Фан клуб: МЗТ Скопје

Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.544
Поени од реакции
770
Се знаеше ова после убедливите победи со Фени, АБА, Вардар и Куманово. Или требаше да го избркаат после поразот од Работнички или му се даде панса да се извади. Тоа и го направи, се извади, ама во последнит неколку кола и стварно е подобрена и играта и атмосферата ви тимот.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.918
Поени од реакции
116.334
Најверојатно Дамјан доаѓа на полусезона, а Војдан и Кире Николовски на почетокот на следната. Со тоа полека ќе се комплетира составот за Јадранска Лига, нормално уз можност за уште некое засилување.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
220
Поени од реакции
264
ПЕРО АНТИЌ, СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2011 ГОДИНА, КАПИТЕН НА КОШАРКАРСКАТА СЕЛЕКЦИЈА

Лав на терен, дома папучар

Не крие да каже дека тешко му паѓа оддалеченоста од семејството . Има свој начин на изразување, преку тетовирање. Кога не игра кошарка, онака за своја душа, како вистински шоумен знае добро и да запее. Омилени песни му се оние на Ал Дино - Коприва, на Харис Џиновиќ - Муштулук и Мој дилбере во изведба на Тоше Проески

Во хороскоп и на терен е Лав. Милува да каже: Мора да се знае кој е кој. Темпераментен уште од дете, вели дека пука од енергија и би ја изел и топката, за да докаже дека не згрешил што ја одбрал кошарката како професија. Перо Антиќ (роден воСкопје на 29 јули 1982 г., висок 210 см, тежок 120 кг) капитен на најдобрата кошаркарска селекција на Македонија, која неодамна го освои историското четврто место на Европското првенство во Литванија, актуелен играч на Олимпијакос, спортист на Македонија за 2011 година, добитник на Орденот за заслуги кој му го врачи претседателот на Република МакедонијаЃорге Иванов, сега ги живее најубавите години. Не крие да каже дека тешко му паѓа оддалеченоста од семејството поради бројните патувања, натпревари, заради што често мора да "разговара" со ѕидовите во хотелските соби само да ја пополни празнината, животна, без многу потреси. Има свој начин на изразување преку тетовирање, а за автобиографија засега не размислува.
- Ќе има уште тетоважи, сите досегашни нешто ми значат. Прва наредна на списокот е македонското знаме насликано на десната града. Мислам дека на почетокот од новата година ќе го исполнам ветеното. Горд сум што сум Македонец, се радувам на успесите на репрезентацијата, посебно после четвртото место на ЕП во Литванија. Затоа и нашето знаме ќе најде место на моето тело, вели Антиќ.
Кога не игра кошарка, онака за своја душа, како вистински шоумен знае добро и да запее. Омилени песни му се оние на Ал Дино - Коприва, на Харис Џиновиќ - Муштулук и Мој дилбере во изведба на Тоше Проески. Кога е дома не се срами да ги облече папучите и право во кујна, да и помогне на сопругата Ружица, ги проба јадењата пред да бидат сервирани. Како голем гурман знае да изеде три до четири парчиња месо, како дневен оброк, залиено со два литра ладен чај.
Многу внимава на хигиената и главата постојано ја бричи. Не е тоа НБА помодарство, туку поради загубената коса не сака да делува како ќелавко на овие години. Вака му е и полесно, нема гелови, шампони, бербери, во најлош случај како што вели - вошки. Сака да вози интересни автомобили, има "мини купер" и џип "фолксваген туарег". Ужива во улогата на сопруг и татко.
Најголема слабост му е синот Лука, жали што не му ја исполни желбата од ЕП во Литванија да му донесе злато, но потенцира дека никогаш не е доцна за било што.
Кој повеќе те нервира тренерот, судиите или сопругата?- Трик прашање. Секој може да те изнервира, ако тоа му го дозволиш. Порано лесно можеше некој да ми го направи тоа, но како одминуваат годините тешко можат да ме исфрлат од рамнотежа, бидејќи секој проблем се решава со убаво. Но, ако веќе мора да избирам тогаш тоа се судиите, вели Перо.
Дали си суеверен?
- Не, едноставно одам на натпреварите да се забавувам и тоа е мојата водилка за успех.
Двапати замина преку големата бара, еднаш во колеџ на 17 години, а потоа во 2008 во кампот на Орландо. Не потпиша за НБА лигашот, туку се врати во Европа. Зошто?- НБА е сон на секого, но не по секоја цена. Избрзав и ја прифатив побогатата понуда од Локомотив (Русија). Парите и близината до најблиските го сторија своето.
Кој е виновен што Перо е тоа што е денеска?- Пред се тато и мама, затоа што ме направиле (ха, ха, ха...), потоа тренерот Шакота...
Важиш за дете од кошаркарско семејство, зарем не?- Татко ми Зоран велат дека бил еден од најдобрите крилни играчи, тука е и брат ми Александар кој на 11-годишна возраст ме повлече во Работнички, а на 16 години се најдов во првата екипа. Со него игравме во сите репрезентативни селекции, само не во сениорската. Штета. Згора на се имаше и незгодна повреда која го исфрли од рамнотежа. Кој е подобар, тој или јас, тешко е да се одговори. Но, едно знам кога игравме еден на еден имаше многу зборување, тепање, во спортски размери и многу плачење од негова страна.
Кариерата ќе ја завршиш во Македонија, во МЗТ Скопје, а не во Работнички каде ги научи првите чекори. Зошто?
- Јас сум дете од Центар, но еден човек од Работнички со својата алчност направи да го замразам клубот. Тоа е Штерјо Наков. Во мене инвестираа моите родители, а не Штерјо кој по многу проблеми на крајот доби 100.000 евра кои завршија во неговиот џеб, а не во клубот. Затоа решив кариерата да ја завршам во МЗТ Скопје. Тоа е 100% сигурно. А кога тоа ќе се случи зависи од моето тело.
Има ли многу "бисери" од твојата досегашна кариера?- Кога играв за Црвена звезда, на еден тренинг тренерот, гледајќи како седам на клупата и се одморам, побара од мене да станам и да шутирам од своето место. Јас онака седнат ја зедов топката и шутнав. Сето тоа не беше сфатено лошо од тренерот, иако имаше многу смеа. Има уште "бисери", но за нив подоцна, во автобиографијата.
Образование или спорт?
- Нема сомневање, образованието е на прво место. Но, ако некој има шанса да заработи многу пари, како на пример ЛеБрон Џејмс тогаш го разбирам неговото оддалечување од образовниот систем. Но, ако се откажеш од училиште и заработуваш минимално со кошарката следува прашањето што ќе работиш после кошарката, вели Перо Антиќ.
Во сексот, хоризонтално, сите сме исти
Дали разликата во височината ти пречи во сексот со сопругата?
- Сите се разликуваме вертикално, но хоризонтално сме исти (ха, ха, ха). Без дилема. Ако сакате да добиете соодветен одговор, тогаш ова прашање не се однесува на мене. Најдобро е да се обратите кај мојата сопруга Ружица, за да добиете најпрецизен одговор.

Индијанци водат политикаСекако дека моето играње во Грција е проследено со минимални провокации. Тука живеев 4 години и можеби поради тоа ми е лесно да се адаптирам. Кога еден индијанец од политичар среде седница во грчкиот Парламент не расправа за кризата во својата земја туку што сме пееле на ЕП се ви е јасно, до кој степен некои луѓе се подготвени да одат со своите провокации. Немам проблеми ниту јас, ниту семејството и уживаме на плажите во Атина и многу сме среќни. Во врска со она кога на еден сајт беше објавено дека сум играч од Србија, веднаш реагирав и побарав од клубот да се јават кај одговорните од сајтот кои за еден час ја исправија грешката.

Тетовирање
Перо има свој начин на изразување, преку тетовирања, и затоа тие имаат посебно значење за него. На десната потколеница е сместен синот Лука, на градите е нацртана роза што претставува симбол на сопругата Ружица. На левата рака, веднаш над христијанскиот крст кој покажува верба во господ, се наоѓаат иницијалите на неговиот татко Зоран. На спротивната рака е насликан череп, а под него мал пајак кој според Перо му носи среќа и пари.
Ангел со дете е сместен на левото рамо, а на листот на левата нога кошаркарска топка (симбол за љубовта кон кошарката) опкружена со кинески букви. Последната тетоважа е сместена на левата рака со неговото презиме и омилената бројка 12. На ред е македонското знаме.

Сакам да играм на ЛОИ во Лондон
Нај Дедо Мраз во изборот на општина Центар, Перо Антиќ има повеќе желби во новата година:
- Во 2011 година постигнавме успех за историјата и нормално е да бидеме горди поради тоа. Во 2012 година посакувам да направиме уште еден чекор напред, да постигнеме добар резултат на предолимпискиот кошаркарски турнир во Венецуела кој ќе не одведе на ЛОИ во Лондон. После неколку години се враќам во Евролигата и дефинитивно сакам трофеј и од ова најквалитетно, клупско, кошаркарско натпреварување, вели Перо Антиќ.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Според последните информации што ги добивме, денеска починал ланскиот играч на МЗТ Скопје, Дарнел Линдзи. Почивај во мир!!!
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556
A.j. Lindsay
пред околу еден час

R.I.P. Darnell Charlie Lindsay. I love you. You with Grandma and God now. I will always speak your name. I will see you again one day cuz. You are my heart my Djay
 

Kajgana Shop

На врв Bottom