Иако колективно изиграа добро и Пиоли имаше одлична тактичка партија се приметува дека дел од играчите не се за да играат на ова ниво. Ќе го земам Диаз за пример, имаше 1,2 добри потези но премногу пимплање на топка, успорува игра, во неколку ситуации ако направеше одлука да ја додаде од прва ќе се отвореа плус 2,3 одлични шанси.
Многу ми е мизерен, неможам да го гледам веќе. Но немаме некое решение, Чарлс дефенитивно ја загуби самодовербата сто процентно, веројатно неможе ни к*р да надрви во кревет со женска. Убаво почна, се гледаа неговите квалитети, на почеток требаше само да се форсира да игра што повеќе минути, сега многу потешко ќе биде да врати нешто, преголем притисок има детето, иако не е огромна сума 32 милиони е притисок како 100 во Премиер Лига. Не ми се допаѓа веќе и неговиот боди ленвиџ, малце ме потсетува на Хакан во тој поглед.
Ми се допаѓа Тиав, сличен стил на Томори е, за разлика од Томори дечкото има конституција на Мајкл Џордан, мислам дека за 2,3 години би бил еден од најдобрите штопери во Лига, му требаат утакмици, талентот и конституцијата е тука.
Мислам дека ова е последната форма на овој Милан односно 3-4-3, треба да се гради од сега па натаму оваа формација, колку и да се сакаме да се игра прогресивен фудбал во лигата не е возможно. Чест на исклучоци како ланскиот Милан и овогодишниот Наполи, но мислам дека не е долгоречен стил на игра што континуитетно ќе носи резултати бидејки пола од тимовите играат сеуште лоу блок. Доказ за оваа теза се Јувентус и 9те титули со по "конзервативен" фудбал, а верувам и ако Конте останеше во Интер ќе доминираше уште 10.
Веројатно е и време да се привикнуваме на Милан без Леао, во оваа формација мислам дека колективната игра е пресудна за разлика од 4-2-3-1 каде што зависевме од Рафа. Следно коло очекувам Диаз и Чарли позади Жиру, и конечно некој придонес на детево. Се надевам нема да преседи на клупа на сметка на Ребич.
Титулата е изгубена, но ако стегнат заби да победат 7,8 утакмици по ред, што според мене не е некое невозможно сценарио, би го осигурале пласманот во ЛШ, нов инџекшн на пари во клубот со надеж да се донесат по сериозни играчи летово. Јануарскиот период не донесоа ништо, со новите договори на Пума и ФЕ имаат плус 40 милиони приход за разлика од изминатите години, доколку го поминат Спарс, ќе земат 80 милиони од УЕФА само, сите тие коцки ако се поклопат очекувам сериозни засилувања. Е сега сериозни кога викам не мислам на Мбапе или Рашфорд, но 2,3ца од рангот на Ботман. Ни фали добар вингбек десно, шпиц од стилот на Окафор или Јулиан Алварез, ЦМ и сериозно засилување на клупа.