Фан клуб - РК Вардар

C

Castiel

Гостин
Има нешто по странскиве медиуми за ова или нашите си се експерти и знаат све ко и обично?

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.726
Македа и Абутивиќ се заменливи, дури може и да се доведат подобри играчи како нивна замена. Голем проблем ќе биде доколку е вистина, а најверојатно е, она за Штербик во Веспрем, тука е ненадоместива разликата во квалитет кој ќе го загубиме.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
По странски портали нема ништо сеуште. Дури мислам ни дека за Штербик муабетот сеуште го немам сретнато на ниту еден портал. Инаку да, се согласувам дека и двајцата се заменливи, а дека одењето на Штербик во Веспрем би било навистина голем удар за Вардар. Квалитетни голмани не се наоѓаат лесно и воедно коштаат многу. Но, ајде и тоа ќе пројде. Најмногу ме плашат муабетите за заминувањето на Раул у ПСЖ. Лично не верувам, прво од проста причина што знам дека му се допаѓа начинот на живеење тука многу и дека му пречи климата низ западна/северна европа. Али ако решат арапите да го отворат новчаникот, не верувам дека Сергеј би успеал да го задржи тука.
 
Последно уредено:
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.798
Поени од реакции
8.926
По странски портали нема ништо сеуште. Дури мислам ни дека за Штербик муабетот сеуште го немам сретнато на ниту еден портал. Инаку да, се согласувам дека и двајцата се заменливи, а дека одењето на Штербик во Веспрем би било навистина голем удар за Вардар. Квалитетни голмани не се наоѓаат лесно и воедно коштаат многу. Но, ајде и тоа ќе пројде. Најмногу ме плашат муабетите за заминувањето на Раул у ПСЖ. Лично не верувам, прво од проста причина што знам дека му се допаѓа начинот на живеење тука многу и дека му пречи климата низ западна/северна европа. Али ако решат арапите да го отворат новчаникот, не верувам дека Сергеј би успеал да го задржи тука.
Пешиќ само. Евтино и доста квалитетно решение. Или нешто од ППД Загреб, со генерации вадат одлични голмани.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Пешиќ е добро решение (иако не е на нивото на Арпад), работата е што има важечки договор со Мешков и ќе биде тешко да се донесе. Мене од секогаш ми се допаѓал Вишомирски. Млад за голман (29 години), добра висина, долги раце и нозе. Двете сезони што ги изигра во Сегед беше во сенка на Сиера, исто и во репрезентација беше во сенка на Шмал дур не отиде во пензија. Минатото лето на олимписките игри имаше утакмици што Полска ги доби буквално поради него. Моментално игра во Лемго, тим што ништо чудно да испадне во втора лига, иако сезоната е долга. Колку би се уклопил Пољак во тимот е скроз друг муабет.

Пред некој ден искочија со информација од Мелсунген дека нема да му го продолжат договорот на Немања Зеленовиќ. Добар десен бек, балканец, сигурно би се уклопил брзо во тимот. Ако има желба да се врати на овие простори треба да биде на радар на раководството.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.188
Ако е вистина ова за Штербик ондак најбоље варијанта е одма да се напраи рокада и Алиловиќ да дое кај нас. Јебига, потребен ни е голман со искуство, квалитетен а Мирко е тоа. Што се однесува до Илија и Македа, у дефанзива се змаеви и ќе биде тешко да се заменат, но ако нашиве реагираат на време итекако може да се најдат замени за нив. Е Раул е веќе поосетлива тема. Како што кажа некој погоре, неговото заминување најмногу би се осетило на нашава екипа. Најважно е Раул да остане како би се задржала физиономијата на нашата игра. Е сеа пошо ПСЖ бил во игра не би ме чудело и Раул да ја запали, бидејки да бидеме реални, Арапи газди +Париз е комбинација која тешко се одбива.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.188
Голема е веројатноста Штербик да оди во Веспрем а Мирко да дојде кај нас. Плус Штебрик со идењето у Веспрем би бил практично дома, што е момент плус за негово заминување. Јбг ке беше убаво да бранеше уше некоја сезона кај нас, али ако дојде Мирко ќе биде добро за нас.
 
Последно уредено:

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
А кога ќе ми текне дека стручњацине викаа Арпад дедо бил за што ќе ни е, а во исто време се палеа на Раде Стојановиќ :vozbud:
Ништо чудно да дојде ракометниот Омер Буњаку :icon_lol: 2018 му завршува договорот таман ќе се вклопи освен фацата негова. Додека Раул ни е тренер, а Столе капитен, ќе има душа овој тим.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Пропаст или ќе се засилуваме пак јако и праиме некои огромни промени у тимот?
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.344
Поени од реакции
22.641
Neka osvojat titula godinava pa narednata moze poleka pak da pocneme da spremame tim, da osvezime nesto... Ne e veke interesno u vtora brzina ja gazis barsa, seha cela sezona u prva igras. Sekoj e zamenliv nekoj malku potesko ama ima igraci, osven sterbek i dibirov do nekade koj od segasnive igraci bese zvezda pred da dojde kaj nas?
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Па тоа ми е и зборот, играчи секогаш има само би било глупо да пропадне цел проект, цело вложување после сезонава ако рецимо буџетот е минимален.

Циндриќ, Штербик, Македа и Абутовиќ. сериозни проблеми би се отвориле во тимот во ваков случај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom