Фан клуб: Пелистер!

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
eve ti be more http://sport.com.mk/?ItemID=1657E1F87CDDCB42B5023FB19CF85172
bidi siguren tolkav post ja nema da napisam i deka sigurno prevzemeno e
Следен пост да нема тоа море како прво,а како второ не ми е гајле дали си го пишувал ти или си го извадил важно ми е ако си го извадил да ставиш линк

Секој оф топик од сега понатака ке биде избришан!:wink:
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Streetball BITOLA 2007

Мислев дали да отворам нова тема но ајде, еве нека биди тука.



Викендов во Битола се одржа турнирот “Стритбол Битола 2007“ во организација на КК Свисслион Пелистер и Кошаркарската Федерација на Македонија. На него земаа учество околу 160 кошаркари, а се одржаа турнири во 4 различни конкуренции.

Натпреварите од турнирот се играа во Мегаспорт центар (поранешно ракометно игралиште), а беа следени од околу 1.000 гледачи.

Екипата на Далтони беше најуспешна во сениорска конкуренција кај мажите. Во полуфиналето Далтони го совлада А Тим со 16:9, Лименки беа подобри од Мурлаци со 15:12.

Во финалето Далтони го совлада тимот на Лименки со 16:9.

Александар Атанасов од А Тим беше најдобар во натпреварот во шутирање тројки.

Во конкуренција од 12 до 16 години во полуфиналето се постигнати следните резултати:

Но Нејм - Земунски клан 11:13,
Стара школа - Стари швалери 9:15,

Во финалето Земунски клан беше подобар од Стари швалери со 16:11.

Во конкуренција до 12 години, во која можеше да настапуваат машки и женски екипи, Спик ап ја совлада Младост со 15:9. Интересно е тоа што Спик ап беше составен од момчиња, а во Младост играа само девојки.

Најдобра екипа во женска конкуренција беше Цигу Мигу, која во финалето ја совлада Пауер 4.

Повеќето од учесниците тренираат во јуниорските тимови на Пелистер како и 2ца од најдобрата екипа на турнирот, Далтони.(затоа нека остане тука постов)


Одличен турнир кој се надевам ќе стане традиција. Конкуренцијата беше одлична и публиката беше доста задоволна. Особено интересен беше натпреварот во забивање(ќе закачам попладне и видео), каде што победи Александар Србиновски... браво Врабец!!!:pos: навистина заслужена титула, ќе видите доста инвентивно забивање во кое учествуваат 3ца играчи... и така.



J:)vAn
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР И МЗТ СКОПЈЕ ОДИГРАА ИНТЕРЕСЕН КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР
"Пелистерци" на "пенали"
СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР - МЗТ СКОПЈЕ 81:79

(15-19; 13-15; 27-25; 26-20)

Сала
"Младост" - Битола. Гледачи: 500. Судии: Поповски и Димовски - Битола.

СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР: Петковски 7, Савовиќ, Поповиќ 6, Дујовиќ 6, Апцев, Миљковиќ 11, Пејовиќ 14, М. Петровски, Николовски, Талевски 8, Станковиќ 27, Захариевски 2;

МЗТ СКОПЈЕ: Миленковиќ 2, Петровски 22, Б. Николовски, Караколев 5, Јанески, Атанасоски 23, Стојановски, Николовски 3, Штериев 9, Андриќ 5, Мифтари 3, Бол 7;
Екипите на Свисслион Пелистер и на МЗТ Скопје одиграа доста интересен пријателски натпревар во кој на крајот "пелистерци" излегоа како победници. Со поените на Миљковиќ од линијата за слободни фрлања на 6 секунди пред крајот "зелено-белите" забележија тесен триумф (81:79).

Претходно, во поголемиот дел од средбата во битолскиот "Младост" металците имаа предност која во 35. минута беше и двоцифрена.

Но битолчани притиснаа и на крајот успеаја да направат резултатски пресврт.

Најмногу по заслуга на новакот Срѓан Станковиќ кој запиша 27 поени. Над просекот уште неа и Пековиќ (реализираше четири тројки) и Миљковиќ, кој застана на бројката од 11 поени.

На другата страна, одлично издание на репрезентативниот бек Јане Петровски, кој средбата ја заврши со 22 поени и на Атанасоски, која даде 23 поени.

М.С.
НАМЕСТО ВО ТУРЦИЈА

"Металците" на турнеја во Бугарија

И екипата на МЗТ Скопје во овој период на подготовките ќе гостува во соседна Бугарија.

Откако пропадна можноста "металците" да бидат дел од турнирот во Мерсин (Турција), раководството на клубот направи напори да обезбеди неколку нови квалитетни проверки.

И тоа во Софија. Во текот на наредната недела, од 25 до 27 септември, МЗТ Скопје ќе одигра три контролни натпревари со екипи од главниот
http://sport.com.mk/?ItemID=F3EA12302BE1364CAD6D4C472609032A
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
СРБИЈА Е НОВАТА БАЗА НА СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР
Позитивна промена
Само еден ден по "контролата" со МЗТ Скопје во Битола, кошаркарите на Свисслион Пелистер заминаа на мини турнеја во Србија, каде ќе ја одработат последната фаза од подготовките, односно воигрувањето на екипата за сезоната која претстои.

"Трениравме напорно триесетина дена во Битола, каде го поминавме најтешкиот дел, а тоа е физичката подготовка. Покрај тоа интензивно работевме и во сала за кревање товар, а одигравме и доста пријателски натпревари. Цело време бевме дома, а работата на домашен терен, на новаците во тимот им помогна да ја почувствуваат салата, да се привикнат на новите услови на работа. Сега треба да бидеме повеќе заедно бидејќи на крајот мораме да делуваме како една целина. Но, да бидам малку искрен се заситивме сите од работата, па оваа турнеја дојде во вистинско време. Да ја напуштиме Битола и малку да одиграме на туѓ терен" - вели младиот тренер за "зелено-белите", Александар Петровиќ.

Со оваа турнеја "пелистерци" ќе направат позитивна промена, првична цел ќе биде воигрувањето.

"Немам некои посебни очекувања, освен тоа што на сите добро ќе ни дојде позитивната промена на средината. А кога сме кај средбите се надевам дека преку нив ќе ја воиграме екипата, а грешките ќе ги исправиме до крајот на подготовките. Чувствувам позитивна атмосфера во тимот, што, пак, во оваа фаза на подготовки е најважно" - заврши Петровиќ.

Инаку, на подготовките во Србија заминаа сите кошаркари кои беа вклучени во досегашноот дел од подготовките.
http://sport.com.mk/?ItemID=F67653202360D94385122101E9B5EF17
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Свисслион Пелистер загуби од Свисслион Таково со 49:95 во првиот ден на турнирот во Вршац. Кошаркарите на Свисслион Таково создадоа висока предност уште во 1. полувреме, која ја зголемија и постигнаа убедлива победа на крајот на мечот.

Миљковиќ со 13 и Поповиќ со 12 поени беа најефикасни во редовите на Свисслион Пелистер на оваа средба.http://basketball.org.mk/novost.asp?id=1097

Срам..? УЖАС!
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
МИНИ ТУРНЕЈАТА ВО СРБИЈА "ПЕЛИСТЕРЦИ" ЈА ЗАВРШИЈА СО ДВЕ ПОБЕДИ И ЕДЕН ПОРАЗ
Битолчани задоволни
*Во наредните две недели Петровиќ не ќе може да смета на услугите на искусниот Станковиќ
Леотар Требиње - Свисслион П. 68:72

(17-16, 6-13, 18-23, 27-20)

Свисслион П.: Петковски 3, Савовиќ 2, Поповиќ 18, Дујовиќ 15, Апцев 3, Николов, Пејановиќ 11, Станковиќ, Петровски, Миљковиќ 6, Талевски 10, Захариевски 4;

Пролетер Н - Свисслион П. 88:93

(24-29, 22-19, 21-21, 21-24)

Свисслион П.:
Петковски 10, Савовиќ, Поповиќ 27, Дујовиќ 19, Апцев , Николов, Пејановиќ 6, Петровски, Миљковиќ 10, Талевски 17, Захариевски 4;

Две победи и еден пораз е крајниот епилог за Свисслион Пелистер на мини турнејата во Вршац. По убедливиот пораз од Свисслион Таково битолчани забележаа два триумфи по ред. Прво со 72:68 славеа на дуелот со Леотар Требиње, а наредниот ден со 93:88 го минаа и Пролетер, чиј тренер е Зоран Тодоровиќ.

"Задоволни сме од целокупната турнеја. Првиот натпревар го одигравме доста 'млитаво'. Момците беа изморени од патот, а противникот оваа година во своите редови зема квалитетни играчи. На средбата со Леотар уште во првата минута останавме без Станковиќ, кој поради повреда на мускулот на десната нога ќе мора да паузира во наредните две недели. Со Пролетер, каде тренер е Зоран Тодоровиќ, имавме постојано контрола на резултатот. Неговиот тим влезе доста мотивирано, но благодарение на Талевски, Поповиќ и Дујовиќ на крајот дојдовме до уште една победа" - вели Васко Ковачевски.

Контролите на Свисслион Пелистер не застануваат тука. Во сабота битолачани ќе му гостуваат на МЗТ Скопје, а бидејќи во првото коло се слободни, можно е да заминат на уште мини-турнеја, но овој пат во Ниш и околината.http://sport.com.mk/?ItemID=F0A0149FA37D1A4B85B860636AAB328B
 

iLe

Prototype
Член од
27 јануари 2007
Мислења
1.400
Поени од реакции
30
Овој поповик се покажа добро сигурно е некој квалитетен играч.
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Искрено,добра екипа има Пелистер..

Талевски,Дујовиќ,Поповиќ тројца што целосно ја држат играта на Пелистер...
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Епа тие се... првата петорка. Пак ќе играме само со 5-6 кошаркари, немаме тим кој може да игра константно. За тоа требаат пари и спонзори. Како и да е оваа година, јас ќе бидам задоволен и со влез во final4.
 

city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР И МЗТ СКОПЈЕ ОДИГРАА ИНТЕРЕСЕН КОНТРОЛЕН НАТПРЕВАР
"Пелистерци" на "пенали"
СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР - МЗТ СКОПЈЕ 81:79

(15-19; 13-15; 27-25; 26-20)

Сала "Младост" - Битола. Гледачи: 500. Судии: Поповски и Димовски - Битола.

СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР: Петковски 7, Савовиќ, Поповиќ 6, Дујовиќ 6, Апцев, Миљковиќ 11, Пејовиќ 14, М. Петровски, Николовски, Талевски 8, Станковиќ 27, Захариевски 2;

МЗТ СКОПЈЕ: Миленковиќ 2, Петровски 22, Б. Николовски, Караколев 5, Јанески, Атанасоски 23, Стојановски, Николовски 3, Штериев 9, Андриќ 5, Мифтари 3, Бол 7;
Екипите на Свисслион Пелистер и на МЗТ Скопје одиграа доста интересен пријателски натпревар во кој на крајот "пелистерци" излегоа како победници. Со поените на Миљковиќ од линијата за слободни фрлања на 6 секунди пред крајот "зелено-белите" забележија тесен триумф (81:79).

Претходно, во поголемиот дел од средбата во битолскиот "Младост" металците имаа предност која во 35. минута беше и двоцифрена.

Но битолчани притиснаа и на крајот успеаја да направат резултатски пресврт.

Најмногу по заслуга на новакот Срѓан Станковиќ кој запиша 27 поени. Над просекот уште неа и Пековиќ (реализираше четири тројки) и Миљковиќ, кој застана на бројката од 11 поени.

На другата страна, одлично издание на репрезентативниот бек Јане Петровски, кој средбата ја заврши со 22 поени и на Атанасоски, која даде 23 поени.

М.С.
НАМЕСТО ВО ТУРЦИЈА

"Металците" на турнеја во Бугарија

И екипата на МЗТ Скопје во овој период на подготовките ќе гостува во соседна Бугарија.

Откако пропадна можноста "металците" да бидат дел од турнирот во Мерсин (Турција), раководството на клубот направи напори да обезбеди неколку нови квалитетни проверки.

И тоа во Софија. Во текот на наредната недела, од 25 до 27 септември, МЗТ Скопје ќе одигра три контролни натпревари со екипи од главниот
http://sport.com.mk/?ItemID=F3EA12302BE1364CAD6D4C472609032A
rabotava e so pelister ke gi isturat MZT 30 poeni razlika
 
Член од
12 октомври 2007
Мислења
26
Поени од реакции
0
PELISTER SE NAJDOBRI ...A VIE SKOPJANITE IAKO STE MN ..EKIPI MOZITE SAMO DA GO POPPUSHITE..;):)BITOLA DRZAVA..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom