Фан клуб: МЗТ Скопје

Член од
10 октомври 2008
Мислења
215
Поени од реакции
6
Во живо сме нешто друго!!!ДА....мајка ти знае најдобро какви сме во живо....сељачино
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Воуууу, се вжештила адмосверата овде. Па да, вие преку форум сте јаки мангупи, но во живо сте нешто друго. :smir:
Во живо сме нешто друго!!!ДА....мајка ти знае најдобро какви сме во живо....сељачино

Е баш го погоди дека е тежок љаксе .:wink:
 
Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368


Ало за спас на МЗТ Скопје

Клубот отвори телефонска линија преку која сите љубители на кошарката може да донираат по 50 денари како помош за клубот
Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром отвори телефонска линија преку која сите љубители на кошарката со испраќање СМС-порака може да донираат по 50 денари како помош за клубот кој се бори со финансиски проблеми. Ова е прв ваков случај во македонскиот спорт кога еден клуб бара спонзорство и финансиска помош на ваков начин. Бројот на кој може да се донираат пари за спас на МЗТ Скопје е 075/141-533, а од клубот најавуваат дека наскоро ќе бидат отворени линии и за другите два мобилни оператори. МЗТ на ваков потег се решил откако не најде заинтересирани кои би дале доволно пари за нормално функционирање на клубот.

- Точно е дека ја отворивме оваа телефонска линија, очекуваме помош. Засега функционира само бројот со префиксот 075, а планираме за 3-4 дена да се пуштат и броевите за останатите два оператора на мобилна телефонија. Со ова едноставно бараме да му се помогне на клубот, нам секоја помош ни е скапоцена и добредојдена. Веруваме дека ќе присобереме и повеќе навивачи. Не знам колку пораки ќе пристигнат, но би ги повикал сите што го сакаат клубот и му мислат добро, да помогнат со испраќање порака - вели директорот на клубот, Александар Петровиќ. Тој најавува повторно реактивирање на школата на МЗТ.

- Повторно почна да работи школата. МЗТ сака да му го врати стариот сјај на клубот, да биде она што бил некогаш. Мора да се работи со млади, сакаме школата да биде главниот расадник на играчи кои потоа би играле за првиот тим. Тоа е политиката на клубот. Во нашата сала почнува да работи фан-шопот - додава екстренерот на „штрковите“. МЗТ Скопје ги живее најтешките денови во своето постоење. Постоеше реална можност летоска клубот да згасне, но во последен момент се најдоа сили тој да се пријави за настап во Првата лига.

- Сезонава поентата е да се спаси клубот, тој да остане во Првата лига. Летоска клубот беше мртов, ние со навивачите го вративме во живот. Сегашното раководство гледа на подолг рок. Важно е да се опстане во елитата, ако влеземе меѓу првите 6, ќе биде успех, но во наредниот период се фокусираме на ревитализација на клубот - вели Петровиќ.

Во септември навивачите му дадоа безрезервна поддршка на клубот, кој пред 13 години го победи и големиот Реал Мадрид, има и четири титули во Купот на Македонија. Како морална поддршка за клубот, навивачката група „Фемили Аеродром“ во септември маршираше по улиците низ Аеродром, изразувајќи го својот револт за ситуацијата во која се најде нивниот миленик. Навивачите не сакаа да згасне единствениот спортски прволигашки колектив во ова општина. Сега МЗТ се наоѓа во долниот дел на табелата со само две победи од девет меча и ако нешто не се промени, му се заканува опасност, првпат во својата историја, да испадне од Првата лига на Македонија.http://dnevnik.com.mk/?ItemID=35E38C506E08E44CB1C922351EEA3342

МЗТ Скопје - Фени Индустри



а со посебно внимание да се изгледа третиот клип, НАПОМЕНА: МЗТ СКОПЈЕ изгуби со 47 разлика
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.069
Поени од реакции
74.743
Дефинитивно број еден во македонската кошарка. Штета што тимот е катастрофален :jaj:
 
К

Кумани Куманово

Гостин
Браво Фемили.Дефинитивно најдобри навивачи во сала и воопшто во Македонија последниве години.Посебно ми остава впечаток добрите изработени транспаренти и коцки.Едноставно оставате репер како треба да изгледа една квалитетна навивачка група.Само продлжете така.И ми се допаѓа што форсирате долги песни отколку кратки скандирања.
 

FamilyAerodrom

1996/97
Член од
2 февруари 2009
Мислења
283
Поени од реакции
7
на 3 от клип од 1.43 играчите и управата се враќаaт на терен каде што нивните солзи на лицето се видливи...

ЗАСЕКОГАШ ЕДНИ ЕДИНСТВЕНИ AERODROM FAMILY!
 
Член од
7 мај 2008
Мислења
2.818
Поени од реакции
368
МЗТ без пари, но со многу љубов
„Дојдовме да покажеме жив е МЗТ“ одекнуваше во салата „Јане Сандански“ и 20-ина минути по мечот, кој домаќините убедливо со 66-113 го загубија од фаворитот Фени Индустри. Иако МЗТ Скопје претрпе еден од најубедливите порази на свој терен во клупската историја, домашните навивачи покажаа дека се со клубот и во најтешките моменти. Мечот заврши, а „Фемили Аеродром“ не сопре со поддршката и уште 20-ина минути пееше бодрејќи го својот миленик.

Од атмосферата зачудени беа и гостите. Фени на теренот покажа кој е доминантен, кавадарчани беа задоволни од победата, но со чудење гледаа како домашните фанови не престануваа да навиваат. Иако поминаа 15-ина минути во соблекувалната да се пресоблечат, на излегување гостите, се' уште ја слушаа песната на домашните фанови. Играчите на МЗТ се вратија на теренот да се заблагодарат за поддршката од трибините, иако загубија со 47 поени разлика.

МЗТ е во тешка финансиска состојба, а во моменти кога ниту еден спонзор не сака да вложи во единствениот прволигашки колектив во општината Аеродром, клубот на различен начин се обидува да стигне до средства за основно функционирање. Отворени се дури и телефонски линии преку кои сите љубители на кошарката би сакале да му помогнат донирајќи 50 денари со праќање СМС. Пари за нови засилувања не може да се обезбедат, иако има играчи што сами му се нудат на клубот. Со екипата тренира и американскиот крилен центар Тери (36), кој претходно настапуваше во Холандија. Сепак поради беспарицата, не е сигурно дали МЗТ ќе се засили со овој Американец. МЗТ е на дното од табелата со само две победи во 10 меча.
 
I

InF3cTeD

Гостин
го читав овоа денеска во весник...секоја чест на Фемили дефинитивно се ЕДНИ И ЕДИНСТВЕНИ кој го сакаат клубот покрај лошите резултати...нека гледаат другите како се бодри и сака клуб и кога е тешко

ФЕМИЛИ :aplauz::cuc:
 
К

Кумани Куманово

Гостин
на 3 от клип од 1.43 играчите и управата се враќаaт на терен каде што нивните солзи на лицето се видливи...

ЗАСЕКОГАШ ЕДНИ ЕДИНСТВЕНИ AERODROM FAMILY!
Ајде бе сега и ти малку претеруваш со емоциите.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Ајде бе сега и ти малку претеруваш со емоциите.
Не претерува...нема зашто да се лажеме ...

Анте Дуковски плачеше после утакмица, исто како и двајцата срби во МЗТ . Имаше и други сигурно, али ја нив ги забележав...
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
90
Поени од реакции
70
Ако мислите само за кошаркарската тифо сцена тогаш да, дефинитивно најдобри сте кај нас на кошаркарската тифо сцена, оваа година прикажавте многу подобри изданија од цпб. Поздрав и продолжете така.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom