Тој се губи во италијанско кога некој ќе му изврши притисок, а камоли во Англија каде се поагресивни и се дозволени поостри стартови. На секој натпревар има неколку такви стартови врз него, за кои е прашање дали се фаул, а му ги свират. А и неговата мана да не реагира брзо кога ја има топката. Доколку помине еден, дури тогаш тешко е да додаде. Добива топка и точно го гледаш како ќе се заглави и ќе зезне во опасна зона.
Може да му е поголема предност таму што играат со тројца позади и што се екипа што полесно може са се справи со пресинг.
Но, без разлика на се, Тео мора да се подобри. Неколку пати пишав, не ми е толку проблем кога ќе има дефанзивно лоша реакција, како што ме вади од кожа безвезно изгубен посед во опасна зона. А тоа му помина во навика, речиси на секој натпревар прави такви глупости.