Наредна сезона редно време ќе биде Алегри да ја смени катастрофалната 4-3-1-2 која моментално мислим дека ја играмо само мие и уште 2-3 тима низ Европа.
Проблемот не е до формацијата.. Проблемот е немајнето играчи. Никако не му доаѓа умот да земат лев бек, па си испробуваат некој си Мезбах, Таиво, Бонера итн. А пак Емануелсон кој колку што памтам лани зимата беше дојден како лев бек, го игра зад напаѓачи.. А кога и да му се дадеше шанса за лев бек играше 100 пати подобро.
Исто некогаш не можев да го сватам форсирањето на Сидорф, кој сезонава не знам дали едно полувреме изигра на ниво.. После пред здрав Мексес го реди Бонера или Јепес зошто со Мексес биле во лоши односи.. Ќе си ги подобри односите, не гледа немаме играчи па уште и ке се караат.
Вината сезонава е кај сите, од газда до играч, тренер, медицинскиот тим. Ги кривам и играчите, каде им беше мотивацијата против Болоња, вчера против Интер?
Одбара ги имаме Абате, Силва, Неста, Мексес, Бонера, Антонини, доволно е да се донесат Астори и еден асолен лев бек.
Средина ги имаме Ночерино, Амброзини, Гатузо, Боатенг, Мунтари, доволно е еден класа играч да се донеси и ете Монтоливо.. Па после нека носат и за бес пари за да пополнат место.
Напрет и не мора да носат никој, нека останат на овие што се, Робињо може да оди курбан за лев бек или за играч од средина.
Се на се со двајца квалитетни играчи (лев бек и средина), и со малце поќе среќа со повредите наредна сезона ќе можеме да му се спротиставиме на секој тим во Сериа А, а се недевам и во ЛШ.
Сезонава се вративме чекор назат, односно уште летото кога не се донесе квалитетен играч се вративме чекор назад.
Не му го знам профитот на Берлускони, ама сигурен сум дека најдобро може да заработи доколку го продаде клубот за големи пари на шеици, не се сомневам дека тие ќе жалат пари за да го купат, а после за носење играчи уште помалце му ја мислам.
Најлошото е што секое лето е истиот муабет, толку сме сироти, што во последниот час од трансвер рокот чекаме некој голем трансвер да се деси, осеќам дека исто сценарио ќе гледаме и летово, нервози, пцуење и желба за Берлу да го продаде клубот.
Следна утакмица против Новара, сакам Инзаги да влези барем 5 минути пред крај и да се поздрави со навивачите.