Има хаштаг ПИОЛИОУТ по твитер , и не ми е јасно што фајде има ова .Значи се што направи Малдини во 30 год во Милан за една година го расипа .
Ова е најлошто нешто што може да му се случува на Милан
Гневот треба да е насочен накај Елиот и Газидис највеќе, после хиерархиски надоле кон Малдини и Бобан.
Немање јасна визија и неискреност, да не кажам класично фарбање е ова.
Прво , како тоа никој не најде за сходно да одвои време и убаво да објасни што е тоа што Милан го утнал со фер плејот па мора да се слушаат полу-информации од новинари и инсајдери. Мора да се лоцира одговорност, Галијани ли е, Кинезите ли се. Мора прво искрено да се постави дијагноза на проблемот па после да се бара лек и да се каже лечењето колку ќе трае. Ова личи како индијански, директно да се прејде на лечење, а не знаеме што лечиме.
После кој е Гордон Сингер, зашто никад не се обратил и ништо не кажал во однос на Милан.
После делот со Газидис . Како тоа дојде лани во ноемрви и удри две- три вета на готови трансфери што сигурно ќе го однесеа Милан во лига шампиони ја еба ланската сезона и уште две три најмалку.
Трето ова со Малдини и Бобан, како тоа може цело време првата нивна опција да отпаѓа ама втората да е таа што уствари они ја сакале, пример Сенси и Бенасер, па Кореа и Ребич и еве Спалети и Пиоли.
Разбирам дека во раце го имаат најлошиот Милан од последниве три децении ама мора да се понесе одговорност за оваа фијаско со трансферите летово.
Тек на крај Пиоли е проблем, т.е не е никаков проблем, грешно време и грешно место е само таа работа