Продуцентската куќа “Хаус 57“ објави дека завршницата на Купот на Македонија, која треба да се одржи од 12 до 15 април, ќе се одигра во Битола. Ова беше објавено од страна на претставници на “Хаус 57“, кој е официјален организатор на завршницата на Купот.
Досега организаторот го договорил одржувањето на две пропратни манифестации. Првата е гостувањето на унгарскиот состав за атракции на спортски натпревари, наречена Фејс тим.
Покрај тоа, на завршницата на Купот ќе учествува и танчерската група од Белград M-cheerleaders. Оваа танчерска група е сочинета од официјалните мажоретки на КК Партизан.
Организаторот изјави дека во спортската сала “Младост“, во која ќе се играат натпреварите, ќе биде направен посебен прес центар, во кој новинарите ќе може да работат. Покрај тоа, тие работат на отстранување на недостатоците во салата, со цел таа да биде во оптимална состојба за време на одигрувањето на натпреварите.
Во моментов се водат преговори за ТВ преноси на средбите од Купот со неколку телевизиски куќи, но договор се уште не е постигнат.
Во текот на идната недела ќе биде извршена ждрепката за четвртфиналните дуели во машка и полуфиналните дуели во женска конкуренција. По одржувањето на ждрепката организаторот повторно ќе одржи прес конференција, на која ќе бидат објавени сите детали околу одржувањето на завршницата на Купот на Македонија.Епа ај сега нека ви е со среќа to e to