Фан клуб: Пелистер!

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Пелистер во своите редови донесе тројца кошаркари од Србија. Тие доаѓаат на местото на продадените Миркович, Голубович и Јовович. И уште 2ца македонски кошаркари, за точните имиња деновиве ќе постирам.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
ДЕНЕСКА ТРГНУВА И СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР

Прва прозивка на Петровиќ во Битола

*Со релативно нов состав и шеф на стручниот штаб, "зелено-белите" ќе ја дочекаат новата сезона

Како што најави управата, Свисслион Пелистер денеска и официјално стартува со подготовките за новиот предизвик.

Со релативно променет состав и секако новиот шеф на стручниот штаб, Александар Петровиќ, во новата сезона битолчани ќе влезат со една цел, достигнување на подобри резултати од минатата година.

"На денешната прозивка очекувам да бидат присутни сите кошаркари, дел од нив во Битола пристигнаа во текот на вчерашниот ден. Првата недела ќе имаме полесни тренинзи, со цел момците да се адаптираат по паузата. Потоа ќе заминеме на некое планинско место, каде ќе останеме десетина дена и ќе работиме на физичката форма" - вели новиот шеф на стручниот штаб, Александар Петровиќ за кого новата средина и нема да биде толку непозната, ако се знае дека по потекло е токму од Битола.

Амбициите на битолчани и оваа година се скромни, прва цел на Петровиќ е да се повтори минатогодишниот резултат.

"Желба на секој тренер е да направи голем успех. Амбициите на Свисслион Пелистер се да го повтори минатогодишниот успех, а секој нареден резултат ќе биде плус за сите нас. Ќе се обидеме да впишеме нова страница во историја на клубот" - ги изнесе своите очекувања, младиот тренер на битолчани.

Инаку, последни засилувања на "зелено-белите" се српските интренационалци, Дујовиќ и Пејановиќ, кои ќе ја потполнат центарската и плејмејкерската празнина.

М. Ковачева

Контролите, надвор

Практика на секој клуб оваа година, барем како што засега најавија повеќето од нив, првите контроли да ги одиграат надвор од земјава. Таков е случајот со "пелистерци", кои по завршувањето на првата фаза од подготовките, извесно е дека за спаринг-партнер ќе имаат тим од Србија.
http://sport.com.mk/?ItemID=E02145B72DA80F488E18D7494E354903
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ НА СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР

Преку "пекол" до плеј-офот

Кошаркарите на Свисслион Пелистер во средата попладне ги почнаа подготовките за новата сезона, и тоа под водство на новиот шеф на стручниот штаб, Александар Петровиќ и помошниците Благоја Печалов и Драган Наумовски.

За првите впечатоци од новиот ангажман во Битола Петровиќ вели:

" Стартувам со екипа која јас ја имам селектирано, а на првата прозивка се јавија сите кошаркари кои се под договор со Свисслион Пелистер. Првиот тренинг помина со тестирање на кошаркарите и сум задоволен од тоа што покажаа тестовите за физичката подготвеност на сите кошаркари. Од тестовите се гледа дека сите кошаркари работеле за време на паузата, а сега мораат тоа темпо да го зголемат. Имаме време да работиме на подобрување на формата, а напоредно со тоа да работиме и на тактички план.

Оваа екипа на Сисслион Пелистер слободно може да се нарече и спој на младост и искуство?

" Тука се домашните засилувања Срѓан Станковиќ и Ѓорѓи Талевски, кои се најголемото засилување на Пелистер. Двајцата зад себе имаат многу силни натпревари, а Станковиќ има и европско првенство. Нивното искуство ќе биде драгоцено, за младите кои ги има повеќе, а кои треба да учат. Тука се странците Милош Пејановиќ и Владимир Дујовиќ, кои ги ангажиравме пред стартот на подготовките. Можно е да доведеме и уште ден странец кој ќе игра на местото "4". Останатите кошаркари кои се од минатата сезона имаат потенцијал, а очекувам преку еден добар подготвителен период да го дадат максимумот. Мораме сите да дадеме некој свој максимум од можностите за да стигнеме до целта, а таа е плеј-офот. Стартувавме со 16 кошаркати, што само по себе значи и поголема конкуренција за да се биде во потесниот избор, а потоа и поголема конкуренција да се биде во првата петорка. Ваквата поставеност на екипата ќе даде и здрава конкуренција која ќе донесе до подобар квалитет. Дека ќе се работи многу покажаа и првите тренинзи. Сите се во игра и нема привилегирани кошаркари" - вели Петровиќ.

Како ја оценувате лигата и новиот систем на натпревари?

"Четворокружниот систем на натпревари практично го одигравме и лани, но оваа сезона место шест екипи во вториот дел играат сите. Лигата ќе биде поквалитетна од лани, а екипите се посилни. Тука е Фени Индустри, Струмица, Работнички, Вардар, МЗТ, АМАК-Сп кои вложија многу во кошарката, а со тоа пораснаа и цените на кошаркарите. Според ова лигата е посилна, ќе има поголема конкуренција, поинтересни натпревари и очекувам поголема посетеност"- смета Петровиќ.

Каде тука се наоѓа Свисслион Пелистер?

"Нашето место е во плеј-офот. Очекувам дека ќе бидеме пласирани барем до четвртото место, а ако ни се укаже шанса сигурно нема да ја пропуштиме, за некое место погоре. Според мене, екипата на Пелистер е поискусна, а со тоа и поквалитетна од лани. Очекувам добра сезона и добар резултат. Би сакал оваа сезона како и минатата салата Младост да биде исполнета на секоја средба до последно место, а публиката која ќе биде со нас ќе очекува и добар резултат од сите нас. Се надевам дека сите заедно ќе можеме да направиме кошарката и оваа година, заедно со фудбалот, да бидат носители на спортскиот живот на Битола"- заклучува новиот предводник на "пелистерци".
http://sport.com.mk/?ItemID=6E958CD787121049B66397C6B29D4728
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР ГО ДОБИ ЧЕТВРТОТО ЗАСИЛУВАЊЕ
Бранко Анѓиќ, ново име во Битола
Веќе една недела се во ток подготовките на кошаркарите на Свисслион Пелистер, а задоволството од начинот и од резултатот од работата се чувствува кај сите во клубот.

Она што е ново е дека Битола доби нов кошаркар, кој веќе неколку дена е на проба кај Александар Петровиќ.

"Ние не се откажуваме од идејата за четврт странец во Свисслион Пелистер, но тој мора да биде квалитет кој ќе може да парира на нашите амбиции. И тука последниот збор е на шефот на стручниот штаб Александар Петровиќ. Инаку, во Битола на проба е Бранко Анѓиќ од Ужице и во текот на денешниот ден ќе знаеме дали тој ќе биде четвртиот странец во Пелистер" - вели претседателот на битолчани, Марио Трифуновски.

Иако изминаа само две недели од подготовките, сепак, првиот човек на битолчани е задоволен од досегашниот тек.

"Задоволен сум од тоа како сите ја 'бркаат' работата, тренерите и кошаркарите. Според она што го слушам од актерите на подготовките и оние кои со интерес го следат секој наш тренинг, во овој состав има материјал и за нешто повеќе. Тука сакам да искоментирам и за засилувањата на клубот, кои одлично се вклопија во тимот, а за нивната работа ќе зборуваат тренерите, и за оние кои се од лани и кои им дадоа поддршка за да се прилагодат на новите услови" - со задоволство Трифуновски го коментира досегашниот тек на подготовките.

Останувате во Битола или заминувате традиционално во Маврово?

"Начелно се договоривме десетина дена додека траат горештините да се преселиме во Маврово, но постои и можноста да останеме во Битола. Денес Управниот одбор ќе одржи состанок и ќе одлучиме за с$, околу странците, подготовките и некои други прашања"-заврши првиот чоевк на Свисслион Пелистер.
 
F

fantomX

Гостин
Напред Пелистерци! Во Прилеп слабо е со кошаркава, па за Пелистер си сум по комшиска линија:)
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Е и јас истото ќе го постирав... Значи колку толку добиваме на квалитет со новите кошаркари. Денес ќе има собрание но сигурно е дека ќе одат во Маврово,се шушка дека ќе дојде уште еден кошаркар од Мак. Лигата ама засега не е сигурно. Денес ќе зборнам пак, за сигурно да ви кажам.


Ј:)vAn
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
ВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР НЕМА ДА ЈА МЕНУВА СРЕДИНАТА Засега се е о.к.
Екипата на Свисслион Пелистер с$ уште ги одработува подготовките во Битола. Засега управата и стручниот штаб на "пелистерци" не размислуваат за напуштање на матичното место.

Она што во најскоро време може да се случи е "зелено-белите" да отидат на кратка турнеја во Србија.

Вршак би требало да биде местото каде шефот на стручниот штаб на Свисслион Пелистер, Александар Петровиќ, ќе има можност да го провери досега сработеното.

Инаку, што се однесува до начинот на работа, управата на клубот е презадоволна од залагањето на момците, особено на новите имиња кај битолчани, кои со помош на своите колеги веќе се прилагодија во новата среднина.

Првите луѓе на Свисслион Пелистер во текот на оваа недела очекуваат да пристигнат спонзорите, со кои ќе треба да ги договрат сите детали и планови за новата натпреварувачка сезона.
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Уште еден млад кошаркар го засили Пелистер. Батето е од Кавадарци денес еден баскет така удривме, добар е. Името му го заборавив.


Со Апцев и овај новиот имаме иднина, само требаат некои така поискусни кошаркари да ги водат. Тоа ни недостасува, ако најдеме некој таков кошаркар на пазарот и го ангажираме, имаме загарантирано место во final 4:pipi:
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Србинот Поповиќ нов пелистерец

БИТОЛА - Белграѓанецот Бојан Поповиќ, крилен цнетар на Спартак од Суботица, е најновото, петто по ред и веројатно последно засилување летово во редовите на Свислајон Пелистер. Поповиќ доаѓа како замена за неговиот сонародник Бранко Анѓиќ од Ужице кој не го задоволи вкусот на тренерот Александар Петровиќ и по неуспешната проба минатата недела беше вратен назад.

Со ангажирањето на Поповиќ битолчани конечно ги комплетираа крилните позиции во екипата за новата сезона. (Т. Г.)
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Србинот Поповиќ нов пелистерец

БИТОЛА - Белграѓанецот Бојан Поповиќ, крилен цнетар на Спартак од Суботица, е најновото, петто по ред и веројатно последно засилување летово во редовите на Свислајон Пелистер. Поповиќ доаѓа како замена за неговиот сонародник Бранко Анѓиќ од Ужице кој не го задоволи вкусот на тренерот Александар Петровиќ и по неуспешната проба минатата недела беше вратен назад.

Со ангажирањето на Поповиќ битолчани конечно ги комплетираа крилните позиции во екипата за новата сезона. (Т. Г.)
Линк од каде е информацијата....
 
Член од
11 јули 2007
Мислења
31
Поени од реакции
0
Во Пелистер знам дојдоа 2 млади играчи од Гостивар се тие.
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
ПО ПОБЕДАТА НА ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СВИССЛИОН ПЕЛИСТЕР, ТРИФУНОВСКИ, КАТЕГОРИЧЕН:
Повеќе "контроли", поголема воиграност
Во третата контролна средба кошаркарите на Свисслион Пелистер ја забележаа втората победа, а нова жртва по Амак СП, беше екипата на Вардар Осигурување, која во Битола загуби со 89:82.

Битолчани добро одиграа, и кај сите се чувствува задоволство од победата, иако се свесни дека ова е само пријателски натпревар во текот на подготовките.

"Одигравмне добро за оваа фаза од подготовките. Оваа екипа е нова и прво што може да забележиме е тоа што на сите им треба малку поголема воиграност. Сите се трудат, но тоа што најголем дел од кошаркарите играат за прв пат заедно си го прави своето. Имавме добри минути, добри акции, но сепак ни треба поголема хармонија во играта. Сите поединечно се добри, но мора многу да работиме и заедно да дојдеме до тоа што го посакуваме, односно до формата што ја имаме замислено" - вели претседателот на Свисслион Пелистер, Марио Трифуновски.
Како ќе продолжите до крајот на подготовките, бидејќи и сами велите дека ви требаат уште средби?

"Во договор со шефот на стручниот штаб Александар Петровиќ и неговите помошници Наумовски и Печалов, треба да одиграме повеќе контролни средби. Првата од таа серија на пријателски натпревари е денеска во 11 часот во Скопје, против екипата на Вардар Осигурување, што ќе биде и реванш на средбата од четвртокот. Во вторник ја пречекуваме екипата на МЗТ Скопје во Битола, а веќе во четврток заминуваме за Србија на мини-турнеа. Не очекуваат многу средби, патувања, за кои мора да бидеме максимално подготвени" заврши Трифуновски.

Како дознаваме повредите за Талевски, Поповиќ и Дујовиќ се минато. Тие веќесе вратија на работа со екипата.
 

Billa Bong

I love Basketball
Член од
14 август 2006
Мислења
6.590
Поени од реакции
11
Абе луѓе колку пати да ви кажам ЛИНК..следен пост бришам ако нема линк од каде е извадено!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom