СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР И МЗТ СКОПЈЕ ОДИГРАА ИНТЕРЕСЕН КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР
"Пелистерци" на "пенали"
СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР - МЗТ СКОПЈЕ 81:79
(15-19; 13-15; 27-25; 26-20)
Сала "Младост" - Битола.
Гледачи: 500.
Судии: Поповски и Димовски - Битола.
СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР: Петковски 7, Савовиќ, Поповиќ 6, Дујовиќ 6, Апцев, Миљковиќ 11, Пејовиќ 14, М. Петровски, Николовски, Талевски 8, Станковиќ 27, Захариевски 2;
МЗТ СКОПЈЕ: Миленковиќ 2, Петровски 22, Б. Николовски, Караколев 5, Јанески, Атанасоски 23, Стојановски, Николовски 3, Штериев 9, Андриќ 5, Мифтари 3, Бол 7;
Екипите на Свисслион Пелистер и на МЗТ Скопје одиграа доста интересен пријателски натпревар во кој на крајот "пелистерци" излегоа како победници. Со поените на Миљковиќ од линијата за слободни фрлања на 6 секунди пред крајот "зелено-белите" забележија тесен триумф (81:79).
Претходно, во поголемиот дел од средбата во битолскиот "Младост" металците имаа предност која во 35. минута беше и двоцифрена.
Но битолчани притиснаа и на крајот успеаја да направат резултатски пресврт.
Најмногу по заслуга на новакот Срѓан Станковиќ кој запиша 27 поени. Над просекот уште неа и Пековиќ (реализираше четири тројки) и Миљковиќ, кој застана на бројката од 11 поени.
На другата страна, одлично издание на репрезентативниот бек Јане Петровски, кој средбата ја заврши со 22 поени и на Атанасоски, која даде 23 поени.
М.С.
НАМЕСТО ВО ТУРЦИЈА
"Металците" на турнеја во Бугарија
И екипата на МЗТ Скопје во овој период на подготовките ќе гостува во соседна Бугарија.
Откако пропадна можноста "металците" да бидат дел од турнирот во Мерсин (Турција), раководството на клубот направи напори да обезбеди неколку нови квалитетни проверки.
И тоа во Софија. Во текот на наредната недела, од 25 до 27 септември, МЗТ Скопје ќе одигра три контролни натпревари со екипи од главниот
http://sport.com.mk/?ItemID=F3EA12302BE1364CAD6D4C472609032A