Години наназад гледам на форумов како се збори уште од февруари/март некаде за трансфери кои тек треба да се десат на лето.
Незнам за вас, али мене ми е преку кур од ова, веќе кој знае колкав период се дешава. ПРЕКУ КУР. Не ми е битна титулата воопшто, не ми се битни натпреварите со мочана Самп или Болоња, што се однесува до мене, калчо титула никад не ми била привлечна пошто веројатно сум уште од мал навикнат да го глеам милан у топ 8 екипи во светот (ЛШ).
Милан мора да влезе у ЛШ, не само ради минатото, туку ради иднината пред се. Но, проблемот што не чека во тоа натпреварување ќе не тресне од земја за тоа каде сме како клуб во модерниот фудбал.
Милан моментално каков што е генерално, на физичко, тактичко и техничко ниво ќе има проблеми, дури и не би поминал груп со лупам Порто, Шахтјор/Динамо Киев и Лион пример или рецимо Менхенгладбах (пак трескам), што е премија група за екипа као Атлетико, да не зборам за екипи што се топ европски клубови моментално (Сити, Ливерпул, Псж, Реал, Барса, Јуве - лабавење група им е ова на нив).
Милан и да влезе во таа имагинарна група, МОМЕНТАЛНО тешко би поминал.
Гатузо не е на тоа ниво едноставно, неаме објективен и несомнен континуитет и квалитет на овие играчи за да бидеме компетентни. Можам да набројам 20 екипи кои би го поминале Милан лесно, а да не се оние топ 5 кои ги споменав погоре.
Многу работи треба да се средуваат. Еве пример, две лета по ред зимаме играчи кои се ништо повеќе од дремачи на клупа. Тоа ти се онака џабе фрлени пари 2 трансфер периоди по ред. Во тоа сме скроз континуирани, нема дилеми.
И баш ради тоа, ако сме во ЛШ ќе имаме поголем избор за играчи кои би сакале да дојдат во клубот со што автоматски сме во подобра позиција. Пошто последниве години тоа се екипи као Севиља, Виљареал, Аталанта и Џенова. Од таму изнакупивме се и сешто, и потребно и непотребно, и корисно и некорисно. Или тоа или играчи на позајмица кои се непотребни у клубовите од кои што ги земаме. Доста ми беше од зделки со Јувентус за играчи кои немаат респект спрема дресот и се научени да победуваат. Ни требаат гризачи, играчи желни за докажување.
Али во оние работи што уствари се битни, не сме баш најдобри. Години наназад чуваме ѓубриво у екипа, имаме практично скратен ростер од 15 играчи кои можат да играат фудбал у прв тим, и тоа некои од нив се едвај достојни. Има(в)ме 3 играчи кои терен немаат осетено од што се неспособни (Халилович, Монтоливо и Хозе Маури). Едноставно недозволиво за екипа која би требало да е амбициозна.