од сезонава.
Гедбане се јави со клучна интервенција со фаца во финалето. Но, за Милосављев ми е најкриво. Дечкото од европски шампион се сели во факинг Фуксе Берлин и тоа на 5 години. Кој ли го прелажал да потпише толкав договор. Ќе видиме како ќе се развива, можеби ова му беше сезона кога ќе му биде единствена на вакво ниво, но сепак мислам дека ќе прерасне во уште подобар голман. Додека го имаме Периќ на клупата, не се сомневам дека одлично ќе го покриваме голманското место.
Он и Кокшаров се ѕверови. И сите останати. Одамна Вардар немал толку добра управа во некој спорт. Парондо мајстор. Си дојде типчето и во прва сезона со ваков тип им зема титула на Веспрем и Барса, при тоа играјќи во групата на смртта.
Но, сепак тој само ја продолжи филозофијата на Раул. Раул е како Пеп што беше во Барса. Наметна една идеологија која постојано треба да се надоуградува.
Штета е што ќе си замине Парондо. Зорман ми е еден од играчите што најмногу сум го пцуел, покрај Наумче, Манасков, Шмигич и друга плејада Командоси.
Не знаете каква беше радоста кај играчите. Општо, немам зборови да ги опишам чувствата во тој момент. Скоро ништо не снимив, освен предавањето на трофејот, ама сликите ќе останат во глава за навек :pijanco: Еееее, кога ќе раскажувам на внуците...
Од толкава еуфорија, само ние не сме чуле дека ќе има пречек пред хотел.
И подобро. Пеевме низ цел град, ама пеење без никакво штедење на гласни живи. Аплаузи и честитки од сите страни. Грмење пред катедрала, на главната автобуска станица, буквално секаде каде што поминавме. И топ беше чувството да се биде Вардаров фан во неделата. Пееше песна и некој од далеку ти се приклучува на пеењето.
Се вративме кон хотелот вечерта, од сите страни се пееше за Вардар. Во 1 саат одиме низ метро станица, слушаме од некаде оди песна, почнуваме и ние. Празен Келн, само фанови на Вардар во околината. Верувам дека и пред хотел била јака забавата, бидејќи затекнавме многу луѓе.
По мечот го видовме и Пасор, ака Мргуде. Бевме во ист паб, но пропуштивме шанса да се сликаме. Се спречкавме со фанови на Веспрем, па им ја пеевме Маџарица млада од Предраг факинг Тозовац.
Се усраа на крај, почнаа да ни аплудираат, да ни честитаат.
А, ние пола ден им ја пеевме НЕ ПЛАЧЕТЕ; НЕ ЖАЛЕТЕ... :ojeaa:
HC Sledeca sezona :motorce:
Ти ебам геријатријата со вувузелите и тропалките.

(прв дел)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
(втор дел, мораше на два дела ради рестрикција на број на карактери)

Неколку моменти кои треба да се издвојат.
Еден наш екс репрезентативен ракометар седи на телефон и збори како ќе се шмугнеле без карти :pivo2:
Ветивме дека ќе се бањаме во фонтаната кај катедралата во центарот, ама затекнавме романтики таму и се испичкавме.
Во Дизелдорф налетавме на некаков ЛГБТ марш, деца по 15 години обвиткани во виножито бои, ту ебам народот гнасен.
Приказната за патките и кучето на Клипче и хоплата на друг кајганџија. Трет член ни продаваше финти за додавања како Филипче Лазаров. Ќари и топка, му честитаме :ojeaa: Плус му одржал лекција за правила на некој Шпанец. А, како само го затна еден Јапонец што не смараше со конфликтот со Грциве, секоја чест :ojeaa:
Немојте да се заебете во Ајндховен да мислите дека ќе преноќите на аеродром. Го затвораат од 12 до 5 сабајле. А, скоро ништо не работи после 1 часот, ти ебам селендрата, ти ебам ПСВ никад титула да не видите.
Дијаспорци :popce::popce::popce:
Не бе, не се стереотипи муабетите, стварно се не при свест на моменти.
Како сите ист кур да ги прави. Ние пееме песни за Вардар, тие форсаат со Излези момче и Едно име имаме.
Се поздравуваат со сите противнички фанови, ги замараат да се сликаат. Константно се LIVE на ФБ, го тераат редарот да скандира за Вардар или некој рандом Кинез или Нигер.
Дојде дури и до инцидент со сериозни последици, по полуфиналето.
Се е убаво за поддршката која ја даваат, ама има многу работа со нив.
Нормално, се скандираше и против Заев итн.

Во сала грмече НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА. На форумов во последно време во темата за политички случувања има еден куп фејк патриоти од врмеето на вемерото кои се уште прават поделби.
На ист мизерен левел сте со пациенти ко Најчевска или тие либералите и педерланата на кои само македонците им се криви за се', во обид да дојдат до внимание. Па ги читам некои лешеви од Левица и јасно ми е зошто останаа само неколку самобендисани типови во таа партија во обид. Ама, не, нема полошо нешто од фејк патриот.
Сега кога ќе ви удрам една метла на темава на сите што ништо не ви значи Вардар, а само го користите моментов за да серете политички :ojeaa:
Јас секогаш ќе пеам патриотски песни и нема песна што не ја знам, ама никогаш нема слепо да поддржувам политичка партија. Ало бре, радувајте се за клубот, не пробувајте да ни продавате тука муда за бубрези.
Никој не го боли кур за Македонија, не може да величате исти срања како оние што ги плукате.
ГЛедам едни типчиња од некоја наводна десничарска организација на еден натпревар на Вардар. Поим нема од натпреварот, цел натпревар само се снимаа, тој да види шпон на улица, нема да знае од каде попрво да бега, ама ќе чека вакви моменти за да потпалува атмосфера од позиција на сигурност. Никаков ќар нема Македонија од вакви идиоти. Седат пред кооперација по цел ден, љокаат и ќе бидат некои локални пијаници кои ќе формираат партии со предзнакот на десничарски и ќе лапаат пари од безмозочните дијаспорци конструирани по ист терк.
Во секоја победа на Вардар гледаат да тераат политика, човек не може да прочита ниту едно навивачко исксутво, ниту една анализа на натпреварот.
Само Заев, комуњари, северна, дрн дрн јариња.
Заев го боли кур за Вардар, исто како и Мицко кој се појави во Будимпешта како изгубен Германец, а гледам на твитер некој пишал дека он ги храбрел навивачите во второ полувреме против Барса. Вардар се вратил со мотивирачкиот говор на Мицко :ајнапиво:
Во некоја паралелна димензија.
Којзнае колку апови голтнале вчера на Бихачка. Знаеа дека луѓето ќе ги серат до максимум, и пак се обидоа да протнат пофалби за град СКопје.
Прославата ја гледав на стрим и забележав дека беше многу подобро организирана отколку во 2017, беше далеку по Вардарска од „митингот“ кој се држеше тогаш.
Јас го разбирам Столе дека никогаш нема да се помири со промената на името, слично како нас, дека ова беше одлична можност да им се посере во врат на оние што го критикуваа и го нарекуваа играч со број 5, но сепак мислам дека малку претерува со политиката. Да, јас ќе го направам истото, ама во случајов Столе поддржува политичка опција која подеднакво и еба матер на оваа држава. Ах да бев спортис, имаше на прослава да ги запалам сите знамиња на политички партии, ќе ги мочав сред цел тој народ.

Од друга страна, во минатото го критикував Столе во повеќе наврати ради темпераментноста. Но, сега се извинувам и признавам дека е еден од играчите по кои се препознава мојот омилен клуб.

Настрана политиката, се враќаме на прославите. Стварно ми беше криво што не бевме во Скопје вчера. Уште плачам кога гледам снимки од одењето кон аеродром од 2017 и кога се присеќавам на тогашната атмосфера. Верувам дека сега било појако. И нормално е дека на плоштад ќе биде тиња, пошто поголем дел од тие што дошле се обични фанови или млади луѓе кои се палат по настани на кои има голема фама. Нормално е дека нема да скандираат цело време, туку ќе се тепаат да снимаат со телефоните. Така е во цел свет.
Сепак, никој не може да порекне дека ова што се случува во Скопје на прославиве, не може да го има никаде во ракометниов свет. Ќе се повторам, различно се соживуваме со победиве.
Мене ми се допаѓа што се зголемува бројот на луѓе што се соживуваат со тимот.
Не си навивач ако ставиш стори, ако си купил шал или дрес од клубот, туку тоа го чувствуваш во срцето.
Јас 12-3 години сум активен во Комити, Вардар ми е дел од секојдневието и НЕМАМ ДРЕС ОД КЛУБОТ. Никогаш не сум замарал играчи за да ги соблечам за дресовите. Ме напнаа сликај во Келн, сликај во Келн, па едвај 10-тина слики направивме колку да се пофалиме по социјалниве мрежи дека сме таму :motorce::roker:
Тоа што останува во главата и срцето, тоа вреди. А клиповите се убави да ги има, за да се присетувано и да си проплакуваме. Ред солзи, ред мрсули :smirce:
Конечното чувство кое го имавме сите што отидовме на завршниов турнир е следното.
Страшна трема која преминува во еуфорија и делириум. Не памтење на ништо од вториот дел од дуелот со Барса, до екстаза во финалето. И најважното. Станавме шампиони, го остваривме планираното, ни се исполни сонот и СЕГА ШТО ДА ПРАВИМЕ СО ЖИВОТИВЕ??? Не можам да ви опишам каква празница чувствувам во моментов, откако се вративме :icon_mrgr:

И овогодинешнава сезона е дефинитивно повод за да се сними некаков филм за клубот. Затоа што тоа што го направија момците сезонава ретко се гледа.

За крај, сакам да потенцирам дека ми е криво што уште 2-3 другари од кајгана екипата не се решија да не дружат во Келн :uzi: Се надевам дека ќе имаме и други можнсоти за уште помасовна дружба. Ретки се луѓето што истовремено пратат спорт и анализираат натпревари и се навивачки расположени, секогаш подготвени за навивање, со години се на трибините итн.

И титулата му ја посветувам на мачорот, кој ми исчезна (веројатно го отруја) на недела дена пред Ф4. Сто пати сум го преместувал од едно на друго место во куќата ради суеверие. Ја преживеа првата евро титула и навистина ќе ми беше мило и сега да бил дел од еуфоријата која ја создавале моите по дома.
 
Последно уредено:

|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
Многу словенечки медиуми ја пренесоа веста за Зорман. И мене не ми е по кејф, ама се надевам како тренер нема да биде таков шлајм.
Интерсно инфо што го добив од Благотиншек. Скубе сигурно си оди следната година. Криштопанс и уште еден француски бек од ПСЖ, не знам точно кој, биле договорени со Веспрем и се предомислиле во последен момент. Кристопанс за 2000 евра повеќе прифатил да оди во Париз. Ако лаже Блаж, лажам и јас. За Зорман ќе треба да го прашам кога ќе имам можност.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.170
Поени од реакции
107.688
Го читам Коњаников и ми текна дека и јас немам дрес од Вардар, т.е. имам само еден кој ми го подарија роднини за роденден пред 2-3 години, од оние Т-mobile дресови што ги даваа тогаш, без презиме на грбот. :D Али вчера на плоштад не бев во можност да го носам, зашо не идев од дома на прославата, па си бев со маица Интер, дај шта даш, нека знае Јадранот дека Интер е шаНпијон. :icon_mrgr:

И ова за снимањето, ок, сфаќам дека е доживљај, дека ретко се случува наша екипа да е европски шампион, ама НЕ МОЖЕ, значи НЕ МОЖЕ да ми правиш бумеранг на инста со логото на ЕВН, крвта помодарска да ти ја изнаебам ја на тебе. И тоа пред мене стоеше девојчево, нормално имаше 32432423432 безуспешни обиди пошо слаб беше нетот, оправдано пошо милион луѓе го користеа истиот во моментот. Исто едно чиче, ја накај 8 пристигнав на плоштад, ракометариве стигнаа 11;35 негде, значи 3 саати и 35 минути снимаше со мобилниот, не можев да разберам прво и основно од кај толку меморија, а второ зошто побогу снимаше а ракометариве недојдени се уште, а уз пат идеа 4 песни на рипит цело време? :confused: Нема врска јебига, тоа е што е, секој си ужива на различен начин, јас не сакам многу многу да се оптеретувам со телефони на вакви настани, ај преку кур сеа ќе снимам наместо да се сконцентрирам да видам поубаво што ќе се случи и да се соживеам со моментот. Да требаше да снимам ќе бев камерман ебате... И така сабајлево кога станав преплавен ми беше и ФБ и инста и све живо со клипови од дочекот, све тоа може да се симне и ајт у курац.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom