Јас сфаќам дека покрај вакви имиња за во напад е многу тешко да се одлучиш, а и не сме навикнати да не поврзуваат со вакви, ама не го сакате Коста? Ај не заебавајте!
Таа глава ќе има 40 гола во Серие А. Добро, ќе има и 4-5 црвени картони, ама човекот би бил полн погодок.
Не знам, мене ми е многу тешко да се одлучам кому би му дал предност. Белоти го бирам многу субјективно, ама сите кои досега се спомнуваат мислам дека би биле одличен избор. Дури и Дембеле и Андре Силва. Во нивен случај, дури и да флопнат, имаат време и ќе држат цена. Другиве се постари, ама посигурни решенија.
Како работат овие новиве, да ти е милина. Не ми е верно дека ова е Милан. И не само за трансфери и спомнувани имиња! По социјалниве мрежи, со стафот кој го комплетираат околу нив, со односот со агентите, јавниве преговори, брзината, конкретноста ...
Да не помине неспомната битна работа: Стефано Луксоро ќе бил нов шеф на скаути. Бил едно од најзвучните имиња во своја област во Европа и го земаат директно од Јувентус.
Фини денови се пред нас ако вака продолжат.