Фан клуб: МЗТ Скопје

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Најпрво честито победа на МЗТ во дербито денеска и на неговите фанови :smir:...

Значи вака... денес имав нешто работа во Скопје, па одлично за мене е што имав време за прв пат да идам да го гледам најдоброто кошаркарско дерби во Македонија... уште на влезот од салата се осетуваше вжештената атмосфера, адреналин пука 100-ка, двете најдобри навивачки групи во кошарка моментално во Македонија на едно место, полиција колку сакаш, во салата нема место кај да застанеш, не па да седнеш на столче...

Јас како неутрален гледач ќе дадам мој коментар за денешното навивање на двете навивачки групи (значи никого не провоцирам)... Фемили денеска од мене (а и од мноооогу други) има чист 10+ за навивањето и кореографијата, а ми се допадна тоа што "Дале чавезе" и уште некоја песна ја пеевте со придружба на трубачки оркестар (ова до сега го имам видено само кај Гробари кога ја преработија "Македонско девојче")... бевте 600+ денеска (моја проценка) што е одлично за нашите простори... додека пак за ЦПБ имам 10+ за паролите и со оглед на тоа дека беа во 2-3 пати помал број, на моменти добро звучеа...

Најинтересно на мене ми беше почетокот кога почнаа препукувањата со песните... а и кога МЗТ постигне кош (најчесто тројка) и кога дополнително се вжешти атмосферата во салата...:wink: Имаше судир на Фемили со полицијата, но брзо се реши тој проблеми... и тие продолжија со фрлање петарди и беше запалена димна бомба...

П.С. Не ми беше јасен потегот на Фемили кога ги вклучија телефоните и кога почнаа со скандирање "Препрати нека се шири", а ЦПБ возвратија со "Цигани, цигани" :uvo:

Уште еднаш браво за атмосферата создадена денеска... од сега па натаму ќе се потрудам да присуствувам на повеќе вакви дерби-наптревари :helou:
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
946
Поени од реакции
21
П.С. Не ми беше јасен потегот на Фемили кога ги вклучија телефоните и кога почнаа со скандирање "Препрати нека се шири", а ЦПБ возвратија со "Цигани, цигани" :uvo:

Се пееше така зошто нежните момци од центарот сакајќи да бидат во поголем број праќаа пораки меѓу себе и на крајот на пораката стоеше:Препрати нека се шири...
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Ај некој ако е запознаен нека каже кои се шансите на МЗТ за тоа 6то место на табелата :smir:
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Ај некој ако е запознаен нека каже кои се шансите на МЗТ за тоа 6то место на табелата :smir:
Шансите се многу мали... треба МЗТ во последните три натпревари да забележи две победи од три натпревари, а играат со Овче Поле во Свети Николе, со Пелистер во Битола и со Вардар 2000 дома... со Овче Поле мораат да победат со 9+ разлика (бидејќи Овче Поле победи во Скопје против МЗТ со 61:69)... додека пак, Овче Поле да не победи на последните два натпревари, со МЗТ дома и со Пелистер исто така дома... :toe:
 
I

InF3cTeD

Гостин
двете најдобри навивачки групи во кошарка моментално во Македонија на едно место, полиција колку сакаш, во салата нема место кај да застанеш, не па да седнеш на столче...
извини вака али ја само една навивачка група видов...друга ни видов ни слушнав...:toe:
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
извини вака али ја само една навивачка група видов...друга ни видов ни слушнав...:toe:
Точно дека оваа година Фемили се No.1, но како втора најдобра навивачка група во кошарка се ЦПБ (според мене) :toe:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.358
Поени од реакции
4.879
Ako mozi sliki da se postavat od koreografiite i parolite na navivacite od vcera! Oti A2:tapp:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
2.931
Поени од реакции
249
Ке има и тоа јас имам видеа.. :) уживај ке ги стаиме..!
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.790
Дури и Ереван Фуере свати дека вчера имаше само една навивачка група на трибини.. :pos2::pos2::pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom