Пред да искоментирам мора да прашам зошто различни луѓе различни работи ми кажуваат а и различни работи пишува.
Јане Сандански салата кој ја има изградено ?
Дали Јане Сандански се смета како приватна сопственост на МЗТ ?
Да не биде дека само пљукам за џабе.
Еве од страната на Аеродром како се поделени градежните парцели.
http://aerodrom.gov.mk/tl_files/za opstina/generalni podatoci/urbanistichki planovi/JaneSandanskiUEG.jpg ( патем нека не ве буни тој мостот лево дека си го нацртале тој мост и на официјални карти како да постои )
ги имаат и на видео
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=YEz4kQluhzE
И сега они ја прошириле таа парцелата за забавен парк и врз парцелата за сала за хокеј и заедно со парцелата за сала и хотел ги продале за џабе.Пеце Наумовски го собра цел кеј од Јане Сандански салата до булевар Србија за смешна цена од 30 евра по метар квадратен, и сега ај новата сала ќе се гради кај старата.За 30 евра метар квадратен не можеш да најдеш во Пробиштип градежно земјиште не па на место како кеј на Вардар и тоа во Аеродром .
Од друга страна сега Јане ќе го рушеле за да градат нова сала и хотел за кој нема маркица туку се планирани на друго место.Нема логика.
Или ќе го срушат Јане и таму ќе си изградат хотел за една година а сала за четири,или заради тоа јавно-приватно партнерство ќе лажат со години дека се бара инвеститор додека Пеце си гради што сака на можеби најдоброто земјиште во Скопје.
.
.