Лош почеток реално гледано...
Антонини немам зборови за типот, стварно е брука, па мајку му да сум ја на негово место за доброто на тимот би се фрлил од 12ти спрат...
Неста киксаше многу, НЕОПРОСТЛИВО МНОГУ ... откако дојде од лацио ми е омилен играч во Милан, ама од километар се гледа дека веќе е премногу спор, и тоа за 30 годишњаци од типот на клозе и сисе, а за некои побрзи играчи да не збориме... затоа и пред некој ден кога праев анализа на составот и кои би биле моите 11мина не го ставив... Гатузо и Амброзини реално треба торбите да си ги спакуваат...
Аквилани имаше и добри и лоши моменти, само некако многу ми е мрза, ај ваљда ќе го биде(мора на тоа да се надевам иако го хејтам) ...
Се виде дека фали робињо, по средината немаше никаква иницијативе, цело време се пробуваше по страна ама некако не не биваше...
АБАТЕ МАШИНЕРИЈА!!!!!!!!! ЦАР!!!!!!
Ибрахимович не ми беше јасен, цело време оди по страна, дрибла, наместо да чека центаршут...
Боатенг исто така солидно ја одигра утакмицата, само неможе да игра АМ, никако! робињо треба таму да игра...
Сеуште е рано, ама мислам дека МНОГУ ТЕШКО дека че дојдеме до одбрана на титулата, гледаме ист милан од лани, со неколку стари играчи(90%од средината) а другите екипи се уште појаки(Наполи,Рома,Јувентус) ... ќе биде тврда оваа сезона...
Ако испаднеме флоп оваа сезона ќе биде благодарение на галијани и никој друг!
Со барса очекувам да се држиме, и да изгубиме не е страшно, само да не се обрукаме таму...Поздрав и Forza milan!