Вчера утакмицата ја изгубија Амброзини и Сидорф..Никој друг..
Амброзини толку лошо игра во последно време,толкава дупка му се осеќа во средината,што она е страшно.Многу киксови,многу изгубени топки вчера.
Сидорф имаше ненормално многу погрешни додавања и потези,што и не е чудно тоа што Пато и Робињо имаа малку шанси. Се што имаа создадоа самите на некоја контра или полу-контра.
Мексес-јес да се врати од повреда,ама она е слабо за да биде иднината во наредните 4 години! И тој имаше недозволиво голем број киксови вчера,иако имаше и добри интервенции(што реално глеано па срамота и да ги нема протв Плзен,а толку се очекува од него) Јас,искрено не би се потпирал на него како идеален и долговечен партнер на Силва во одбрана.Прво засилување според мене треба баш на таа позиција.
Емануелсон- се на се слаба утакмица иако имаше неколку добри повлекувања напред и добри додавања кои досега ги немав видено од него. Нему мислам дека треба да му се дае шанса.
Де Шиљо-колку и да сакаме да сме задоволни од него треба реални да бидеме!
Слабо во напад,слабо во одбрана.Нему му е простено.Ипак има 19 години,ова му беше прва утакмица,има потенцијал најверојатно,ама..Тој Пилар што беше како мува без глава го бушеше само така. За Петражала кој играше од другава страна кај Таиво да не зборам..Јас му избројав 4 додавања во нозете на противникот што ипак за играч на негова позиција е недозволиво многу.Има време за него..
Сеа што се тиче осмина - финале јас мислам дека малце имаме комплекс во последно време со ова,така да подобро некоја „условно“ послаба екипа за полесно да го тргнеме товарот од на глава. Можеме да играме со секого и верувајте дека сите кои се први во група се плашат од нас и ние сме најнепосакуваниот противник за било која екипа моментално. Манчестер не верувам дека ќе биде прв во група,така да јас Бенфика као можен противник ја рачунам. Го сакам Апоел во осмина-финале,ама и да падне некој друг сигурен сум дека можеме да го добиеме.