Абе факт е дека ФА се најголемата србоманска навивачка група во Македонија(се јадете со Кумани)
za FA sigurno e deka ne e srbomanska grupa,osven nekoj poedinci eve kako ovoj marko mzt,noo ima i grkomani,na nas velea grcki slugi a kaj niv na tribina imase grkoman..
Пфффффф. (анти)феномен По што увиде ти, познавачу на македонската тифо сцена дека ФА се србоманска навивачка група? На сценава си неполни 2 месеца и си земаш за слобода да даваш незнам си какви „факти„...Кој те лаже само незнам, а ти сам ова да го смислиш неможеш, од едноставана причина што не си доволно паметен за такво нешто.
Мое размислување за Партизан и сметањето за светост нешто србско (во случајов, а иначе се однесува исто и за сите други клубови и земји кои не ни се пријателски настроени) Има луѓе кои во екс-Југославија си почнале да навиваат, во случајов за Партизан и таа младешка љубов неможе туку така да се изгуби, и нив ги сфаќам тотално...но тука се јавуваат омладинци, од по 15-16 години кои повеќе го сакаат Партизан, од Вардар, Беласица, Тетекс, Пелистер, Победа, Мзт, Работнички... е тука, колку и да се обидувам да ги сфатам , неможам. Што ги поврзува децава со Партизан/Ѕвезда...точно има доста Срби (не србомани) во МКД и тие нормално е да си сакаат нешто свое, но што е проблемот со нашите деца?
Недостаток на квалитет кај нас или желба и претензија кон нечие друго? Доколку е недостиг на квалитет (зборам во фудбал) зошто тогаш претензиите се кон Партизан (го пишувам ова зашто темата е Партизан, но да се знае истото се однесува и на Ѕвезда) се поголеми од претензиите кој Вардар/Работнички? Што има напревено Партизан во понова историја за да привлече наши деца? Освоено Лига шампиони? Фудбалот им е за нијанса подобар од нашиот...за кошарка се светлосни години понапред но пак неможам да сфатам зашто баш Партизан, зашто Ѕвезда...зашто не Хајдук, ако е во прашање квалитетот или пак Динамо, Левски, АЕК, Арис, Ираклис...
Би сакал некој од дечкиве тука што се родени после осамостојувањето на МКД или пак што имале по 3-4 год кога сме се осамостоиле да ми објасни, која е причината што навиваат за српските екипи, пошто очигледно квалитетот не главната причина за тоа. Пак ке кажам, може да ти биде една екипа симпатична, која и да била, но да се палиш на таа екипа, екипа која што доаѓа од комшивска, но не така пријателска земја е тотално несфатливо. Прават екстра атмосфера, несомнено, посебно на кошарка, но знам луѓе кои што повеќе сакале да гледаат Партизан - Чуакрички на РТС од колку да го гледаат дербито Мзт - Работнички во најдобрите денови. Дали сме под толкаво влијание на Србија или едноставно некои се осеќаат Срби иако немаат допирна точка со Србија.
Мислење на човек од ФА (значи одма го побивам оној феноменот што тресе глупости дека сме просрпски настроени, а како што гледам повеќе ваши има што се палат на партизан од колку наши) дека колку и да е мизерно нашето, треба да се сака и почитува...да не сме ние бедни 2000 души кои си го сакаме (ако не го сакаме, бар редовно сме посетители на спортските натпревари во нашата земја) нашиот спорт, нашиот спорт ке замре...а се додека има протагонисти кои повеќе сакаат да гледаат Паризан - Смедерево од колку Вардар - Работнички, се дотогаш нашиот спорт нема да тргне нагоре, туку ке продолжи или да тапка во место или да оди во надолна линија, трендови веќе познати во сита наши спортови.
Се извинувам за и не така малце подолгиот пост...бидете поздравени од не-просрбската ФА и имајте на ум дека изборот е ваш и никој не ви брани да си навивате за кого сакате, но разбудете ја малку националната свест.
А за овогодинешниот Партизан...не е лош, ма да слаби ми се некако на плеј, што ке им се одрази во топ 16, освен ако не преземат нешто до тогаш....а за тренерот, секоја чест, тренериште невидено