Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Симон Трпчески ги поддржа навивачите на КК МЗТ Скопје



Виртуозот на пијано од светски глас им даде поддршка на навивачката група Фемили Аеродром која ги повика органите на Македонската кошаркарска федерација да го пролонгираат рокот за консолидација на МЗТ Скопје, кој е синоним за македонската кошарка и спорт во целост
get



„Би сакал јавно да ја изразам мојата поддршка на навивачката група на КК МЗТ Скопје и на сите оние кои што се обидуваат да го спречат пропаѓањето на овој клуб. Како личност која што порасна во маало оддалечено педесетина метри од салата Јане Сандански бев очевидец на сите успеси што овој клуб ги постигна, како во првенството на поранешна Југославија така и во европски рамки по осамостојувањето на нашата држава, достојно презентирајќи го македонскиот спорт. И покрај тоа што денес професионалните обврски не ми дозволуваат почесто да ги следам неговите натпревари, огорчен сум од сето тоа што му се случува на клуб со традиција, клуб со кој се гордее и со кој живее општината Аеродром, клуб што во европски кошаркарски рамки е еден од двата најголеми наши брендови (заедно со КК Работнички) и клуб кој што Скопје и Македонија не смеат да дозволат да престане да постои. Затоа сакам да упатам апел до сите релевантни фактори (органи и поединци) да соберат сила и да најдат начин да го спречат бришењето на МЗТ Скопје од кошаркарската мапа на Македонија и Европа. Сигурен сум дека доколку го обезбедат натамошното функционирање на МЗТ Скопје, ќе им бидат благодарни сите досегашни генерации на играчи и навивачи на овој клуб, исто како што сум сигурен дека идните генерации што ќе ги бранат неговите бои ќе им се оддолжат со нови големи успеси на домашен и на меѓународен план.“, се велив о писмената поддршка што ја даде денеска македонскиот пијанист од светки глас Симон Трпчески.
Во петокот околу петстотини навивачи на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, вечерва се собраа пред трговскиот центар „Бисер“ во скопската населба Аеродром на мирен протест за да издејствуваат кај федерацијата продолжен рок за пријавување на екипите за претстојниот кошаркарски шампионат на Македонија.
 
ОФИЦИЈАЛНО !!!

Навивачката група Family Aerodrom го врати клубот во живот. МЗТ Скопје утре пријавува екипа !!!
 
ОФИЦИЈАЛНО !!!

Навивачката група Family Aerodrom го врати клубот во живот. МЗТ Скопје утре пријавува екипа !!!
Ајде, баш ми е мерак. Се најде некој спонзор конечно или што е работата?
 
FAMILY AERODROM се враќа на трибини,најдобрата навивачка група повторно на сцена ауф ауф што ќе биде тоа колку ли само луѓе ќе одиме во Луна Паркот ?:)
 
Але Мзт ти си живот мој,секогаш ти се верни ФЕМИЛИ АЕРОДРОМ !!! :smir: :smir: :smir:
 
Ех...да знаете колку само се израдував синоќа кога дознав дека МЗТ ќе продолжи во новата сезона, и дека начелно е договорен нов спознор!
Ете добрата вест се расчу и до Ресен !

Еве сабаљево гледам и на форумов истиот муабет, па да ви кажам право ова е единствена позитивна спортска вест колку-толку последниве 2 дена од цела Македонија!! БРАВО ПРЕСРЕЌЕН СУМ !!!

БРАВО ФЕМИЛИ, БРАВО МЗТ
....ОДИМЕ !!!!!!
 
crknete site dusmani....dokazavme koj se najdobri i go spasivme klubot...SE GLEAME NA TRIBINA
JAS TE SAAAAAAAAAAAAKAAAAAAM
JAS TE SAAAAAAAAAAAAKAAAAAAM
JAS TE SAKAM MZT !!!!!!!!!!!!1
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom