Фан клуб - РК Вардар

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Па тоа ми е и зборот, играчи секогаш има само би било глупо да пропадне цел проект, цело вложување после сезонава ако рецимо буџетот е минимален.

Циндриќ, Штербик, Македа и Абутовиќ. сериозни проблеми би се отвориле во тимот во ваков случај.
Само Циндриќ е незаменлив играч од нив, исто ко што е и Алекс.

Штербик е можеби најдобриот голман во историјата и брани ненормално на скоро 40 години, но има грото голмани кои можат да го заменат бар 90% од неговиот учинок.

За Абутовиќ и Македа, не само што има замени, него има и подобри играчи од нив.

Не би било голем удар нивното заминување, удар ќе биде ако се деси масовна преселба на цел тим.

Двете клучни работи дали ќе има пропаст или не се Раул и финансиите.
Ако испадне нешто ко Металург со чиката, скратени финансии а Раул остане, ќе може да се носат ефтини играчи и да се живрука во ЛШ на нивото на Мешков/Криштофанстанд.
Ако замине и Раул, тогаш ќе се задоволуваме со учество во слабите групи.

А по се изгледа и тоа ќе биде, клубот не работи ко во минатите сезони, да се планира наредната сезона уште од сеа, туку од ден за ден. Неизвесно е уште дали ќе има спонзор, кој ќе биде, дали ќе нема. Вака е најлошото, не знаат на што се, бар да го дадеа на некој нов газда.

Истото ќе биде веројатно и во ФК, но за разлика од во фудбалот, во ракометот треба све да планираш сезона унапред и не можеш толку брзо да донесеш достапни играчи...
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.188
C

Castiel

Гостин
Што и да биде битно ни ја донесоа најголемата среќа. Ако продолжат и сезонава си исто темпо бар да се орпостат од врвот со титула. Ако напраат тоа ќе се најдат и финансии ќе има спозори што ќе сакаат да инвестираат. з

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
На прсти се бројат ракометните клубови кои низ годиниве држат во континуитет високо ниво на квалитет. Со исклучок на Барселона, Кил и Веспрем сите други осцилираат. Барселона како дел од толку богато спортско друштво, Кил како најголем ракометен бренд во светов и Веспрем како проект кој е финансиран од државата. Хамбург игра во трета лига моментално, Атлетико не постои, Колдинг игра во прва лига далеку од нивото на кое што некогаш беше, Загреб не е ни приближно на нивото на кое што беше во 90-тите, па и Пелистер земете го и неговата мината улога во европскиот ракомет и неговото ниво денес. Има уште еден куп примери за набројување. За во женскиот ракомет не вреди ни да се дискутира, бидејќи ситуацијата таму е каде-каде бетер.

Реално, на Раул му завршува договорот сезонава, исто и на Македа, Лука и Арпад. Сите четворица освоија се што можеше да освојат со Вардар (ЛШ, СЕХА, македонско првенство, куп па дури и супер куп) и не можеме да им замериме ако заминат. Од тоа што го имам јас како информација, финансиската ситуација внатре во сите три клубови не е сјајна, па препоставувам дека се чека (колку што е возможно) да се види како и дали ќе се разреши ситуацијата. Што и да се случи, целта да се стане европски шампион се достигна. Наше е да го поддржуваме клубот без разлика на тоа што ќе се случува во иднина.
 
P

PewDiePie

Гостин
Што и да биде битно ни ја донесоа најголемата среќа. Ако продолжат и сезонава си исто темпо бар да се орпостат од врвот со титула. Ако напраат тоа ќе се најдат и финансии ќе има спозори што ќе сакаат да инвестираат. з

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
лол,цел тим се распаѓа сите јаки играчи ќе ги нема следна сезона со се тренер па ќе се нашле финансии и спонзори.....ќе се најдат колку во на Михајло времето што се наоѓаа :D
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.188
За жал од наредната сезона почнува се од почеток.
 
C

Castiel

Гостин
лол,цел тим се распаѓа сите јаки играчи ќе ги нема следна сезона со се тренер па ќе се нашле финансии и спонзори.....ќе се најдат колку во на Михајло времето што се наоѓаа :D
Не знаж стварно кај прочита сите јаки играчи дека ќе ги нема. Јасно е дека ќе нема финансии за врв во европа ама посекако клубот нема да пропадне.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
Време е за Вујо и Доне и враќање на дербито со Металург во борба за титула :D Мора сезонава да се даде се од себе за уште еден Ф4, вреди да се доживее тоа уште еднаш..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Арпад најмалце сака да си бега дечки ама не можеш ти со ваков несериозен пристап да држиш класа ракометар, без разлика дали е во залез на кариера или не.

П. С. Уште по бруката со сезонските требаше да стане јасно колку е саатот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Дибиров играч-тренер ако остане Самсоненко, во тандем со жена му.
Мене ме зачуди што Дибиров не се кандидираше за градоначалник на Аеродром, најсериозно ова :))))
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
На Раул, Штербик, Циндриќ и другите кои ќе заминат на крај на сезонава едно огромно благодарам за се што направија. Верувам дека кај сите нив има мотив и желба да направат нешто кое досега никој не го направил - да се одбрани титулата во ЛШ. Од следната сезона ќе немаме шанса за поголем успех во ЛШ, но мое очекување е дека ќе имаме доволно добар состав за поминување на група во ЛШ и борба за титула во СЕХА, а во домашното првенство би требало се врати ривалитетот со Металург и/или Пелистер. Резултат од сето тоа би било враќање на атмосферата во сала бидејќи ќе нема ФБ/селфи публика.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Лoгичен след е oвa нa нaстaните. Никoј немa дa ти седи дa игрa без пaри. Клубoт се врaќa нa времетo пред Сaмс и oвие игрaчи реaлнo тешкo е дa се oчекувa некoј дa oстaне. Мaксимум би се нaдевaле нa oстaнувaње нa Кaрaчиќ, Милиќ, верувaм декa Стoле и Бутин никaде не oдaт и aкo oстaне Сaмс сo пoмaли финaнсии, верoјaтнo би oстaнaле и Дибирoв, Криштoфaнс и Шишкaрев. Мaрсениќ и Вoјвoдиќ се игрaчи oд бaлкaнoт и при прoсечни финaнсии кaкo штo имaвме пред Сaмс, би мoжеле дa oстaнaт. Зa oстaнaтите реaлнo е дa си oдaт. Акo немa целoсен рaспaд, тoгaш ќе се пренaсoчиме кoн бaлкaнски пaзaр, сo нoсење нa игрaчи кaкви штo имaвме некoгaш. Петриќ, Рaдулoвиќ, Прибaк, Рaкчевиќ, Рaјкoвиќ, Мaркoвиќ, Рaкoвиќ, Чурувијa, Вукaдинoвиќ, Грбoвиќ итн :-D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom